Упишување на дипломски труд под 200 кредити (УКИМ)

Член од
31 август 2019
Мислења
277
Поени од реакции
25

  1. Студентите кои при запишувањето на летниот семестар имаат освоено 200 кредити од положени предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломски труд (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот) и 50,00 ден. административна такса.


Ова го пишува во упатството за заверка на зимски и запишување на летен семестар. Јас моментално имам 174 кредити и имам неположени предмети од последниов зимскиот семестар.
Дали ова значи дека се додека не соберам 200 кредити нема да можам да запишам дипломски труд?
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Па да, тоа кажува. Многу убаво си пишува: сè додека немаш освоено 200 кредити не можеш да запишеш дипломска.

Ти имаш 174 кредити.

174<200, следствено: кога ќе собереш 200 кредити ќе можеш да упишеш дипломска, без разлика дали имаш веќе запишани предмети кои доколку би ги имал положено би имал 200/200+ кредити.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.213
Поени од реакции
935
Мислам дека можеш со професорот да се договориш да избереш тема и да почнеш да ја пишуваш. Откако ќе собереш 200 кредити само формално ќе ја пријавиш на студентски прашања и само ќе ја одбраниш :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.185
Поени од реакции
41.545
не гледам зошто би упишувал дипломска олку рано, додека стигнеш до 240 кредити ќе пројде година па и две. Ти си далеку уште од тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom