Ништо не изигравме бе, тапи бевме!
Баш ко шо мислев дека ќе биде, во средина НИКАКВА креативност, се одеше преку нафрлени топки кои одбраната на Депор од лесно полесно ги расчистуваше, само Робен се обидуваше во игра 1-1, уствари не беше 1-1 пошто цело време беше во најмала рака удвоен, и не знам како не се научи таа десната нога да ја користи, па сите го научија дека секој дриблинг му е на лево, еднаш не пројде салам, и кога ќе поминеше завршуваше со безвезален шут, он ја имаше и најубавата шанса, сам излезе пред гол ама додека се намести на лева си го умртви аголот.
Гути, кој Гути?
Ебате плејмејкерот цела утакмица ја помина на никакви долги топки, ама кога не знаеш шо да правиш и си без идеја ќе центрираш безвеза, епа ќе центрираш...
Па и Игуаин крило игра, леее ова најмногу ме изнервира, значи има ОГРОМНА разлика од Игуаин како шпиц и Игуаин како крило, и шо кур Шустер таму го става, уште ли не научи дека нема врска од таа позиција детето, поарно Дренте да играше.
Раул стандардно здрвен беше, како хајлајтс би му ги издвоил моментите на ракоплескање кон соиграчите, браво бе капитену, една мотивација шо добија тоа чудо едно е.
Руд е ѕвер кога има кој да му дава топки, Робен пробуваше ама сам и кога те маркираат минимум 2 не се може многу, сепак Руд сеуште го има осетот.
Диара беше солиден во дефанзивните задачи ама очигледно човекот треба да поработи на пасингот и на водење топка.
Одбраната и нафрлените топки, ахх, посебна приказна е тоа, кога дочекавме некојси Лопо да ни ги натскокува двата стопери, јасно е се.
Првиот гол го примивме од претходно санкциониран непостоечки фаул на Пепе, инвалидот Миста ни ја надскока цела одбрана.
Вториот исто од прекин (корнер), кој само да напоменам играчите на Депор го изнудија од Хајнце иако беа на 30-40 метри од него, и тука се јави мистериозниот ЛОПО, со небесен скок ги стави во мал џеб Пепе и Рамос.
Инаку добро ги спречувавме контрите на Депор, ама на прекините одбраната ќе мора СЕРИОЗНО да поработи, вака секој натпревар ќе не полнат.
А што е уште потрагично Пепе на крајот го повреди коленото, ги доигра последните 3-4 минути ама се гледаше дека е во болка човекот, да се надеваме дека не е ништо сериозно.
И не ми е толку за поразот, јасно ми е дека е почеток на сезона и има уште катаљон утакмици за играње, ама губиме на ист начин како и лани бе, тоа ме фрустрира, ние наместо да учиме од грешките, само ги повторуваме, АМАН ШУСТЕР СМЕНИ НЕШТО!