Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Очигледно имамо паре за фрљање,ама ако ферги решил да го земе,сигурно нема утка.
 
Што е многу со париве многу .. Претерана цена е ова! не 30 мил него 40.. многу е.. а и плус за некој кој не е докажан .. и има само 19 год.. Истиве пари би ги дал и за лиглето Нејмар. да не му беше животен сон да игра во реал или барселона!
 
Emirot od Katar ke dojdese za parive ne pa kopuk od Brazil.
Ок се согласувам од една страна викамо неамо паре за фрљање,а од друга страна па еве давамо многу паре за некој уште не докажан фудбалер.Ама ете ја лично верувам у ферги,иако помило ќе ми беше да дојдеше модрич,ама што е тука е.
 
Штом толку загризале за Мура можеби навистина вреди детето,Фергусон ретко да промарши трансфер.
Велите не плаќа за Модрич,а плаќа за Мура... па можеби мисли дека Модрич не вреди за тие пари,а и не е само парите дај ги и толку,се сеќавате за Бербатов цело лето се "пренемагаја" да извлечат што повеќе пари,па Фергусон не е барбика да го играат како што сакаат,односно да земаат пари колку што сакаат.
 
Абе не е тоа за Модриќ ќе ги дадеше, може тој нејќе да игра тука, што да прават нашиве...
 
Абе не е тоа за Модриќ ќе ги дадеше, може тој нејќе да игра тука, што да прават нашиве...

Можеби, можеби е нешто друго не можеме се да знаеме до детал. :)
Сепак то е то штета што одбра погрешен клуб.
 
На СпортКлуб+ ја даваат Манчестер Јунајтед - Арсенал 8-2 Пројде 12 време е за порничи :drk:
 
Не, не навлагам во тоа прав или погрешен, ама глупо ми е кога ќе се запне, за тие пари овој или за тие пари оној. Може не му се игра тука како што на Кагава не му се играше во Реал и Интер или како Џонс и Јанг што не сакаа да играат во Ливерпул (ок, во Ливерпул да сакаш да играш моментално треба да ти фали нешто во главата, but still)
 
Не ми е гајле што фрлат 40м туку се нервирам што ги фрлат на некој недокажан копиљ кој можеби нема никогаш да ги оправда тие пари.
Еве кога би дале толку за Модриќ, Де Роси.. кој се играчи во најдобри години и веќе докажани (иако не е тоа репер дека и тие би ги оправдале парите) и ја покриват нашата најзагрозена позиција во тимот или би можеле да земеме повеќе играчи за тие пари, пример Бејнс + Дембеле, Бејнс + Витсел, Бејнс + Видал (овој ми го прави кефот па затога го пишам знам дека нема шанси да дојде) ние фрламе 40м на 19 годишна бразилска фудбалска надеж кој позициите на кој игра сме добро покриени. Не ми е логично.

Во случај да го земат ќе ја има мојата подршка и се надевам дека ќе прерасне во светска класа играч и ќе го оправда секое евро но не сум ич оптимист за детево.
 
Сеа читам, овие од Сао Паоло клубот имале уште месец дена додека им истече сопственоста на тие 80 посто од правата на Лукас, така да мора за месец дена најкасно да го продадат ако сакаат да земат толкави пари. Ова ќе потрае :facepalm:
 
Видете реално на работите ние за 20+ напраивме 86,3 споменици од бронза, детево за 40+ сигурно е од злато + знае да шутира топка...

Дур даваат зимај, коа тепаат бегај.. многу добра поговорка

пс. мене ми е страв само и Сити да не се умеша у ова.. пошто рипна нафтата за 5 денара сношти
 
Кој сака нека се умеша сумата од 40 милиони за помочкото нема шанси да ја надмине некој..
Прати ситуација, Интер даваат мах 20 милиони, а ние дупло повеќе и овие ја одбиваат понудата, не ми иде у глава дека е точно ова пошто на ниеден јак сајт не прочитав дека сме дале 40 милиони, освен на трибал или тие бразилските глупости.. во случај да е точно ова, господ нека ни е напомош! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom