Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Eto карбон салут де шампион . толку имам за ето да речам
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Шустер го сакал ама Калдерон рекол нема шанси :)
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Салгадо: "Can you imagine Samuel Eto'o returning to Real Madrid?
I don't like to talk about speculations. I can talk about Cristiano Ronaldo because I know people are very interested in the matter. I can also talk about Van der Vaart, but I will not feed speculation. I don't know what's going on."

Значи се е јасно. Тоа говедо ке се врате во реал. lol
 

mite-vk

Hala Madrid !!
Член од
25 јули 2008
Мислења
23
Поени од реакции
0
Eto to Calderon: Take me to Madrid! Please, president, do what you can. What happened in the past is already forgotten and I have many friends there. If you bring me to Madrid, I'll be very happy."
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Eto to Calderon: Take me to Madrid! Please, president, do what you can. What happened in the past is already forgotten and I have many friends there. If you bring me to Madrid, I'll be very happy."
Но сепак нема да дојдее Калдерон не го сака
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Нека моли сега..а ко беше главен во Барселон јадеше шо не треба за Реале па така е то :)
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Ето првин го замолил Калдерон да дојде во Реал, па после претседателот излезе со изјавата дека нема шанси ако не верувам дека тоа го милсеше Калдерон.

Чим можевте да го донесете Фиго и никој да не се буни не гледам причина и за Ето да пристигне на Бернабе.

И не заборавајте вие го донесовте во Шпанија
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Да да али не заборава дека и тој мн кењаше по медиуми додека играше за Барса!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Голема е разликата од случајот Фиго до случајот Ето КАРБОН
 
В

Вори

Гостин
Скандалозните зделки на Сер Ферги


Човекот кој годинаа фрла со "дрва и камења" по Реал (М) и претседателот на овој клуб Калдерон, дека му "врбува" играч (Кристијано Роналдо) и дека сака на нелегален начин (без негов "амин") да му го земе, зад себе име неколку скандалозни трансфери, кои самиот тој ги реализираше. Ако на нив се надоврзе и овој последен кој може да се реализира секој момент, трансферот на Бербатов од Тотенхем за кој "Спарси" не сакаат да слушнат, станува јасно дека Даниел Леви не погрешил многу со својата психолошка анализа на личноста на Сер Алекс. Во продолжение, светските меидуми се потсетија на неколку навистина скандалозни зделки кои Ферги ги направи во минатото, а кои, за воља на вистината, не се разликуваат многу од овој на Бербатов...

Руд ван Нистелрој

"Самиот предлог на Руд да се пресели во екипата на Манчестер Ј. по повредата беше скандалозно", се присетува тогашниот претседател на ПСВ, Хари ван Рај.

"Тој тврдеше дека само сака Руд ван Нистелрој да тренира со неговата екипа, а јас прашав, па зошто не го купи претходната година?", дополни Ван Рај.

Ван Нистелрој требаше да замине во Манчестер Ј. во 2000 година, но претрпе сериозна операција на коленото и "црвените ѓаволи" се откажаа од него. Фергусон година подоцна, повторно ја врати старата тема и сите почнаа да велат, колку добар потег направил Фергусон со тоа што по една тешка сезона го донел Ван Нистелрој во Јунајтед.

"Единствено што направи е што му се јави двапати да го праша како е. Е така работи Фергусон, а не јас", дополни претседателот на ПСВ. Тој не го криеше своето разочарување кога го загуби голгетерот. Тој уште тогаш го обвини Ферги за нарушување на границите на пристојноста и дека се замислува дека тој е кралот на фудбалот.

Јап Стам

Секако, пред аферата со Руд, шефовите на ПСВ имаа проблем уште поголем со трансферот на дефанзивецот Јап Стам. Управата на клубот беше под голем стрес од начинот на кој Манчестер Ј. се обиде и потоа им го зема Стам. Холандскиот репрезентативен бек за медиумите по трансферот призна дека цело време контактирал тајно со луѓето на Фергусон за да не разберат во ПСВ. Агентот на Стам, Том ван Дален, тогаш ја договорил средбата со Ферги која се одржала во близина на аеродромот во Амстердам. Плашејќи се да не разбере ПСВ, Ферги и Стам не сакале да се сретнат во некој хотел. Одржале една кратка средба по која Фергусон само му кажал: "Јап сакам да играш за Манчестер Ј."

Давид Белион

Можеби на ова име нема многумина да се сетат, но неговиот трансфер на "Олд Трафорд" нема да се заборави. особено нема да го заборават момците од Сандерленд. Имено, во времето кога Белион беше во игра да се пресели во Премиерлигата се крена голема прашина. Тогаш претседателот на Сандерленд, Боб Мери, го нарече однесувањето на Манчестер Ј. "подло, жално, невоспитано, арогантно и непрофесионално."

Двајт Јорк

"Секој друг ќе беше строго казнет за едно вакво однесување", мрмореше менаџерот на Астон Вила, Џон Грегори, додека сер Алекс Фергусон, во јавноста ги коментираше квалитетите на ѕвездата на тимот, Двајт Јорк.

"Тој не крие дека сака да ни го земе Јорк. според мене тоа е многу страшно, затоа што тој отворено пред медиумите зборува како тој да е негов аграч, а Јорк има договор со друг клуб", дополни Грегори.

Менаџерот на тимот од "Вила Парк" не сакаше да чуе за продажба на репрезентативецот на Тринидад и Тобаго, затоа што Астон Вила се бореше за влез во Лигата на шампионите. На крај, самиот Јорк (по асистенција на Ферги) поднесе молба за трансфер.

"Ако имав пиштол ќе го застрелав", беснееше Грегори. Потоа Јорк демонстративно одби да игра за Астон Вила. Тоа Ферги и го чекаше. Предложи 12,6 милиони фунти и го "лапна" напаѓачот.

Пол Инс

Скоро 20 години изминаа откако Пол Инс го напушти Вест Хем и замина во Манчестер Ј. Некои работи, се уште добро се помнат. На пример, како најдобриот фудбалер позира со дрес на Манчестер Ј. пред трансферот и официјално да биде склучен. Самиот Инс тврди дека нема никаква вина за овој скандал.

"Зборував со Алекс Фергусон. Зделката се подготвуваше, но одлуката беше негова за презентацијата", призна пред новинарите Инс.

Подоцна од Манчесер Ј. изјавија дека идејата не била да се стави црна дамка врз трансферот, туку напротив, да го ослободат Инс да оди на одмор и да не мора да се враќа за официјалното фотографирање. Фановите на Вест Хем беа бесни. Инс се правдаше дека не е виновен, туку тоа било одлука на неговиот агент. И денеска, фановите на Вест Хем му го немаат заборавено ова на Инс.



На Калдерон му вика дека е арогантен и такви ствари,дека го барал Гејналдо,а усвари не е свесен кои мучки ги има направено,тоа е .....
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Абе сите знаат за вакви мучки на Алекс само еве се нашол новинар да ги спои во едно ама џабе ке докажуваш за Ман Утд-овците САФ и светец ке го прогласат.
 
В

Вори

Гостин
И да направи грешка Фергусон,тие никако не признаваат,како што викаш ти светец е за нив,ама ај да не се замараме со нив и пак ова е фанклуб Реал Мадрид.Позз:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom