- Член од
- 10 декември 2008
- Мислења
- 27
- Поени од реакции
- 1
Знам дека има веќе ваква тема ама постара е па сакав да наметнам повторно дискусија.
Јас сум вонреден студент на Економски факултет - Скопје... и да ви кажам веќе ми е прилично смачено. Не можам да ги поднесам оние глупости.
Имам уште неколку испити до крај ама сите се скоро или некакви скрипти кои се кажани ама недокажани, па кај оние кај што има задачи треба да се гата за да се види што сакал да каже авторот, "професорите" воопшто немаат намера да објаснат нешто на консултации, тие што имаат асистент станува збор за ист искомплексиран случај (иако се помлади)...
Кај што има некаква книга станува збор за наплескан материјал кој очигледно го преведувале студенти од некои странски извори, нема никаква логика напишаното, милијарда нафрлени набројувања кои мора да се учат на памет оти немаат никаква логичка смисла со остатокот...
За да ги спремам испитите со задачи треба да барам и да плаќам некаде приватни часови, оти ни асистент нити па професор те ферма....
Преку глава ми е дојден целиот тој трулеж одамна, ама немам баш пари за да одам на приватните факултети, освен на Факултет за бизнис и економија (на Неоком). Според најновата Шангајска листа од оваа година е на 8 место.
Многу ме интересира дали некој има лично искуство таму за да пренесе дали се исплаќа да се префрлам таму или да продолжам со агонијата на она дувло што глуми некаков економски факултет.....
Ќе ве замолам да пренесете лични искуства, избегнувајте паушални оценки.