ФОТО: Возниот парк на еден скопски бизнисмен!

Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
ФОТО: Возниот парк на еден скопски бизнисмен!
Среда, 24 Октомври 2012 11:33

Еден скопски бизнисмен, дистрибутер на алкохолни пијалоци и застапник на светски познат производител на цигари слободно може да каже дека го остварил сонот. Да си сопственик на едно е гордост, но да си сопственик на четири автомобили од брендот Ферари е остварување на сонот на секој маж на планетава, пишува Нетпрес.

Нетпрес успеа да “ѕирне“ во гаражите на неколку скопски газди, а и ние решивме да ви пренесеме што имаат тие да покажат. Од неверојатни и заводливи “Мерцедеси“, па се’ до ултра спортски и луксузни “Ферарија“ и еден и единствен “Ролс Ројс“ - секој подеднакво ќе ве остави без здив и ќе ве натера да не престанете да мислите на него.

За првиот дел од епизодите “брзи и бесни“ на Нетпрес, тие отидоа да се “повозат“ со уникатните автомобили Ферари на еден успешен и познат скопски бизнисмен. Од жолтото “Ферари 458 Италија“, кое е купено за 240.000 евра, па се’ до комбинацијата од спортско – елегантниот “Ферари 599 ГТБ“, овој човек со 100 отсто гласови може да каже дека го остварил сонот на секој маж, кога станува збор за автомобилите.

-Како вовед беа “Ферари 458 Италија“ и “Ферари Ф430“, купено за 160.000 евра во 2005 година, кои само ни наговестија, што не чека кога ќе отидеме кај другите две. Во беспрекорно обезбедено и модерно поставено решение, беа паркирани и синото “Ферари 360 Спајдер“, кабриолет од 2001 година и неговиот придружник, или можеби придружничка со оглед на женствената елеганција, темно црвеното “Ферари 599 ГТБ Фиорано“ со деби на саемот во Женева во 2006 година, кога и веднаш е купено и донесено во Македонија, пишува Нетпрес.

Станува збор за, според експертите, најмоќната верзија на “Ферари“ која може да достигне брзина од неверојатни 330 километри на час, за што треба да платите колку и скопскиот газда, а тоа е околу 260.000 евра. Голем впечаток остави и првенчето, синото “Ферари Спајдер“, купено во 2001 година по цена од 130.000 евра за жешкиот скопски асфалт.

--- надополнето: 24 октомври 2012 во 14:03 ---
Па тоа е успешен човек кој што преку туѓите несреќи ја гради својата среќа, што треба човек да направи за да заработи за четири ферари? Треба ѓубре да биде, последна гнаса скот ете ги парите каде се немало пари....
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 14:09 ---
Дубиоза Колектив пее за оваа ситуација иста кај нас и во Босна, на крај викаат го знаете тоа чувство се вика срамота, изгледа го немаат.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Овие даваат за регистрација годишно колку што ми чини мене колата.
За нешто што треба да те однесе од дестинација А до дестинација Б е навистина ептен глупава работа да арчиш толку пари.
Да споменам пак дека ниту еден од овие бизнисмени не најде за сходно да го финансира дечково со бедни 1000 евра за рутата низ Африка и да си ја изрекламира компанијата.
Ама секој со свој ќеиф...
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Па тоа е успешен човек кој што преку туѓите несреќи ја гради својата среќа, што треба човек да направи за да заработи за четири ферари? Треба ѓубре да биде, последна гнаса скот ете ги парите каде се немало пари....
Абе тебе ти смета што е гнаса и скот? Си успеал чоекот, ја искористил твојата глупост и неразвиеност бе сине.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Секој што не стекнал богатство со криминал,убиство,измама и сл. нема потреба да се навредува и клне. Ако го бива некој за бизнис и има памет,а друг не никој не му е крив на другиот.. Тоа е природен закон,посилниот,поитриот и паметниот опстојува,другиот живее само како да го има на број..тоа е тоа.
 
R

Randy

Гостин
Ова е тек почеток на раслојувањето. Допрва ќе има се повеќе богати кој ќе се и побогати од примеров, а ќе има и се повеќе екстремно сиромашни.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Абе тебе ти смета што е гнаса и скот? Си успеал чоекот, ја искористил твојата глупост и неразвиеност бе сине.

Што успеал да не го закопаат со Ферарите во Бутел, тоа е тон железо со лого на коњ ништо друго, ама за тој да го купи тоа мора средствата да се префрлат од многумина кај малкумина. Па затоа ќе има се повеќе и повеќе луѓе на контејнер диета, народните кујни одбиваат повеќе нови таму луѓе за исхрана затоа што не можат да исхранат толку многу колку што овие можат да потрошат на возен парк.
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 14:25 ---
Секој што не стекнал богатство со криминал,убиство,измама и сл. нема потреба да се навредува и клне. Ако го бива некој за бизнис и има памет,а друг не никој не му е крив на другиот.. Тоа е природен закон,посилниот,поитриот и паметниот опстојува,другиот живее само како да го има на број..тоа е тоа.
Немој да ме јебеш :icon_lol:....
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 14:29 ---
Се во име на народот чист профит и заработка....
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Без разлика колку и да е богат еден човек сепак за автомобил/и да се фрлаат толку многу пари неколку стотици илјади евра па и милион евра е претеризам ............... можел бизнисменов со тие пари што ги фрлил за неколкуте Ферарија да си купи недвижен имот на кој цената ќе му расте, а сите знаеме дека цените на автомобилите откако ќе се купат постојано паѓаат ............... подобро би му било(според мене) или да ги бапне парите во некоја банка или пак да ги вложи во недвижен капитал, а никако во овие спортски тракатанци Ферарија .......... боље би му било да си земел едно ново џипче до кај 50 или макс.100 илјади евра или една нова салонска лимузина Мерцедес, Ауди, БМВ...
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Човекот е у роднински врски со Б.Ц. и е претставник на Балантајнс за цел Балкан.
Ниедна од овие коли не е на МК таблици,бидејки ке треба да плати уште толку за царина и давачки.Регистрирани се кај што давачките за такви коли се најмали.
И што има врска ако троши пари на коли ако ги има? И јас би истото,затоа што тоа ке го правам за лично задоволство а не поради другите.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Има едно типче му ги вози до Луксембург на регистрација секоја година.Е тоа е добро работно место. :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.375
И што има врска ако троши пари на коли ако ги има? И јас би истото,затоа што тоа ке го правам за лично задоволство а не поради другите.
Не е проблем да троши ако има. проблем е што не троши негови пари, т.е. троши енормно, а неговите работници според секоја човечка норма не земаат плата.
Друга работа е што овие пари и фирми сите до една се нелегално стекнати, а криминалот нели е казнив у нормална држава.
Попрво би им се восхитувал да прочитам да дадат пари за болни на кои им виси животот на конец
 
Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
И јас велам : Кој си успеал , си заработил секоја чест - парите нека си ги троши како сака. Ајде разбирам меракот е тој сакал ферари да вози нека му е. Едно. А четири?
Тоа е веќе курчење и арчење пари на тотална непотребни работи , додека 80% од државата гние во сиромаштија. Не дека ќе му сменело нешто ако 10% од цената нивна ја донирал во детска клиника или некој дом за сираци...
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Ај сега и ти како хомосексуалците...природно. Ич не е природно, лавот не складира месо за 5 години унапред. Ќе изеде колку му треба, другото го дава на жените му, да имат сили да ловат.
Не е проблем да троши ако има. проблем е што троши, а неговите работници според секоја чоечка норма не земаат плата. Друг проблем е што овие пари и фирми до една се нелегално стекнати, а криминалот нели е казнив.
Тоа е друг муабет друже, прашањето е дали би имал оваков возен парк да имаш пари или не?
Некој пишал дали ке го носи у гроб ферарито? па ако не го носи него тогаш парите сигурно ке ги однесе.Ако ме прашаш мене ја би ферарито,а вие?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
So cigarite i alkoholot parite gi napravija pred 10-15tina godini. Uvoz i prodažba na crno bez carini i akcizi so kar od 200-500% za drzavata 0.Vrzana rabota. Mafija. Treba da go stegnat i da dokaze od kade mu se parite,taka pravat na zapad. Ako ne moze da dokaze sve se konfiskuva i sledi zatvorska kazna.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Без разлика колку и да е богат еден човек сепак за автомобил/и да се фрлаат толку многу пари неколку стотици илјади евра па и милион евра е претеризам ............... можел бизнисменов со тие пари што ги фрлил за неколкуте Ферарија да си купи недвижен имот на кој цената ќе му расте, а сите знаеме дека цените на автомобилите откако ќе се купат постојано паѓаат ............... подобро би му било(според мене) или да ги бапне парите во некоја банка или пак да ги вложи во недвижен капитал, а никако во овие спортски тракатанци Ферарија .......... боље би му било да си земел едно ново џипче до кај 50 или макс.100 илјади евра или една нова салонска лимузина Мерцедес, Ауди, БМВ...
Тој што има оваков возен парк сигурно не живее у двособен стан од 50кв. Незнам дали ја гледаш куќата од сликите,што мислиш колку вреди и дали е само таа?
Збориме за милиони,не за ситни пари,и сметките пуни,и куќите на број.Што останува друго на тие пари освен да живееш како што сакаш и да праиш што сакаш?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Тој што има оваков возен парк сигурно не живее у двособен стан од 50кв. Незнам дали ја гледаш куќата од сликите,што мислиш колку вреди и дали е само таа?
Збориме за милиони,не за ситни пари,и сметките пуни,и куќите на број.Што останува друго на тие пари освен да живееш како што сакаш и да праиш што сакаш?
Не си ми ја сфатил поентата на мојот пост, значи не велам дека типов при толку пари треба да вози трактор или коњска кола, но зашто да фрла толку многу пари(милион евра) и тоа не едно туку четири Ферарија .................. зарем истовремено сите 4 Ферарија ќе ги вози или ќе вози едно, а другите ќе му фаќаат прашина во гаражата или на паркингот пред куќа !
Реткост е во МКД да се види Ферари ........ тоа е прескапо и екстра-луксузно ауто за овие Балкански простори ........ подобро да земел некое солидно секојдневно ауто кое го возат многумина од неговата бизнис бранша ......... Ферарија, Ламборгини, Поршиња, Бентли, Ролс-Ројс и сл. и нема баш многу во државава, башка ќе биде приметлив за средината со таа марка на автомобил/и ............. а може па и тоа му била целта, да го видат/приметат кој го знае !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom