Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.075
- Поени од реакции
- 7.680
Се распрашав и врска нема муабетот туку така си пишат вои од страната да бидат само интересниВо конкуренција со Новаци и Победа Џуниор
па дури и со 11ти октомври...
,батето бил пред потпис со Пелистер-ЛАЈК
Ај баш да видиме кој е чкртнат во тој список на засилувања на Шеровски...
Можи ќе не изненади со некоја трансфер вторологашка бомба(I DOUBT IT)
![]()
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
21 NOVEMBER 2011
Екипата на Пелистер е поразена на теренот на најголемиот конкурент за првото место и за пласман во Првата лига, екипата на Миравци.
![](http://www.informator.ws/images/2(45).jpg)
Иако натпреварот беше изедначен и двете екипи создадоа шанси за постигнување на гол, сепак посреќни беа домаќините кои со само еден постигнат гол остануваат најголеми конкуренти за пласман во Првата лига.
-Одигравме добро, но неискуството и лошата селекција на фудбалери кои сега ја има Пелистер доведоа до тоа да не успееме да се снајдеме на теренот во Миравци и оттаму да се вратиме со бодови. Но, тоа е тоа и ние како што рековме и претходно, мораме во иднина да поработиме на нови засилувања, кои му се повеќе од потребни на Пелистер, рече спортскиот директор на Пелистер, Сашо Здравевски.
Екипата на Пелистер во наредното коло ја пречекува екипата на Гостивар која исто така има аспирации по оваа сезона да биде прволигаш.
-Ние со загубени шест бодови на две средби, немаме алтернатива, туку ни останува само в недела на свој терен да победиме и да прокнижиме три бодови кои сега ни се повеќе од потребни. Имаме силен мотив, кој мораме да го искористиме и да се приближиме кон првото место кое толку силно го посакуваме, вели Здравевски.
По 13 кола Пелистер е на 6 место со 22 бодови.