Уште една трогателна приказна: Само имињата им се спомен од мајките!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Покажете ја хуманоста на дело. Донирајте. Децата се наша иднина - се само дел од плакатите излепени по sидовите на влезот во Домот за доенчиња во Битола.
Беше пладне. Наспроти нашите очекувања да слушнеме хорски детски плач или пак смеа, во Домот во понеделникот владееше тишина. Во холот имаше купишта од мечиња, кукли и други играчки расфрлани на сите страни, по sидовите изналепени слики од јунаците од цртаните филмови. Се е подредено во духот на детската фантазија.
"Децата спијат, па затоа е толку тивко. Ги легнавме во 12 и очекуваме да спијат до 15 часот попладне. Но тоа не е војнички режим. Одамна го напуштивме и работата ја приспособуваме според потребите на детето. Ако сака детето да спие нека спие, ако не, може да си игра во занималните", вели директорката на Домот Наташа Младеновска -Лазаревска.
Влеговме во спалните соби каде што спиеја бебињата. Некои беа сместени во убави дрвени креветчиња со убава шарена детска постелнина,а други пак спиеја во железни креветчиња. "И нив набрзо ќе ги смениме. Бараме донатори", објасни Лазаревска.
Некои од заспаните дечиња се потсмевнуваа во сон, некои потплачуваа. Беа убаво облечени, чисти и измиени. Имаат се, но не и она што најмногу им треба - мајчината љубов и прегратка.
На секое од креветчињата на бело ливче хартија со фломастер им беа испишани имињата Мартин, Јасмин, Елена, Бошко..., единствено нешто што им останало како спомен од нивните мајки пред разделбата.
Каде ќе ги однесе судбината овие станари на Домот, лишени од родителска љубов, никој не знае. Некои од нив можеби ќе имаат среќа и ќе бидат посвоени, тука или во странство, други ќе завршат во домовите за деца без родители или, пак, она најстрашното, ќе завршат на улица. Солзи ми навреа во очите.
Од спалната соба влеговме во игротеката која се наоѓа веднаш до неа. Таму затекнавме неколку бебиња оставени на подот. Претаа со рачињата и ножињата и немоќно посегнуваа по играчките. Ги оставале така за да можат побрзо да научат да лазат и да проодат. До нив имаше неколку негувателки. "Ти кукле, ќе бидеш пејачка", го бакнуваше и го галеше една од негувателките шестмесечното девојче.
Друго русокосо бебе не ја затвореше устата и гласно се смееше на гримасите што му ги правеше една од негувателките. Навидум изгледаа како весело семејство, но недостигаше семејната атмосфера, која е заменета со професионализмот на персоналот. Една негувателка се грижи за 14 дечиња. "Според прописите треба една 'мајка' да се грижи за четири дечиња. Живуркаме со персонал", велат во Домот.
Поголемиот дел од напуштените дечиња се здрави, но има и со физички и психички недостатоци. Од некои од нив родителите трајно се откажале, а други привремено се сместени во Домот, оти родителите биле болни, во затвор или пак немале пари да ги издржуваат. Децата остануваат во Домот до навршени три години или додека не се надминат причините кои ги принудиле родителите да ги остават.
"Во Домот за доенчиња моментно се згрижени околу 100 деца до тригодишна возраст. Од нив 20-ина чекаат да бидат посвоени, а 20% од децата се со пречки во развојот. Добар дел од нив се со нерешен статус, односно родителите не се изјасниле дали се откажуваат или не", вели директорката .
Бројката на станарите во Домот, како по непишано правило, постојано се движи од 100 до 120 дечиња. Ги има од сите националности.
"Пред три дена беше посвоено девојче, а други три дечиња беа сместени во дом семејство", ни рече Лазаревска.
Најмногу сместувања во дом семејство има во Крушево и во помалите градови. "Не се работи за паричната помош што ја добиваат семејствата кои згрижиле дете. Кај овие луѓе сепак преовладува хуманоста. Пред неколку месеци крушевско семејство посвои едно од децата. Кога отидовме да го посетиме навистина се изненадивме. Беше видно поправено, весело и постојано ја гушкаше мајката", се присетува Лазаревска.
Досега, вели таа, се нема случено дете да биде посвоено, па потоа вратено. Но се случувало децата кои го искусиле домскиот живот, а потоа биле посвоени, по неколку години пак да дојдат во Домот за да се потсетат на животот во Домот онаков каков што го запаметиле.
На заминување од Домот пред влезот затекнавме група луѓе. Беа свечено облечени и среќни. Жените држеа купишта подароци, торти и колачи. Дознавме дека дошле да посвојат дете. Ја почитувавме нивната приватност и среќа, посебно на идната мајка која нервозно тупкаше во место и едвај чекаше да го земе детето в раце.

Домот скривалиште за бремени и родилки


Во Домот за доенчиња во Битола покрај дечињата се згрижуваат трудници и родилки. Тие во Домот престојуваат по три месеци. "Се скратува времето за престој на родилките, а се продолжува времето на идните мајки. Родилките во Домот сосе детето остануваат по неколку дена, а потоа го оставаат новороденчето и си одат. Моментно имаме една родилка. Со неа работи стручен тим се со цел таа да го задржи новороденчето. Досега сме имале успех во три вакви случаи каде што мајките успеавме да ги одвратиме од намерата да си ги остават децата", вели Лазаревска.
Доаѓаат и бремени жени каде што Домот за нив претставува скривалиште во кое настојуваат да ја скријат бременоста од околината во којашто живеат. Обично доаѓаат од внатрешноста на државава."Штом ќе почне да им расте стомакот, од страв да не пукне срам тие бараат спас во Домот и остануваат до породувањето. Ги има од сите националности", објаснуваат во Домот.

***

Ми подметнаа болно дете

"Со години бев на списокот за посвојување дете", почна да ни го раскажува патешествието една скопјанка која посвоила дете. Кога ги исполнив условите посвоив девојче. "Јас и сопругот бевме пресреќни. Но набрзо почнаа проблемите. Девојчето доби висока температура, тешко дишеше, се душеше. Во паника го однесовме во детската болница. Таму ни рекоа дека болеста детето ја има од раѓање. Се изненадив, бидејќи во центарот за социјални работи кој посредуваше во посвојувањето гарантираа дека детето е здраво. Но почнав веднаш да се сомневам дека нешто не е во ред, бидејќи кога го зедов детето не ми го дадоа неговиот здравствен картон. Подоцна со врски и пријатели успеав да дојдам до преписот од картонот на детето, во кој беше наведена дијагнозата", објаснува мајката посвоител.
Во Комисијата за посвојување велат дека тие секогаш идните родители ги запознаваат со здравствената состојба на детето и им даваат препис од неговиот здравствен картон. Но во Министерството за труд и социјална политика тврдат дека не треба да се даде здравствениот картон на детето, бидејќи постоела можност да се откријат биолошките родители, но посвоителите морале да бидат запознаени со здравствената состојба на детето кое го посвојуваат.
И едните и другите вината ја префрлаат на центрите за социјални работи кои имаат обврска идните родители да ги информираат за болеста на детето.

***

Си посвоивме дете од Украина без пари

"Бевме фрапирани кога меѓу редови во Министерството ни беше кажано дека ако сакаме да посвоиме дете треба да дадеме 40.000 евра", вели еден познат скопски адвокат кој застапувал брачен пар од Америка кои сакале да посвојат дете од Македонија, бидејќи и двајцата имале македонско потекло.
Моите клиенти ги исполнуваа сите услови. Беа добро ситуирани со синџир хотели низ Америка, но постапката се одолговлекуваше. Кога одевме да прашаме до каде е постапката ни велеа дека тоа не оди така. Подоцна разбравме дека причина за тоа се парите и дека цената за посвојување на дете од македонски државјани се движи до 5000 евра, а за странци до 40.000 евра. Кога тоа им го соопштив на моите клиенти, тие веднаш се откажаа од понатамошната постапка. Сакавме случајот да го пријавиме во полиција, но бидејќи посвоителите немаа време за трошење, се откажавме од намерата. 15 дена подоцна тие си посвоија дете од Украина.
Дека се плаќало за посвојување слушнале и во Комисијата за посвојување. Но никој не знае кој ги зема тие пари. "Најверојатно тоа се прави во центрите за социјални работи, но во кои центри и кој земал пари не знаеме", велат од таму.
За трговијата со деца неодамна јавно проговори и невладиното здружение "Иднина". Веднаш уследи експресна реакција од Владата која ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и министерот за информатичко општество Иво Ивановски да изготват програма за посвојување деца по електронски пат, со кој ќе се елиминира решавачката улога на субјективниот фактор. Но се се заврши на тоа.
Доколку се воведе практиката компјутер да одлучува за посвојувањето ќе се наруши еднаквоста, бидејќи времето на чекање за посвојување кое е еден од условите за посвојување нема да биде исто во сите градови. Во поголемите градови имаме подолга листа на чекање за разлика од помалите. Оној кој чекал подолго има приоритет при посвојувањето што не е случај во помалите градови каде што имаме помалку посвоители и нормално листата на чекање е покуса. Според тоа, овој модел на посвојување и не е така практичен, велат во Комисијата за посвојување.
Пацка А. Лазаревска Фото: В. Тануровски


