Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Владата во оставка, спротивно на законот за спречување корупција, ги одбра туристичките агенции преку кои, владините службеници ќе летаат на службените патувања. Одлуката ја донела Службата за општи и заеднички работи. На неа стои датумот 28. 7. 2006 година, петок, иако владиниот состав е во заминување. Одбрани се агенциите со кои изминативе години патуваше кабинетот на Бучковски- АРКА, ОРФЕЈ, ЕУРО - ТУРИСТ и АВИОТУРС. Особено е спорен изборот на агенцијата ОРФЕЈ, која во извештајот на Државниот завод за ревизија, беше посочена како вклучена во чудни исплати на повеќе од 300.000 евра во кеш од Министерството за одбрана, токму кога со него раководеше Бучковски. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека владата во заминување имала коруптивни намери, и дека оваа одлука ќе биде преиспитана. Во дописот на општите и заеднички служби, чиј потпис стои на одлуката, наведено е дека изборот на агенциите се вршел во две фази, преку ограничен повик, на кој се јавиле шест агенции. Во дописот од три страни, службата наведува дека таа е надлежна само за резервација на авионските билети за потребите на владата, и најави кривична пријава против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, за ширење невистини, поради изнесување на овие податоци. (Р.В.)
Орфеј ги испразни министерските буџети
На 19. 4. 2006 година беше објавена информацијата дека, агенцијата ОРФЕЈ им издала авиобилети на министрите
Садула Дураку и Стевче Јакимовски за по 15.000 евра! Летале службено, со високи класи. Портпаролот на Министерството за земјоделство тогаш тврдеше дека Дураку не потрошил толку многу пари и дека на билетот е прикажан износ што не одговара на реалната, но одби да каже за колкава сума летал министерот. Билетот на име Садула Дураку чинеше точно 8.641 евро. Министерот Јакимовски за лет до Њујорк потрошил 4.719 евра. Ваквата практика на македонските делегации државата ја чини годишно и по 13 милиони евра. Толку пари има во буџетот за службени патувања.
Бучковски однапред ја плаќал Орфеј
Името на ОРФЕЈ беше посочено од државната ревизија во 2004 како агенција која од Министерството за одбрана раководено од Бучковски била избрана без тендер за набавка на билети, со повластена положба, за што на нејзина сметка биле префрлени 300.000 евра. Дали судир на интереси кај Владо Бучковски е она што го откри државниот ревизор во Министерството за одбрана во 2004-та година? Фактурите кон Жане „Орфеј” биле исплатувани експресно, за само три дена. Како 2004 година 300.000 евра се исплатени на туристичката агенција „Орфеј”, чија сопственичка е блиска пријателка на семејството Бучковски, како одбраната потрошила над 900.000 евра без ревизорот да најде оправдување за нив. Според дефиницијата во законот за спречување судир на интереси, ”судир на интереси е кога избраниот функционер повеќе си мисли на приватните интереси отколку на граѓаните.",
Извор: Вечер