Управа за јавни приходи

  • Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Фала за одговор @Bafra

Значи, ако добро разбрав, треба да поднесам барање за е-ППД и да ме одобрат во УЈП и потоа да го пријавам данокот преку е-ППД по што (ако е се' добро) ми се генерира електронски таков фолио број и со тоа во Банка да платам?
Исто читам до 10 се пријавува а до 15 се плаќа?
Јас ќе отидам денес ќе поднесам барање во УЈП за акаунт за е-ППД.

Еве го делот од страната од УЈП :

Поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) и плаќање на персоналниот данок

Пополнете ја Електронска пресметка на приход и аконтацијата на данок (е-ППД) преку e-pdd.ujp.gov.mk во зависност од видот на приходот кој го остварувате. За повеќе информации во врска со пополнувањето на пресметката е-ППД преземете ја брошурата „Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход“ http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/67
По одобрување на Електронската пресметка (е-ППД) од УЈП, електронски се доделува Фолио број и се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на персоналниот данок на доход со статус „Одобрена“ и Налог за плаќање на персонален данок на доход, односно налози за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход.
Налогот за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход должни сте да го платите најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
 
B

Bafra

Гостин

Така и јас го имам сфатено. Е сега твој е изборот дали ќе се пријавиш или не.
Прво се пријавуваш на системот
" На најавната страна на системот е-Персонален данок има дел за регистрација на нов корисник на системот, во кој треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.
Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира вашето Барање за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да го испечатите и да го поднесете лично во надлежната даночна канцеларија на УЈП и да приложите документ за идентификација или пак лично да го поднесе вашиот полномошник и да приложи документ за негова идентификација и полномошно заверено на нотар. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира вашата регистрација на системот е-Персонален данок истиот ден, по што треба да се најавите на системот."

После во е-пдд само си пријавуваш тоа што треба, самиот систем ти испраќа документ/фолио на емаил. Ако имаш електронско банкарство сам си ги внесуваш податоците од фолиото, ако не, ќе си го испечатиш и во банка на шалтер.

Ме чуди што од Банката ти пратиле такво известување.
Убаво од нивна страна што те информираат, но од друга страна значи почнале со евиденција и секое денарче да се оданочи :aplauz:

Така треба, сите да осетат како им е на нормалните фирми, па можеби тогаш ќе бараат отчет од политичарите.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Хахах фала ти многу за информациите, инаку и јас зачуден бев кога видов известување од Банка, гледам на страната на УЈП има дури и за продажба на зеленчук од нива на пазар данок :vozbud:.

Ќе си платам јас па нека им стигне ако им дошло до моите пари Поздрав
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
413
Поени од реакции
82
дали во Скопје има некое друг шалтер на УЈП каде што се поднесуваат пријави за даноци или само во дирекцијата кај зелено пазарче кај зоил

благодарам
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дали треба да правиме нешто електронски со овие годишни даночни пријави, ние сме обични вработени граѓани, или само си ја носиме пријавата ко лани?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Дали треба да правиме нешто електронски со овие годишни даночни пријави, ние сме обични вработени граѓани, или само си ја носиме пријавата ко лани?
ко лани
(ја барем така направив)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Дали треба да правиме нешто електронски со овие годишни даночни пријави, ние сме обични вработени граѓани, или само си ја носиме пријавата ко лани?
Тие “обичните вработени граѓани“ не треба ништо да поднесуваат доколку освен платата немаат други приходи (кирии, земјоделие, авторски трудови и тн.) на трансакциска сметка. Фирмата кај што работат поднесува годишна даночна пријава. За кеш, нормално нема трага за плаќање и нема потреба да се плати данок.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Тие “обичните вработени граѓани“ не треба ништо да поднесуваат доколку освен платата немаат други приходи (кирии, земјоделие, авторски трудови и тн.) на трансакциска сметка. Фирмата кај што работат поднесува годишна даночна пријава. За кеш, нормално нема трага за плаќање и нема потреба да се плати данок.
мислам дека требаат и тие (ако земаат к-15)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
мислам дека требаат и тие (ако земаат к-15)
Не треба, фирмата поднесува годишната пријава како што реков, вклучително и за к-15 и други надоместоци кои ги исплаќа истата фирма.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.433
Не треба, фирмата поднесува годишната пријава како што реков, вклучително и за к-15 и други надоместоци кои ги исплаќа истата фирма.
Ова ќе биде од догодина (hopefully), однеси си пријава ако не си го направил тоа до сега.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ова ќе биде од догодина (hopefully), однеси си пријава ако не си го направил тоа до сега.
Грешиш гарантирано. Тој што е само на плата не е должен да носи пријава. Тоа цел живот го работам и знам. Од догодина (тоа што се надеваш) нема воопшто никој да носи годишни пријави.
 
B

Bafra

Гостин
Грешиш гарантирано. Тој што е само на плата не е должен да носи пријава. Тоа цел живот го работам и знам. Од догодина (тоа што се надеваш) нема воопшто никој да носи годишни пријави.
Алооо ти зборат ако имаш дополнителен приход освен плата.
Ако само е плата тогаш НЕ треба.

Ако си примил К15 должен си, ако си примил кирија должен си, ако си примил било каков друг доход должен си да поднесеш. А ако имаш дополнително над 1.000.000 и ддв обврзник ќе си бидеш :D

Ти може и да не поднесеш ама наредни години ќе бидат повредни при проверки.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Алооо ти зборат ако имаш дополнителен приход освен плата.
Ако само е плата тогаш НЕ треба.

Ако си примил К15 должен си, ако си примил кирија должен си, ако си примил било каков друг доход должен си да поднесеш. А ако имаш дополнително над 1.000.000 и ддв обврзник ќе си бидеш :D

Ти може и да не поднесеш ама наредни години ќе бидат повредни при проверки.
Алоооо, тоа и јас пишав, ако има дополнителни приходи. К-15 не е допоилнителен приход алооо. Истата фирма ти го плаќа. На образецот кој се поднесува во УЈП од страна на фирмите има и за исплатен к-15. Не може да ти подели к-15 ако не плати персонален данок (ај погоди зошто донесоа закон да мора да исплатат к-15 приватните фирми, хинт... 10%).
Дополнителен приход е остварено надвор од фирмата (кирии, тезги, авторски трудови, хонорари и тн...)

За ДДВ обврзник е од годинава, не е за лани.

Што се петљате у работи што немате појма.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Ако зимаш к-15 мораш да поднесеш пријава. Така ми рекоа у книговодство. Така направив.
Порано коа не зимав к-15 не поднесував, после одкоа стана задолжително зимање к-15 почнав да поднесувам пријава.
Може не треба, не викам не, ја кажувам како што ми викаат тие кои претпоставено, се разбираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom