Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ако е за 7 милиони тогаш тоа е кражба, но со оглед дека влегува во последна година од договорот изгледа пореално :)) Сепак едвај чекам да дојде во Јунајтед, гледајќи го Дортмунд оваа сезона би рекол дека Кагава е вистинскиот мотор кој ја забрзува играта и тоа е тоа што ни фали нам во средниот ред, брза трансформација во нападот каде Руни нема да има потреба да се враќа и да го прави тоа :)
 
Toгаш Руни што ќе прави?

Ќе се фокусира повеќе на головите :) Секако дека неговиот темперамент ќе го тера да се врати да помага, но кога ќе има брзина во играта како што имаше на почетокот на сезоната, тогаш Руни е многу опасен. Види статистиката што вели во првите натпревари каков беше скорот на Руни благодарение на брзината на играта на Андо и Клеверли (штета што се неконстантни и се повредуваат).
 
MUFC are expecting to announce the signing of Kagawa for £7m from Dortmund within days. 3 year contract, £95k a week. 4 times what he's on.

Ај баш да видиме.
 
Ако дојде Кагава.. тогаш Гаитан зашто би доаѓал? Сигурно тогаш нема да игра средина...
 
Ако дојде Кагава.. тогаш Гаитан зашто би доаѓал? Сигурно тогаш нема да игра средина...

Лево крило ондак, ни фали левак во екипа, Парк ќе си оди најверојатно, Гигс има 40 години (се разбира ако дојде тој и Парк си замине е ова).
 
И лев бек некој да се земе, јас сум сигурен дека Евра боље ќе игра ако се ротира со некого.
 
http://eurosport.yahoo.com/football/manchester-united/
Most Used Players

Patrice Evra 3,059 min
Wayne Rooney 2,668 min
David De Gea 2,430 min

Малце не е фер што јадеме бурек за Евра. Веќе има 30-31 години, не паметам сезонава барем у ПЛ да играме без него, не знам ни дали бил заменет.. А факт е дека бековите трчаат од едното до другото корнер знаменце.. Така да ете кај лежи зајакот.
 
Kaгава за 7 милиони е одличен трансфер.. За никакви пари добиваме брз фудбалер, кој знае да дава голови, да асистира, да разигрува и плус шутира одлично со двете нозе.. Дај боже што побрзо да се оствари трансферот, јас лично очекувам многу од Кагава.. Исто така очекувам да изградат супер партнерство со Руни и да кинат низ Англија, па и Европа наредните години..

Тука е Клеверли, кој исто така е брз и технички спремен фудбалер.. Само наредната сезона нека ни биде здрав и жив.. За Гаитан сум неутрален најискрено.. Ги имаме Јанг, Нани и Валенсија за по крилата.. И Гигс, ама веќе Гигс неможе да прави продори како на времето.. Сигурно е добро да се донесе уште едно крило, левак, па да ги обезбедиме крилата за наредните сезони.. Но и да не успее трансферот нема да ми е кој знае колку мака.. Побитно според мене е да се донесе еден "Сколс играч".. Човек кој ќе ја држи средината, бидејќи таму сме многу слаби моментално.. Секоја чест на Керик и неговите игри оваа сезона.. Ама и тој е 30+, па сигурно ќе ни треба добра замена за таа позиција..
Клеверли --- Сколс/Керик​
Валенсија------------------------------------Нани/Јанг​
Кагава​
Руни​
Ако играме нешто во оваа смисла, со Кагава како полушпиц.. Формацијата изгледа одлично.. Ама повреди, ова она и мора замена на средината.. Еве да речеме Клеверли, Сколс и Керик се повредени или им треба одмор.. И тука иде проблемот.. Андерсон е вечно повреден, судбината на Флечер не се знае, Погба е млад и неискусен.. Па не гледам ниту една замена.. Освен Џонс, кој повеќе би ја играл дефанзивната улога на Керик... Но како и да е, нема да е лошо да се донесе фудбалер кој ќе разигрува и ќе може да опне една прецизна дијагонала на Валенсија, со што веќе имаме 90% гол..​

Едит: И да, по можност да е искусен фудбалер.. Уопште не ми е битно дали е + или - 25 години.. Битно е да има пројдено важни утакмици во текот на неговата кариера и да не се посере кога ќе треба да игра против европските гиганти..
 
Ова сега ли го кажал или? Зошто памтам и пред година дена велеше вакви работи, да не е стара изјава откопана од нафталин.

Не,ја најдов на твитер башка се сеќавам на изјавата од лани ама таа не беше толку директна.
 
Додека Тајмс или Телеграф не објават нешто, јас не верувам ни во Твитер шпекулации ниту од други весници. Последно од Телеграф е дека тој ја одбил последната понуда од Дортмунд и дека 99% ќе си замине во Англија, а играчот рекол дека ќе реши за својата иднина по последното коло во Бундес лигата викендов. Ако е вистина таа сума од 7м што се споменува тогаш Кагава може да биде зделка слична како таа со Чичарито. Ама после Бензема, Озил, Снајдер и нивните трансфер саги кога беа поврзувани со нас, овојпат би се држел резервирано.
 
Kaгава за 7 милиони е одличен трансфер.. За никакви пари добиваме брз фудбалер, кој знае да дава голови, да асистира, да разигрува и плус шутира одлично со двете нозе.. Дај боже што побрзо да се оствари трансферот, јас лично очекувам многу од Кагава.. Исто така очекувам да изградат супер партнерство со Руни и да кинат низ Англија, па и Европа наредните години..

Тука е Клеверли, кој исто така е брз и технички спремен фудбалер.. Само наредната сезона нека ни биде здрав и жив.. За Гаитан сум неутрален најискрено.. Ги имаме Јанг, Нани и Валенсија за по крилата.. И Гигс, ама веќе Гигс неможе да прави продори како на времето.. Сигурно е добро да се донесе уште едно крило, левак, па да ги обезбедиме крилата за наредните сезони.. Но и да не успее трансферот нема да ми е кој знае колку мака.. Побитно според мене е да се донесе еден "Сколс играч".. Човек кој ќе ја држи средината, бидејќи таму сме многу слаби моментално.. Секоја чест на Керик и неговите игри оваа сезона.. Ама и тој е 30+, па сигурно ќе ни треба добра замена за таа позиција..
Клеверли --- Сколс/Керик​
Валенсија------------------------------------Нани/Јанг​
Кагава​
Руни​
Ако играме нешто во оваа смисла, со Кагава како полушпиц.. Формацијата изгледа одлично.. Ама повреди, ова она и мора замена на средината.. Еве да речеме Клеверли, Сколс и Керик се повредени или им треба одмор.. И тука иде проблемот.. Андерсон е вечно повреден, судбината на Флечер не се знае, Погба е млад и неискусен.. Па не гледам ниту една замена.. Освен Џонс, кој повеќе би ја играл дефанзивната улога на Керик... Но како и да е, нема да е лошо да се донесе фудбалер кој ќе разигрува и ќе може да опне една прецизна дијагонала на Валенсија, со што веќе имаме 90% гол..​

Едит: И да, по можност да е искусен фудбалер.. Уопште не ми е битно дали е + или - 25 години.. Битно е да има пројдено важни утакмици во текот на неговата кариера и да не се посере кога ќе треба да игра против европските гиганти..

тука стапуваат Јанг или Гаитан ако дојде, Андерсон слушнав дека ќе идел најверојатно летово ( иако мислам дека има уште што да докаже само по можност да не е повреден ама ќе има и поголема конкуренција така) и дека ферги го сакал новиот 'Роналдо' од Порто или Џ.Родригез и што не, едноставно ќе биде интересно лето....
 
Еве ја изјавата на Кагава дека ќе одлучува за иднината после финалето во купот на Германија... Ама овие изјави немора да значат ништо.. И Роналдо на 25ти Мај 2009 изјави дека останува во тимот наредната сезона, за после 15 дена да потпише за Реал Мадрид.. Не дека и шпекулациите значат нешто.. Тие уште помалце значат.. Моментално ништо не се знае... Освен дека кај мене се јави голема желба да го видам јапончето во нашиот дрес.. :)
 
Голот на Руни во Февруари против Сити бил прогласен за најдобар гол во историјата на Англиската Премиер Лига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom