ФОТО: Демонстрантите во Грција фрлале камења, а полицијата им вратила со солзавец

S

Shellshock nam67

Гостин
Вести
Регион




АТИНА
ФОТО: Демонстрантите фрлале камења, а полицијата им вратила со солзавец











Општ штрајк ја парализирал целата земја. Во болниците недостасуваат вработени, а затворени се и државните училишта. Возовите не се движат, а откажани се повеќе од 400 летови.

Грчките полицајци фрлале со солзавeц на помала група демонстранти кои во средата во Атина фрлале камења на нив. Илјада луѓе се собрале на марш против владините мерки на штедење. Бројни работници, пензионери и студенти во средиштето скандираат 'Избришете го долгот' и 'Богатите мораат да платат'.

Општиот штрајк ја парализирал целата земја. Во болниците недостасуваат вработени, а затворени се и државните училишта. Возовите не се движат, а повеќе од 400 летови се откажани.

















eve kako se bori Deomosot (narodot) za svoite socijalni prava cela drzava se trese kakvi i da se helasite sepak koga se raboti za svoite socijalni prava znaat da se borat nesto od sto treba i nie da ucime od niv
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Да го пастираше и тулбарот?
Остај тулбарот.. а логото на изворот?
Инаку многу ми е јак тој на првата слика. :icon_lol: Да не штрајкува поради измислување на поимот диета?:tapp:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Треба да научиме од комшиите како се протестира.
Упс, заборавив, кај нас нема зошто да се протестира, ни цути се во државата.
Штрумфастично.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
можеби не ја измислиле демократијата, но за протести пишуваат учебници....

за протести им симнувам капа на Атињаниве
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Бројни работници, пензионери и студенти во средиштето скандираат 'Избришете го долгот' и 'Богатите мораат да платат'.

Молам?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Каква големина, какво одушевување, ваквото очајничко чепатење по туѓи пари е срамота. Јужниве дури и побргу ќе потонат заради ова што го прават.

Значи на толку многу крадење и на толкава добиена милостиња, ретко кој би рекол “не ми е доста“, и би излгол вака дивјачки да се тепа на улица.

Тие што демонстираат, сите до еден учествуваа во системот и начинот на прераспределба прад да пукне пирамидата.

Било како било, Грција одамна банкротира не само финансиски туку пред се морално. Сека ќе мора и формално да банкротира, колку и да не дава ЕУ и да ја оживува во живот, пропадната држава е само тоа - пропадната. Едноставно нели, вака не може да продолжат. Речиси сите го знаат тоа во ЕУ, но засега сите се прават луди.

Да повториме: за да ја истераат Грција без таа да ги повлече сите во амбисот, на ЕУ и се потребни нешто повеќе од 2 ТРИЛИОНИ евра! Сега купуваат време за да не отидат топтан во п.м.

Го постирав видеото-анализа од Stratfor на една од темиве да видите дека немаат шанса јужниве, сите три столбови на системот им се ептен поткопани за д асе повратат. Ако го најдам, ќе го постирам повторно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom