Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во интервју за весникот Ел Мундо Депортиво истакнал дека неодамна имал средба со тренерот Жозе Мурињо на која, португалскиот тренер потврдил дека и во следната сезона ќе седи на клупата на Кралскиот клуб.
На состанокот било договорено во текот на јануарскиот преоден рок да се ангажираат уште двајца фудбалери кои дополнително би ја засилиле екипата, а станува збор за десен бек и фудбалер од средниот ред.
Перез потенцирал дека е задоволен од работата на Мурињо и дека приоритет е освојување на трофејот во Примера и прекин на доминацијата на најголемиот ривал, Барселона.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- За десен бек, во ред, го очекувам Маикон, гледам дека Интер имаат негова копија... ![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
ама не ја сфаќам потребата за играч од средниот ред.