Мурињо:"Секогаш е подобро кога си на врвот"
Жозе Мурињо одржа прес-конференција во рпесрет на дуелот со Спортинг Хихон. Португалецот го отпиша Арбелоа за Хихон, најави дека Кака ќе биде на клупата, а Нури Сахин ќе биде замената за Чаби Алонсо во стартната постава. Посочи дека:"Секогаш е подобро кога си на врвот на табелата. Ти дава мала предност и го намалува притисокот."
"Многу ме радува ментал
итетот во соблекувалната. Луѓето знаат дека играме посамоуверено, со повеќе желба и мотив, од минатата сезона. Но, не гледам многу разлика од времето кога бевме втори на табелата и сега. Екипата покажува зрелост, разновидност, трпение. Што и да се случи против Спортинг, остануваме мирни, следејќи го напиот пат."
Mурињо не сакаше да се задржува околу полемиката за случајот Пике-"Моето мислење за тоа не е важно, треба да ги запрашате за тоа поголемите авторитети во европскиот фудбал од мене, како Платини, Блатер, Колина, новинарите...". Додаде и дека за Класико на 10 декември во моментов не се размислува:"Имаме 3 поени повеќе од вториот, не 6. Таква е ситуацијата моментално. Затоа сакаме да победиме утре. Знаеме какви се натпреварите во Ла Лига, и ако една екипа постојано победува, не значи дека секогаш ќе биде така, можеби на некој од следните натпревари ќе одиграме нерешено или ќе изгубиме. Кога ќе се случи тоа, нема да правиме никаква драма, туку ќе продолжиме смирено."
"Чаби е еден играч многу важен за екипата. Но нема да игра, и мора да игра друг играч. Цела недела работиме напорно за да најдеме солуција за еден така важен играч како Чаби."
"Не мислам на Барселона. Мислам само на Хихон, а потоа на Ајакс. Во Амстердам сакам да им дадам шанса на луѓе, кои досега не играа многу. Па дури потоа ќе размислуваме за Барселона."
Мурињо нагласи дека не очекува агресивност од играчите на Спортинг:"Со Атлетико немаше агресивност, агресивноста е друга работа, мене тоа ми се допаѓа. Знаеме дека во Хихон не очекува тежок натпревар, како што беше и лани. Многу тешко е еден дефанзивец да одигра 90 минути без да направи ниту еден фаул, речиси невозможно. Но, има фаули и фаули, акумулација на фаули. Има жолти картони, црвени, и судии на натпреварот. Ме загрижува тоа што ќе биде тежок натпревар за игра, а не фаулите."
Исто така, проговори за своите играчи, околу тоа кој би можел да настапи утре во стартниот тим:"Сахин е во својата претсезона. Но, веќе играше 90 минути со Динамо. Спремен е за игра, и ќе настапи. Кака ќе биде на клупата. Имаше една добра седмица, тренираше доста добро. Мојата намера е да игра, зашто мислам дека ќе ни биде потребен. И со Ајакс, ќе биде стартер, за да се врати во ритам. Карваљо тренираше добро, исто како и Кака, и требаше да биде на клупата утре, а да игра со Ајакс од почетокот. За жал, во една најобична акција со Каљехон, се здоби со повреда, и ќе го нема уште 2-3 недели, овој пат поради коленото. Лоша среќа. Арбелоа вчера не тренираше заедно со групата. Нема да игра со Хихон, но очекувам да игра против Ајакс сигурно."