Фан Клуб: Валенсија

Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891

Немаше рака сосема непотребно судијата му даде црвен,но да бидеме реални Реал имаше иницијатив и 2-3 чисти шанси за гол кога екипите беа изедначени така да ќе паднеше гол,само беше прашање на време.
Поздрав :smir:
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

А Валенсија немаше шанси, така?!? :pos2:
Твоето е што би било, кога би било. Никој не може да каже дека Реал ќе победеше и без исклучувањето на Албелда!
Валенсија одигра одличен натпревар на Бернабеу, и кога веќе до 65та минута се виде дека Реал не можеше никако да ја пробие одбраната на Валенсија, на ред дојде судијата. Толку беше очигледна играта на судијата кој уште во самиот почеток на натпреварот им даде жолт картон на Жорди Алба, знаејки дека во тимот на Валенсија нема резерва за таа позиција поради повредата на Матје, како и на Бруно, двајцата странични бекови, кои доколку Албелда не добиеше втор жолт картон, некој од нив сигурно ќе пожолтеше по втор пат, и Валенсија пак ќе останеше со играч помалку (т.е. два играчи помалку, имајки во предвид дека судијата беше 12ти играч на Реал).

Само нека им е на чест на Шпанската федерација, која од прекрасна неизвесна лига како што беше Примера, создава нова Шкотска лига. Но што има да правиме муабет, кога само да се погледне распределбата на парите од телевизиските права ќе се воочи двојната лига која која се создава во Шпанија. (Реал и Барса земаат 142 милиони, па следуваат Валенсија и Атлетико со 42 милиони :nesvest:) Така да не е срамно што Валенсија и покрај добрата игра и непотребното исклучување се спротивстави на Мадрид кој зема 100 милиони повеќе само од правата. Срамно е да изгубиш од екипата која зема исто како тебе, но со далеку поголем резултат.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
да беше само и утакмицава, мене ми се чини Валенсија ко целава сезона да игра против 12 души, слично изгубивме и од Севиља....
 
1. Болд : Напротив не реков дека Валенсија немаше шанси,изигра перфектно имаа зрели можности но не искористија.
2. Болд : Два пати беше пробиена одбраната само не реализиравне (Ди Марија и Кедира)
Поздрав :smir:
 
A

Auditore

Гостин
Валенсија од секогаш била една од најдобрите школи за фудбал, вчера тоа и го покажа со младите играчи, несомнено е дека најперспективна екипа, фанстатични млади фудбалери имаат.
И покрај поразот играта беше одлична и одлична поставеност од страна на Емери, секоја чест.:aplauz:
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Моментално во емисија на Валенсиското Радио Ноу (9) се обидуваат јавно да се поврзат на мобилен телефон со Перез Ласа, кој беше повикан да даде интервју за радиото, но на дотичниот судија телефонот му е исклучен цел ден и не одговара на никакви повици. :pos2:
Дури во емисијата се вклучи и Албелда, кој сакаше да разговара со Баскискиот судија, но од него ни трага, ни глас...
Срамота.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

Валенсија пристигна на Олд Трафорд, каде утревечер во натпревар од 6то коло во групата Ц, ќе се обиде со победа во Манчестер да го освои првото место на табелата со што на ждрепката која ќе се одржи на 17ти декември би очекувала полесен противник во рамките на 1/8 финалето од Лигата на Шампионите.​

Играчот од средниот ред и поранешен капитен на тимот, Давид Албелда на денешната пресконференција изјави дека Валенсија дошла во Манчестер по победа за меѓународен престиж на клубот и првата позиција во групата Ц.

„Секогаш победата на стадионите на моќните клубови како што е Манчестер Јунајтед, давала престиж“ – истакна Албелда на пресконференцијата на Олд Трафорд.

Тренерот на Валенсија пак, Унаи Емери, изјави дека по исполнувањето на првичната цел која беше пласман во осмина финалето на ЛШ, сега на ред дошла втората цел, а тоа е првото место во групата.

„Сметаме дека домашниот терен за Јунајтед е важен фактор, но натпреварот утре ќе биде вистински предизвик за нас.“ – заврши Емери.

Конечниот список на играчи кои отпатуваа во Англија:

Голмани: Cesar, Guaita и Javi.
Одбрана: Miguel, Ricardo Costa, Maduro, Dealbert, Mathieu и Jordi Alba.
Среден ред: Albelda, Ever, Tino Costa, Feghouli, Pablo, Mata и Isco.
Напад: Dominguez, Soldado и Aduriz.

Екипата пристигна во Манчестер

Мануел Љоренте: Дојдовме да победиме

Претседателот на Валенсија Мануел Љоренте, на пристигнувањето во хотелот во Манчестер, изјави дека неговата екипа е оптимист и очекува победа на утрешниот натпревар на Олд Трафорд.
„Дојдовме поради тоа. Се наоѓаме во добар момент и верувам дека можеме да го победиме утре Манчестер.“ – изјави Љоренте откако слета во Англија, со задоцнување од околу 60 минути.​

Екипата на Унаи Емери се смести во хотелот во центарот на Манчестер, придружувана од многубројните навивачи од Валенсија, кои пристигнаа со три автобуси од аеродромот во Манчестер.​
Со освоени 10 бодови и обезбедено место во 1/8 финалето од ЛШ, Валенсија утревечер ќе го одигра својот последен дуел од групата Ц, против гигантите од Премиер Лигата – Јунајтед, кои во моментот имаат 3 бодови повеќе.

Играчите го имаа првиот тренинг на Олд Трафорд

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Одлична игра на Валенсија во првото полувреме. Ова беше првиот гол што Манчестер го прими во групната фаза од ЛШ. :) Само напред и да го освоиме првото место во групата!!
Амунт Валенсија!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Навистина одлично одиграно, супер натпревар за гледање, се надевам дека ќе ве посака среќата во ждрепката. :smir:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.810
Поени од реакции
44.129
Честитки уште еднаш.. Најзаслужено беше нерешено, оти и двете екипи имаа периоди во кои доминираа, иако Манчестер имаше повеќе да кажам 100% шанси :).. Се на се, убав меч за гледање и добра игра од двете екипи..

Со среќа нека ви е во ждрепката и се гледаме на Вембли.. :)
 
blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Се на се одигравме солиден натпревар на Олд Трафорд,конечно и Манчестер да прими гол у групава :pipi:: Реално Јунајтед имаа повеќе чисти шанси но благодарение на (не)ефикасноста на Бербатов и пред се на одлично расположениот Гуаита кој мора да истакнам дека можеби и беше (барем за мене) човек на натпреварот,успеавме да останеме непоразени на ОТ.Честитки и до двете екипи за пласманот и со среќа на ждрепката. AMUNT!!!

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
^ Така е, Гуаита играч на натпреварот! Добро е да се знае дека во тимот има и резервни квалитетни голмани, кои во иднина по заминувањето на Сезар, ќе бранат за Валенсија.

Инаку можни противници на Валенсија се: Тотенхем, Челзи, Баерн Минхен, Шалке и Шахтјор или Арсенал. Се' на се' добро поминавме.
Амунт Валенсија!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Добра игра покажавте синоќе мислам дека заслуживте бод ај со среќа во здрепката и се гледаме во мај на Вембли
 
Kajgana Shop

На врв Bottom