Hellz Guardian
We do what we want
- Член од
- 2 февруари 2008
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 1.232
![](http://www.sinnacle.com/wp-content/uploads/2009/06/manchester_united_fc.png)
Манчестер Јунајтед е актуелен англиски шампион, европски вице-шампион, како и освојувач на Карлинг купот два пати по ред, со кој стана прв тим по 20 години што успеал да ја одбрани оваа круна. Овој клуб е меѓу најуспешните клубови во Англија и во светот, освојувајќи ја ПЛ дури 18 пати и со 26 големи трофеи, откако Сер Алекс Фергусон стана менаџер на тимот во ноември 1986. Манчестер Јунајтед своите натпревари ги игра на Олд Трафорд, Манчестер.
Клубот е оформен во 1878 година во Њутон Хит и оттогаш, со исклучок на сезоната 1974-75, игра во Премиерлигата. Посетеноста на Олд Трафорд за време на натпреварите од Премиерлигата е најголема во споредба со стадионите на другите тимови.
„Црвените Ѓаволи“, како што популарно ги нарекуваат играчите на Манчестер Јунајтед, се првиот англиски тим кој стигнал до европска круна во 1968 година, победувајќи ја Бенфика со 4-1. Втората европска круна стигна како дел од популарниот требл, кој Јунајтед го освои во 1999 година, додека третата круна е освоена во 2008 година, по трилер финалето одиграно против Челзи, на Лужники во Москва.
Манчестер Јунајтед го држи рекордот со освоени 18 лигашки круни, најмногу од сите англиски клубови (заедно со Ливерпул), како и рекордот со најмногу освоени ФА купови (11).
По 1990 година, клубот станува еден од најбогатите во светот и моментално е рангиран како најбогат и највреден клуб во светот, со вредност од околу 1.136 милијарди фунти.
Менаџер на клубот е Сер Алекс Фергусон, моментален капитен на тимот е Гери Невил, кој го наследи Рој Кин на капитенската позиција. Заменик капитен е Рио Фердинанд.
Историја
Лого на Њутон Хит
![](http://www.whoareyadesigns.com/v/vspfiles/photos/MUN1-2T.jpg)
Лого на Њутон Хит
Клубот најпрвин е оформен како Њутон Хит, во 1878, работнички клуб на вработените во железницата во Њутон Хит. Нивните дресови биле зелени со златно. Наредната година, клубот влегува во првата лига и полека се оформува како посебен клуб. На почетокот од 1902 година, Њутон Хит почнува полека финансиски да тоне и кога се наоѓа на работ на банкрот, капитенот на клубот Хери Стефорд изјавува дека има контакти со неколку бизнисмени кои сакаат да инвестираат во клубот. Еден од инвеститорите во клубот е Ј.Х. Дејвис, сопственик на Манчестер Бреверис. На наредниот состанок на бордот на раководители, Дејвис дава идеја за промена на името на клубот, со цел да се даде целосен нов почеток. Едни од понудените имиња се Манчестер Централ и Манчестер Селтик, но Луис Рока, иселеник од Италија, доаѓа до идеја клубот да се вика Манчестер Јунајтед. Името е прифатено, клубот се раѓа одново како Манчестер Јунајтед на 26.4.1902 година, со сменети клупски бои – црвена, црна и бела.
Преродениот клуб започнува со поставување на константни играчи во својот тим и правење напори за доаѓање до првата шампионска титула во домашното првенство. Титулата беше најпрвин освоена во 1908 година. До таа титула се дојде откако Манчестер Сити беа дисквалификувани по обвинението дека ги плаќале играчите повеќе отколку што дозволувала ФА и дури 17 нивни играчи биле казнети никогаш да не заиграат за Сити. Од тие 11 играчи, Били Мередит и Сенди Трнбал се приклучија на Манчестер Јунајтед и помогнаа за 10 натпревари без пораз за Јунајтед на почетокот на сезоната и освојување на првенството.
Следната сезона започна со освојување на Комјунити Шилдот и заврши со освојување на ФА купот, а Трнбал и Мередит заслужија нивните имиња да бидат испишани со златни букви во историјата на Манчестер Јунајтед како најзаслужни за освојување на овие титули. Клубот мораше да почека две години до освојување на наредната титула во домашното првенство, но во меѓувреме, се пресели на сега добро познатиот Олд Трафорд. Потоа, Јунајтед почна полека да пропаѓа и следеше сушен период за овој клуб, неосвојуваќи ништо долго време. Следеа падови на клубот, Втората светска војна. Како светло на крајот од тунелот, за Јунајтед започна нова ера, ерата на Сер Мет Базби и познатите “Busby babes”, 1945-1969.
Oфицијални обележја на клубот
Дресови
Додека клубот беше познат под името Њутон Хит, негови главни бои беа зелената и златно жолтата во периодот од 1878 до 1892, додека во раните години од 20от век, оваа комбинација била преместена како резервна. Други бои кои биле вметнати во комбинација за дрес на Њутон Хит биле црвена со бела, како и целосно бел дрес носен со сини шорцеви. Во 1902 година, кога името на клубот се смени во она денешното, Манчестер Јунајтед, еднаш и засекогаш се смени официјалниот дрес на овој тим – црвена маичка, бели шорцеви и црни чорапи, комбинација по која и до ден денес низ целиот свет е препознатлив тимот на „Црвените ѓаволи“. Најистакната измена на овој препознатлив дрес на Јунајтед, поточно исклучок, се забележува на финалето на ФА купот во 1909 година, кога дресовите што ги носеа фудбалерите беа бели маички со црвено V на предната страна. Во чест на прославата на “100 години Олд Трафорд“, актуелен дрес на Манчестер Јунајтед во домашна и гостинска варијанта во оваа 2009/10 сезона е токму овој, V дизајниран дрес, додека третата варијанта е белиот дрес со сини шорцеви, кој сезоната 2008/09 беше гостинска варијанта.
Гостинските дресови се обично бели маички со црни шорцеви и црни чорапи, но се случувале и промени, како на пример, сина маичка со бели линии, цел црн дрес, како и дрес во светло сина боја со сиви обележја.
Третиот дрес на Манчестер Јунајтед секогаш е во комбинација во која мора да ја има сината боја во чест на првата титула во ЛШ на Јунајтед во 1968, затоа што во финалниот натпревар, син дрес бил носен од страна на играчите. Во сезоната 2008/09, третата комбинација на Јунајтед беше токму овој дрес, сини шорцеви и маичка, како и чорапи.
Моменталните домашни дресови на Манчестер Јунајтед се црвена маичка, со црна лента во форма на буквата V. Логото на клубот се наоѓа на црна позадина на левата страна, додека логото на Најки се наоѓа на десната страна. Логото на спонзорот AIG се наоѓа во бел квадрат под V oбележјето. Како што е пишано погоре, овие дресови се носат во чест на обележувањето на 100 години Олд Трафорд, и таа реченица е испишана исто така на страничниот дел од дресот.
Гостинските дресови се ист дизајн како домашните, освен што се црни со светлосино V обележје, додека бојата на главниот спонзор AIG е останата бела, додека третиот дрес е дресот кој минатата 2008/09 сезона беше гостински, бела маичка со сини шорцеви.
Прв дрес [1878 - 1886]
![](http://www.historicalkits.co.uk/Manchester_United/images/manchester_united_1878-1886-o.gif)
Пред Минхенска несреќа [1955 - 1959]
![](http://www.historicalkits.co.uk/Manchester_United/images/manchester_united_1956-1959.gif)
Treble сезона [1998 - 2000]
![](http://www.historicalkits.co.uk/Manchester_United/images/manchester_united_1998-2000.gif)
Од 2007-2009
![](http://www.historicalkits.co.uk/Manchester_United/images/manchester_united_2007-2009-b.gif)
Сегашни дресови (2009 - ?)
![](http://img43.imageshack.us/img43/6834/manuhome.png)
![](http://img230.imageshack.us/img230/6782/manuaway.png)
Логоа
Логото на клубот е менувано неколкупати, но основата воглавно е останата иста. Се состои од грбот на градот Манчестер (лого користено до крајот на 60те), додека ѓаволчето со вила во раката е вметнато по добивањето на прекарот „Црвените ѓаволи“, по иницијатива на Сер Мет Базби и конечно е вметнато во 1970тите години. Последната измена на логото на Јунајтед била во 1998, кога од логото се отстранети зборовите “Football Club”.
![](http://i40.tinypic.com/2gvpklz.jpg)
Олд Трафорд
Олд Трафорд е стадион на Манчестер Јунајтед, со капацитет од 75,957 места за седење, што го прави втор најголем стадион во Англија по Вембли, трет стадион во Обединетото Кралство и 11ти стадион по големина во Европа. Сепак, по неговата планирана реконструкција што би требало да се оддржи, Олд Трафорд би требало според проценките да собира и до 96,000 гледачи, при што би го надминал и Вембли. Заедно со Вембли, Олд Трафорд е единствениот стадион во Англија кој има рејтинг од 5 ѕвездички од УЕФА.
Овој стадион, познат и како “The Theatre of Dreams” е „дом“ на Манчестер Јунајтед од 1910 година, со исклучок на годините додека траела Втората светска војна и годините што биле потребни за стадиониот да се реновира по бомбардирањето кое го уништило. Стадионот неколкупати досега има подлегнувано на реконструкции (последната во 2006 година), главно со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се стигне до капацитетот кој го имал пред војната (80.000 гледачи). Рекордната посетеност на стадионот е забележана во 1939, кога 76.932 гледачи го следеле натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Волверхемптон против Гризби Таун. Највисока просечна посетеност по сезона е забележана во сезоната 2006/07, од 75,286 гледачи просечно по меч. Највисока посетеност севкупно е забележана во сезоната 2008/09, кога вкупно 2,197,429 фанови видоа барем дел од сезоната кога Јунајтед стана шампион трет пат по ред.
Стадионот константно е избор за полуфиналиња од ФА купот како неутрален стадион, како и натпревари на англиската репрезентација (додека Вемби беше во изградба). Олд Трафорд беше стадион на кој се одигра финалето на ЛШ во 2003 година.
Олд Трафорд ја прослави својата стогодишнина на 19.02.2010 година.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/43/Old_Trafford_inside_20060726_1.jpg)
Манчестер Јунајтед 09/10
Голмани
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783443.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783448.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783497.jpg)
Одбрана
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783455.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783514.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783463.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783466.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783511.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783502.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783486.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783472.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783458.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783441.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783453.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783493.jpg)
Средина
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783508.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783504.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783483.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783477.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783461.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783451.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783430.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783426.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783481.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783456.jpg)
Напад
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783439.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783471.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783447.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89404903.jpg)
![](http://i223.photobucket.com/albums/dd70/smithyronny/89783474.jpg)
![](http://i43.tinypic.com/rmjj44.jpg)
Моменти коишто единствено со Јунајтед се доживуваат
и некои од позлатните моменти во минатата сезона, вклопени во фантастична компилација