606 напиша:
Чија гравитација? Таа секогаш е различна. Тоа објасни ми го.
Е сега, очигледно дека тука некаде ни е спорот...
Колку што сум јас упатена, јачината на гравитацијата е природна константа?!
Ако е така, тогаш сосема е сигурно дека доколку би била различна, не би постоеле ни облици на живот кои за своето одржување зависат од ѕвезди - сонца. :mist:
606 напиша:
Infra, за да постои еден атом може да има еден протон и еден електрон најмалку (како кај водородот) каде односот на масите им е каков што го наведе. Тука например нема неутрон. Меѓутоа постојат и некои изотопи на водородот каде односот на масите на протонот и електронот е за 2 или 3 пати поразличен. (тешка вода) Како го објаснуваш ова со твојата теорија? Треба да знаеш дека постојат уште многу покоплицирани атоми од водородот со уште покоплицирани „дефекти“ каде фалат електрон/и, протон/и или неутрон/и. Односот на вкупните масите на градбените елементи на такови атоми е толку различен што не постои можност да се најде зависност а камо ли да тврдиш дека таа е специфична!
Јаките и слабите јадрени сили заедно ги определуваат заемнодејствата на протоните, неутроните и електроните при образувањето на атомите. (Коригирај ме ако грешам)
Доколку јаката јадрена сила би била само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат. Во таков случај, целата вселена би се состоела само од водород (кој како што кажа има само еден протон во своето јадро). Од друга страна, ако јаката јадрена сила би била малку појака, целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум, а без присуството на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да се образуваат ѕвезди.
Значи, целата поента на ова што го пишувам е
„Зошто постои нешто, а не ништо?„
Ај веќе, кога се расприкажавме, да напишам уште нешто кое ме уверува дека 'се во вселената е прецизно поставено.
Критичната густина на вселената: нели гравитациското привлекување меѓу космичките структури на вселената влијае врз брзината на ширење на вселената, така што ширењето е балансирано од забавувањето поради гравитацијата. Логично, кога густината (количеството материја) во вселената би била поголема, гравитациското привлекување маѓу галаксиите би предизвикало забавување на ширењето во толкава мера, што таа би престанала да се шири и би колапсирала назад, во себе. Ниту пак би смеела густината да биде поголема. Значи, зборот ми е дека постои совршена рамнотежа помеѓу „ширењето и собирањето„. А тоа секако,
не е случајно.