Епа и Работнички и Вардар се доволно развиени да имаат фанови во цела Македонија, барем во границите, и не може некому да му забраниме да дискутира или да мрчи пошо не живее спроти стадионот или во Драчево, башка и тие што се за Вардар се и надвор од Скопје, дискутантиве на темава, така да не можеш таква линија да поставуваш.
Moжам слободно зашто ако видиш кој дискутира низ темиве ќе укапираш дека истите не навиваат за Работнички туку единствената причина поради која се на нивна страна е Вардар ( Работнички е една од екипите на која очигледно многумина се надеваат дека ќе им ги замрсат сметките на Вардар ) ...
На една рака се бројат оние кои навиваат за Работнички на форумов ( еве и тебе да те рачунам тука ), тоа е факт, па вчера на стадион се на се дали бројка од 20 луѓе имаа ( и тоа мислам дека е многу ), така да комотно можам да поставувам таква линија тука зашто така е, не измислувам ја работи ( да не ме разбереш погрешно, немам ништо против тие луѓе ) ...
Откако Вардар опстана во првата лига, не сакам да навлегувам повторно во дискусиите како зашто веќе се имам изјаснето за тоа, наеднаш се избација мал милион фаци контра тимот и застануваат на страната на Се што им е конкурент за титулата, освен Шкендија, Ренова па и Тетекс ( поради односите Тетово-Скопје ).
Чудно им е што се ваделе пароли за дис на Работнички што е нормална рабода во фудбалскиот свет, башка, паролите беа на место, но не, причина за тоа било дека Работнички на Вардар и неговите фанови им е трн у око, дека навивачите на Вардар се искомплексирани.
Hold on малку, вакви логики може да користи само човек кој поим нема како се одвиваат работите во навивачкиот свет, кој поим нема што значи градско дерби па ова му е чудно, но и покрај тоа, истиот тој човек се смета себеси за кадарен да изнесува такви заклучоци за Комплекс и Трн во Око.
Смешно.
И еве, ако моето размислување е погрешно, бидејќи на форум нема шанса да ми го докажете спротивното, нареден натпревар на Градски фановите на Работнички можат комотно да ме демантираат, башка, и дербито ќе добие еден дополнителен шмек бидејќи ко што реков и погоре, кога се во прашање овие два клуба, дуелите на навивачки план се на форум, не на трибини.
п.с. И ја никому не забранувам да дискутира, само реков чудно е како некој збори за комплекси а од друга страна не ни иам поим тој за кој навива, најмногу постирал на тема Вардар, на тема Работнички 3-4 поста, останатото контра Вардар на другите теми, истото важи и за дел од останатите кои не се фанови на Работнички но ова им е една од оние прилики да кажат нешто против Вардар.