45 деца чекаат посвојување од 370 идни родители

"Моментно има 17 здрави и 27 болни деца кои можат да бидат посвоени, а на листата на чекање заклучно со декември има 370 брачни двојки кои сакаат да посвојат дете. Месечно се посвојуваат 4 до 5 деца, а исто толку се запишуваат во регистарот на можни посвоеници. Порано имавме повеќе деца за посвојување, а сега имаме обратна ситуација. Имаме повеќе посвоители од деца за посвојување. Она што е карактеристично за последниве години е тоа што се намалува горната граница на посвоителите. Порано старосната граница на идните родители се движеше меѓу 40 и 45 години, а сега на листата на чекање имаме посвоеници само со навршени 27 години. Испитале дека не можат да имаат деца и се одлучиле да посвојат", вели Михаил Трајковски, претседател на Комисијата за посвојување при Министерството за труд и социјална политика.
"Брачни партнери се откажуваат од болните деца, а 99% од здравите деца ни се родени во вонбрачна заедница. Досега ни се нема случено да биде посвоено, па вратено дете. Деца посвојуваат сите, и Албанци и Македонци. Се рушат верските бариери. На идните посвоители важно им е само да посвојат здраво дете, што не е случај со странците кои посвојуваат деца со умерена психичка попреченост. Пред неколку месеци во Италија беше посвоено дете кое имаше физички недостатоци", објаснува Трајковски.
Во Македонија има регистрирано вкупно 1299 деца без родители и родителска грижа. Најголем дел од овие деца се згрижени во институции. Од нив 100 деца се згрижени во Домот за доенчиња во Битола, 90 деца на возраст меѓу 3 и 18 години се во Детскиот дом "11 Октомври", а 82 деца се сместени во СОС-детското село,а останатите се згрижени во дом семејство или во здравствени установи.
Поради можноста од трговија со деца кога неколкупати во светските извештаи Македонија беше посочена како земја во којашто се тргува со човечки органи, се пристапи кон склучување договори со земјите од кои има најголем број барања за посвојување. Досега е потпишан договор за меѓудржавни посвојувања само со Република Словенија, а во тек е потпишувањето и на договор со Италија, иако процедурата беше отпочната пред одлуката за склучување договор со Словенија.


97 странски семејства сакаат да посвојат Македонче

Италијанците најмногу посвојуваат деца од Македонија. Посвојуваат здрави и болни деца. Мали и големи. Тие лани до надлежното Министерство поднеле 52 барања за посвојување.
15 барања биле поднесени од граѓани на Словенија, 7 барања поднеле француски државјани, 6 барања за посвојување се од германски и 5 барања за посвојување се од грчки државјани. Потоа на листата на чекање се запишани и четворица американски државјани, тројца Швеѓани, две австриски семејства, и по едно семејство од Норвешка, Унгарија и Босна и Херцеговина.



ИЗВОР

[ако некој од
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] модераторите мисли дека[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] форумов е преоптеретен од вакви теми, слободно може темава да оди во канта, мое[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] мислење е дек[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]а текстов вреди да се прочита-затоа ја отварам темава]
[/FONT]
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ја прочитав статијава, и на прв поглед ми изгледаше трогателно, но кога прочитав дека има повеќе посвоители од бебиња, некако ми дојде убаво. Особено затоа што во домот има и болни дечиња, а од случајот со бебето Бошко знаеме какви се луѓе постојат на светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom