Во врска со овој:Камбијасо пред потпис со Валенсија
Ќе дојдат и тројцата сигурно. Енцо Перез ќе биде претставен утре и ќе дојде како позајмен од Бенфика, а во сопственост на Меритон. Замисли ова го потврдија од СЕР Депортивос кои станаа шпански Сител од кога Салво стана претседател.Јоел (1.4+0.6 мил), Баланта (6.5 мил.) и Енцо Перез (25+5 мил) треба да дојдат оваа недела во Валенсија.
се спомнуваат Кагава и Нани од Манчестер, Кагава ми е океј играч и мислам дека може многу да помогне на екипава и да се врати во одлична форма, ама нема ЕУ државјанство, а веќе е фул т.е. има и повеќе од што треба...
а Нани - никако !!!
гостинскиов дрес ме потсети на (иако боите се обратно искористени)
екс-играчот на Валенсија Адил Рами се здебелил
Done! 17-2 за Питер ЛимСе очекува состанокот да заврши до 14:00.
веројатно тројца членови ќе гласаат против Лим, во случај да не го изгласаат за нов сопственик Лим ќе си замине, а Валенсија ќе прогласи банкрот.
Во врска со Андре Гомеш го имам гледано и за Бенфика а и во живо го гледав тука сега кога беа младите на Португалија. Се работи за многу добар млад играч. Цврст играч кој знае и да брани и да напаѓа, иако во Скопје требаше хет - трик да има ама не ги искористи шансите и плус Столе Димитриевски беше маестрален. Под правиот менаџер може да прогресира во многу добар играч, мене многу ми се допаѓа како играч и верувам дека во Шпанија може да го исполни потенцијалот. За Родриго нема потреба да се збори, еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, технички е одлично поткован а има и чувство за гол. Супер тим прави Валенсија.
Го немав гледано баш Андре Гомеш во Бенфика, но вчера ептен ме изненади со добрата игра. Исто и Родриго де Пол, кој очигледно има квалитет ама сака што побргу да се докаже па прави некои екстра потези. Пиати традиционално супер игра во пред-сезоната, а потоа се губи, така да не знам што да очекувам од него. Сè уште мислам дека е мини-Меси и поседува негови карактеристики. Нуно доста го користи, па ако остане типувам да блесне оваа сезона.