Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
14 август 2018
Мислења
25
Поени од реакции
7
Што мислите за Инженерска Математика како изборен предмет во 3ти семестар?
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Дечки, дали има некој книга за Компјутерски Мрежи од Таненбаум во пдф формат? Фала однапред
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
На англиски - да. Барам на македонски.
Освен да ја купиш испринтана, друг начин немаш. Ако не ти се даваат пари, оди во читалната 1000 книги и читај ја бесплатно. Мој совет за како најлесно да го положиш предметот, оди редовно на предавања кај Соња, снимај ја со телефонот и дома пишувај си концепт од преслушаната снимка. Не е толку тежок предметот, а е многу интересен.
 
Член од
6 февруари 2019
Мислења
57
Поени од реакции
25
Може некој да ми објасни како функционира одбирање на изборни предмети од универзитетска листа?
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Дечки, дали има некој книга за Компјутерски Мрежи од Таненбаум во пдф формат? Фала однапред
Ја имаше во групата за мрежи некој поставено како линк, ама поодамна. Мотај низ постовите, пкк можно е да е крстена, не ми текнува.
 
Член од
10 јануари 2014
Мислења
17
Поени од реакции
4
Здраво, може ли некој да ми каже кој ги држи и како се полагаат следниве предмети: Маркетинг, Машинско учење, Веб базирани системи, Напреден веб дизајн, Имплементација на системи со отворен код?
 
Член од
27 август 2016
Мислења
105
Поени од реакции
29
Здраво, може ли некој да ми каже кој ги држи и како се полагаат следниве предмети: Маркетинг, Машинско учење, Веб базирани системи, Напреден веб дизајн, Имплементација на системи со отворен код?
Маркетинг ти е гратис предмет, со едно читање ден пред колоквиум се положува. Присуство незадолжително, еден проект што исто така се прави за еден ден.

За останатите и мене ме интересира.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Здраво, може ли некој да ми каже кој ги држи и како се полагаат следниве предмети: Маркетинг, Машинско учење, Веб базирани системи, Напреден веб дизајн, Имплементација на системи со отворен код?
Јас кога ги слушав...
Напреден Веб (Чорбев и Бобан). Front-end (Javascript, canvas, svg, bootstrap, vue.js)
Се полага и теорија на етест и практично.

ИСОК (Чорбев и Бобан повторно).
Back-end... PHP со Laravel (втор колоквиум). Се полага практично.

И по двата предмети за најдобрите од прв колоквиум имаше опција место да полагаат втор, да изработат проект.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Дали некој ги знае предусловите за запишување и бранење дипломска работа? Исто така и друго прашање имам, дали на пример можам да запишам семестар со 3 предмети и кога ќе ги положам (на пример во јануари) веднаш да запишам и дипломска во истиот семестар (9ти), или пак ќе морам во летниот семестар да ја запишам?
 
За да ја запишеш мислам дека само треба да имаш над 180 кредити.
Пример ја запишуваш во зимски и до крај на летен положуваш се и ја браниш.

За бранење мора 234 кредити да имаш и сите пријави доставено до студентска служба.

Дипломската може да се запише и во зимски и во летен семестар.
Ако ја запишеш сега мислам дека цела година ќе имаш рок за одбрана, некаде до октомври наредна година.

Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
Освен да ја купиш испринтана, друг начин немаш. Ако не ти се даваат пари, оди во читалната 1000 книги и читај ја бесплатно. Мој совет за како најлесно да го положиш предметот, оди редовно на предавања кај Соња, снимај ја со телефонот и дома пишувај си концепт од преслушаната снимка. Не е толку тежок предметот, а е многу интересен.
Kако тоа да ја снима?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom