Не сакам да давам совети кој е вистинскиот начин да се научи еден јазик.
Можам само да го дадам мојот пример, ама се слагам со
Luki Junior дека кога ти е обврска, од типот на курс, ќе гледаш да ја ескивираш, особено ако се учат работи што ти се смешни или неинтересни, како цвечки и полиња.
Во животов мој немам земено ниту еден час по англиски. На чколија учев руски. А сепак англиски го владеам до толку што понекогаш дури и на native speakers им ги фаќам грешките. Како? Немам поим како. Едноставно јазикот ми ѕвони во уво и фаќа фалш тонови. Знам кога е нешто офф, кога не паше.
Како почнав?
Со таа скудна основа што го имав, почнав да ги гледам Star Trek - Kirk & Picard (само овие двајца). Првиот, бидејќи е највечи фраер у маало
, а вториот, бидејќи во тој серијал се зборува супер англиски, правилни конструкции, убава конверзација, дипломатско изразување и сл. И се обидував да научам целосни структури на зборување, не зборови или изговор, туку начин на формулирање на реченици. Подоцна почнав да ги гледам со англиски тајтл одоздола.
Следно, ќе пуштев BBC радио, стриктно вести, и тераше така во позадина со саати. Нешто слушав, нешто не, ама важно мозокот знам дека пасивно регистрираше. Јас си бркав друга работа, учење, читање, готвење, чистење, кафе, интернет, што било, важно тој чичкото во позадина ми лафеше на англиски. Или гледав документарци. Значи, без разлика радио или ТВ, гледав да биде нешто каде ќе бидам изложена на proper еnglish, да не биде сленг, дијалект, гарбиџ или џибориш.
И потоа дојде планината. Решив да полагам испити на англиски, а јас безмалку дудук со јазикот. Книгата во лева, речникот во десна рака. Се згнав, стегнав заби, се потев, се нервирав, ама терав понатаму. И да има смешки-грешки, правиш едно кикири-какара и фураш даље.
И така, еден испит, па друг, па трет и потоа почна да лизга, за да го освојам тој што ми беше Монт Еверест од 9000 страници. Сега прашај ме за стручна терминологија на македонски, ќе почнам да ти зборувам како бебе.
Сепак, правам грешки понекогаш, но и ден денес да ме прашаш за паст/траст и фјучер/мучер немам абер кое што е. Англиска граматика сум ТАПА. Ама затоа сонувам на англиски, кога брзо зборувам на македонски ненадејно ми летаат англиски зборови. Само да не почнам така залуфтана да се расправам, аутомаЦки стискам свич-от и одам во странЦки мод.