Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Сите нопко, јас тресене. :)
На мене ми се ареса дресо, искрено, исто как сите други до сега шо биле. Не е еднобоен скроз. А јас сам 100% сигурен дека тие линии нема да бидат толко изразени (как на сликата) коо ќе го погледнете у живо и речиси нема да се примеќа оти е коцкаст, а не па да личе на мушама. Па и секој крај на сезоната, коо тема се биле дресовите е истио маабет, така да, не ни примеќам шо пишате. Сигурен сам оти ќе почнете брзо да се предомислувате, и оти коо ќе видете как му стоо на другарчето шо исто навива за Јунајтед, ќе си купете и еден за шетане, не само за по дома и спиене. :)

Туку, мака ми е шо Болтон изгубија 2 боода некни. Наште шанси ќе беа пореални за разлика од тие сега. Ипак и Стоук ќе бидат гола вода. Првата петарда примаа мислам, сега им е доволно и еден за да изгубат. Така на КПР оште толко ќе му горе под нозе, па ќе се фокусират и они на боодо, башка шо Хјуз е наш човек (се надевам не как тие од Евертон), така да, има надеж, голема надеж. Баш ме интересира дали Сити се толко глупи и толко психички слаби за да изгубат титула у последно коло. И баш ме интересира шо ќе направе Сисе ако КПР отпаднат или дали Македа ќе има шанса да ги реше. :)
Најголема пропуст на фан на Јунајтед беше некни да не га изигра Сити 2ка за цела заштеда, а јас тва мислам никојпат нема да си го простам. Ама толко голема верба имам у таа титула шо сега Сити и 16коеф да имат не би ставил ни 100ден! BELIEVE (even if we fall)! :)
 
305523_292409657512824_149303895156735_624592_1726166688_n.jpg

На пример на сликава и не изгледа така лошо.
Добро рече ziak92, чекајте прво да видите како им стои.
Јас сум единствениот што мисли дека овие дресови ќе бидат едни од подобрите во последните години. :D
 
И јас сум у групата "3-4 члена над мене" :D
Ми се допаѓа дресот, немам ништо против... Би си купил одма штом испаднат... :)

Фросе, уште ти го паметам постот после првиот натпревар на Јунајтед на турнејата во белите резервни дресови (како на Сао Паоло :D)... Тогаш дури и се заљуби во Овен :icon_lol:
 
Најголема пропуст на фан на Јунајтед беше некни да не га изигра Сити 2ка за цела заштеда, а јас тва мислам никојпат нема да си го простам. Ама толко голема верба имам у таа титула шо сега Сити и 16коеф да имат не би ставил ни 100ден! BELIEVE (even if we fall)! :)

Па не на цела заштета, ама заедно со Јуве и ПСЖ на 1000-ка и извадив за пола одмор у Охрид! :icon_lol:
 
Шо сте запнале у дресот демек ако носат "грд" дрес нема да играат убаво, мене не ми смета дресот...
 
не е лош ама кога ќе видам V на врат е тоа ептен ме боде во очи !!!

А која буква ја претпочиташ? :D Или неќеш да ја гледаш љубовната јамболија на Руни?
 
А која буква ја претпочиташ? :D Или неќеш да ја гледаш љубовната јамболија на Руни?
едноставно никогаш не би носел V на врат ... ептен грдо е !!!
 
Се појави шпекулација на Твитер дека Кагава ќе потпишел нов договор. Фросе твој реон е ова, дај нешто поконкретно. Кагава останува во Дортмунд, Сити го купува Хазард и го враќаме Бебе од позајмица :eek:
 
не се секирај, Гаитан сака у Јунајтед и чека да се договориме со Бенфика :icon_mrgr:
 
не се секирај, Гаитан сака у Јунајтед и чека да се договориме со Бенфика :icon_mrgr:

Од тоа и се плашам...Ама демантот што го имаа MUTV кај Креранд во емисија ме прави поспокоен :)
 
Се појави шпекулација на Твитер дека Кагава ќе потпишел нов договор. Фросе твој реон е ова, дај нешто поконкретно. Кагава останува во Дортмунд, Сити го купува Хазард и го враќаме Бебе од позајмица :eek:

Не верувам да потпише нов договор, Кагава уште во 2010 кажуваше дека сака да игра во Англија и дека еден ден ќе си оди од Борусија. Исто така, пред некој ден јавно во медиумите го критикуваше Левандовски дека бил себичен на теренот и дека не подавал, играл за своја слава. Шансите да потпише нов договор според мене се 1%, дури и Igorcemk (фанот на Дортмунд) кој живее во Германија ако добро знам вели дека ќе си оди Кагава :)
--- надополнето: 8 мај 2012 во 23:07 ---
П.С. Глупости биле, некој акаунт со 26 followers , од таму потекнува тоа. После 12 мај ќе се знае се како и што си беше првично :)
 
Земајте го побрзо ГаЈтан,пошо наводно и Интер биле заинтересирани за него :eek:
Многу исфорсиран играч...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom