Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Реал Мадрид се подобри од секој аспект со Рамос како централен бек !!

Пред 2 години Серхио Рамос им призна на своите блиски пријатели дека често има сомнежи околу неговата игра како десен бек во Реал,поради големата офанзивност на целата екипа:"На Мундијалот играв одлично на таа позиција,десен бек,во Мадрид,и не толку добро".Но, желбата на Мурињо да се доведе Маикон не беѓе остварена и Серхио продолжи на старата позиција.

И сега, оваа сезона, Мурињо го најде она што долго време го бараше. Со Рамос како централен бек, Реал Мадрид се подобри во поседот на топката, има повеќе простор да врши пресинг уште на противничката екипа, и многу помалку страда назад во одбраната. Оваа сезона, Серхио има 8 натпревари на централната позиција, и 6 на десната.И статистиката покажува дека со него како централен бек, Реал Мадрид е подобар во сите статистички категории, посебно во успешните пасови и поседот на топката.

Потенцијалот на Рамос дава една нова димензија во средниот ред, која што ја немаше со Карваљо на централната позиција. Севиљанецот нема страв да истрча повеќе метри на противничкото поле и да игра во зоната за креација, дури и пред Чаби Алонсо. За пример, со Осасуна, Рамос му подаде 12 топки на Чаби, и доби дури 17 од него, додека Пепе му подаде 8 на шпанскиот репрезентативец, а доби 9 од него.

Реал Мадрид уште од галактичката епиха страдаше во одбраната, тогаш предводена од Иван Елгера. Екипата тогаш беше поспора и поразредена во некои ситуации кога требаше да се игра дефанзива. Истото се случуваше и со Канаваро на стоперската позиција. Додека сега, Пепе и Рамос ја преместиа дефанзивната линија уште понапред, поблиску до средината на теренот, и со многу доверба играат постојано пресинг игра. Па така, многу топки се одземаат уште на противничкото поле. Освен тоа, брзината на Серхио Рамос кој многу покрива назад, посебно на левата страна, му дозволува на Марсело многу повеќе офанзивна улога како и го растеретува малку од обврски Чаби Алонсо.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Ibrahimovic: ''I asked Barcelona for Real Madrid move but they said no.
In his autobiography of his book, Ibra wrote: "Rosell said: 'I understand the situation. Which club do you want to join?' I replied: 'Madrid.' Rosell replied: 'That is not possible. You can go anywhere but there.''
 

Mos

Дон
Член од
19 ноември 2010
Мислења
606
Поени од реакции
95
Пепе изгледа не слушнал ко викале Босанциве ‘‘Меси,Меси‘‘,инаку...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Сарабија кога има со кој да игра, покажува одлични резултати. Во Гетафе не прочитав нешто посебно да се покажал. Многу очекувам од детево.
Идиотите не го играат, ни него ни Мигелито. Двајцата им киснат на клупа а играат некој забегани...
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.919
Поени од реакции
30.896
Идиотите не го играат, ни него ни Мигелито. Двајцата им киснат на клупа а играат некој забегани...
До сега има играно на 7 натпревари, вклучувајќи ја и таа против Реал.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Мурињо му порача на Нејмар да заборави на Реал Мадрид !!!

Иако португалецот го посакуваше Нејмар во своите редови, неговото несовесно однесување го изнервира и испровоцри и сега не сака ни да чуе веќе за негов ангажман. Тренерот на Реал е разочаран од однесувањето на бразилецот кој си игра топло-ладно и постојано дава различни изјави. Еден ден го сака Реал, другиот ден Барселона, третиот сака да
остане во Сантош цел живот.....и ниту еднаш не покрена иницијатива спрема неговиот клуб Сантош, да побара трансфер во Реал. Мурињо смета дека играчите кои сакаат да играат во Реал, треба да се борат за тоа, и да им кажат јавно на своите екипи дека бараат трансфер во Реал, како што го направиа тоа повеќето играчи од сегашниот тим на Реал пред доаѓањето во Мадрид:Озил, Ди Мариа, Кедира, Чаби Алонсо, Арбелоа, Коентрао, Сахин итн....

Мурињо не го сака имиџот на Нејмар, кого што го нарече и "разгалено петле", не му се допаѓа тоа што се прави голема звезда иако е на почетокот на својата кариера и нема освоено речиси ништо. За пример ги посочува Месут Озил и Анхел Ди Мариа кои се повлечени и мирни момчиња, иако се вбројуваат меѓу најдобрите во светот на нивните позиции, но не се перчат, и не се прават звезди од прва класа. Со новото продолжување на договорот, Нејмар си обезбеди плата која е поголема од она што го добива Икер Касиљас во Реал. Па така од клубот се едногласни дека немаат намера на играч како Нејмар да му дадат поголема плата од капитенот кој цел живот игра во Реал, и е најдобриот голман во светот.

Иако порано многу се посакуваше бразилската звезда, сега Мурињо и челниците на клубот веќе го заборавиа, и не го сметаат во своите планови за иднината. Дали нешто би можело да се промени, останува да видиме.....

Најголем лајк!!
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.919
Поени од реакции
30.896
^ линк за ова.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Florentino ќе го претвори во реалност она што го планираше пред 6 години, кога се отвори ‘Спортскиот град Real Madrid‘. Речиси е готов планот за изградба на резиденции во кои во најдобри услови ќе можат да живеат сите оние кантеранос кои не се од Мадрид, но и каде што играчите од првиот тим ќе можат да се одмараат. Ќе се изгради и хотел кој играчите од првиот тим ќе го користат како ‘карантин‘ пре
д натпреварите дома. Остатокот од 1милион км2 големиот терен кој е во сопсвеност на клубот и на кој се наоѓаат тренинг терените Valdebebas конечно ќе се пополни. Изградбата се планира да започне во првата половина од следната година. Pèrez сака доизградбата на Спортскиот град, како и реновирањето на Bernabéu да бидат во напредна фаза пред крајот од неговиот мандат во јуни 2013.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom