Фан Клуб: Валенсија

Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Одличен играч, мене многу ми се свиѓаше, баш и ми беше чудна одлуката да го дадете, моментално ви треба таков играч.
Ама па од друга страна неможевте да знаете дека Евер така нагло ќе пропадне, каде каде по перспективен фудбалер од Тино ама ете, цигански менталитет.

Многу ми е криво за тој Банега, му ебам тоа глупердата глупава, се надевам сега кај Емери во Севиља ќе си ја врати формата.
навивачите на Валенсија се надеваат дека Банега ќе пропадне уште толку :D ривалството со Севиља е се поголемо.
мада релативно млад играч е (26) и може да се оправи... ист проблем има и Џонатан Виера летово што отиде во Стандард како слободен играч, многу талент, а слабо работи да напредне и затоа никој од тренерите не го прифати. Можно е за некоја година некој од Премиерлигашиве да го купи ако заигра како што знае :)
Валенсија многу згреши за Мануел Фернандес, класа играч отиде во Бешикташ за 2М, а сега игра во Локомотив М. постар е од Банега ама му се дивев каква контрола имаше и многу по борбен од Банега едноставно уживав да го гледам.

треба играч како Тино Коста т.е. треба Енцо - моментално напредната верзија од Тино Коста.
Фуего е многу битен играч моментално, зошто покрива сегде и е најголем работник, во случај да се повреди или тренерот да експериментира без него, Валенсија ќе го има истиот проблем како и Реал - многу маникени на средина на терен и никој не игра одбрана.
Добро е што дојде каква таква замена за Фуего - Филипе Аугусто од Рио Аве има 21 година, има коментари дека е нов Луиз Густаво или Паулињо и што ти знам кој друг :D али ајде ќе го видиме што знае. Додека Рубен Везо добро се покажа сега за сега, иако не знаев кој е што е, али испадна дека Мендес донел добар играч :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Е Фернадес! Никако не можеше да ми текне на него, цело време мислев, знаев дека имаше уште еден јак играч што играше со Евер и Тино у средина.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.251
Поени од реакции
6.829
Легенда беше Фернандес..2009-10та негде знам на утакмица против Гетафе ја скрши ногата у прво полувреме,го доигра натпреварот до крај. Утредента мислам дека отишол на тренинг и таму се пожалал дека го болела ногата,кога ја снимале-што ќе видат :pos::pos::pos:
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Не ми се верува колку играчи поминаа низ клубов за Фегули во моментов да биде фудбалер со најмногу одиграни сезони на Местаља.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Пако Алкасер на првиот тренинг за Шпанија, ќе го носи бројот 9 :D
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
според А Бола Енцо би требало да пристигне во Јануари :D
Агентот на Енцо признал дека Енцо не дошол во Валенсија само поради тоа што Банкија го одолговлекуваше процесот на продажбата. Бидејќи Лим сè уште не е и официјално сопственик на клубот нашиве пробале да го земат Енцо на позајмица се до моментот кога ќе се потпишат договорите, ама Бенфика за разлика од Сити (во случајот со Негредо) не се согласиле на тоа.

Наводно Енцо бил како луд да дојде во Валенсија, а Нуно му рекол дека средниот ред е правен само за него. Ако сето ова е точно, мислам дека веќе го знаeмe првото зимско засилување. :)
 
само Лим да стане целосен власник, послесно ќе биде. Иначе, еве го у прва постава на пријателската против Германија на СК1 :)
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Ќе го даде ли Пако првиот гол во репрезентација против Македонија?!? :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
мораше да го извади во 55, дека Дел Боске е идиот и он и таа неговата лажна деветка
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
мораше да го извади во 55, дека Дел Боске е идиот и он и таа неговата лажна деветка
Подобро за нас, си ја заврши работата, си постигна гол, не се повреди и сега на ред е Еспањол ;)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Подобро за нас, си ја заврши работата, си постигна гол, не се повреди и сега на ред е Еспањол ;)
да ама сепак типично за ВДБ, ја не ни очекував да биде стартер мислев ќе иде со Фабрегас од прва минута како лажна деветка :D
добро е и Родриго ќе биде спремен за со Еспањол
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
денеска во Мадрид, Меритон(Лим) и Банкиа би требало да ги потпишат документите за исплатата на долгот. Единствен нерешен случај останува земјиштето Порчинос, после судската одлука за Порчинос, Питер Лим ќе стане сопстевник на Валенсија со 70.3% од акциите.
Жонас е пред потпис со Бенфика, можно е и денеска официјално се да биде завршено. Жонас пред некој ден напиша емотивно писмо до навивачите, клубот и градот, исто така рече дека од респект према Валенсија нема да иде во Севиља, иако они беа најзагреани за него. За разлика од него, Банега кој дупло повеќе време помина во Валенсија замина без да каже збор и отиде токму во Севиља. (n)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom