На студиските програми со посебни специфичности (на Архитектонскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност), селекцијата на кандидатите ќе се врши според успехот од средното образование и со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. Кандидатите се рангираат со собирање на бодовите добиени по двата основа.
- На Архитектонскиот факултет кандидатите може да освојат најмногу 100 поени,и тоа: успехот од средното образование учествува со 60%, а успехот постигнат на тестот за склоност за студирање архитектура учествува со 40%.
Пресметката на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин: бодовите од успехот од средното образование се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2. од Конкурсот. Вкупниот добиен збир се множи со коефициент 0,6. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.
- Пресметката на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши на следниов начин: вреднувањето на успехот од тестот за склоност за студирање архитектура се врши со бодување од 0 до 40 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите кои не добиле најмалку 15 поени. Кандидатите имаат право на увид во тестовите, исклучиво лично, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарните резултати, а по претходно барање доставено во писмена форма до архивата на Факултетот. По овој рок кандидатите немаат право на увид во тестовите.
- На уметничките факултети (Факултет за драмски уметности, Факултет за ликовни уметностии Факултет за музичка уметност), кандидатите може да освојат најмногу 100 поени,и тоа: успехот од средното образование учествува со 40%, а успехот постигнат со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите учествува со 60%.
Пресметката на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин: бодовите од успехот од средното образование за кандидатите кои полагале државна матура се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2. од Конкурсот. Вкупниот добиен збир се множи со коефициент 0,4. По оваа основа може да се добијат најмногу 40 поени. Пресметката на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши на следниов начин: вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 60 поени.
Проверката има елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите што не добиле најмалку 10 поени. Пресметката на поените од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите на Факултетот за музичка уметност се врши согласно Упатството за утврдување на предметите и на испитните програми за проверка на знаењата и умеењата за запишување на прв циклус на студиските програми на Факултетот и за начинот на бодување на знаењата и умеењата и начинот на пресметка на поените.
По објавувањето на резултатите од проверката на знаењата и умеењата, кандидатите имаат право на приговор, во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите. Кандидатите имаат право на увид во тестовите.