Кобник
Можеби не делува наметливо, но Веига изигра вчера многу добро, и интелигентно. Читав бројки и импресивен беше повторно. Се надевам дека ќе продолжи во исто темпо, и со враќањето на Бремер, Калулу да скоцкаме некоја одбрана која би била респектабилна,ама ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
Исто така Коп вчера беше вратен на неговата природна позиција во Аталанта што ја играше, и веднаш се забележа дека почна да се оправа.
Кепрен ни е најјак играч во средниот ред, дефинитивно..
Консеинсао, можеби некогаш се глупира со то многу што ја тинка топката, но неговата брзина, пргавост, посветеност и желба да се докажува се евидентно на високо ниво, така да мислам дека нека продолжи онака ќе биде супер.
Ди Грегорио вчера имаше неколку одбрани на ниво, така да добра утакмица и за него.
Коло Муани, од нигде никаде се избацува и е постојана закана за одбраната. Знај во мало место да напрај чуда, тој е 50% креатор на голот.