Удрени темелите на новата зграда на Кривичниот суд

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333



Со поставување на камен темелник денес беа поставени темелите на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје. Средствата во висина од 511.450.160 денари се обезбедени од Светската банка и од буџетот на Македонија, рече денес министерот за правда Михајло Маневски.

“За 18 месеци од сега, кога се планира и завршувањето на изградбата, на ова место ќе се издигне репрезентативен и функционален објект според највисоки стандарди, во кој ќе биде сместен најголемиот кривичен суд во земјата.“, рече министерот во своето обраќање пред присутните.

Тој истакна дека со инвестициите во судството се создаваат поповолни услови за работа, за остварување на подобри резултати и се обезбедува ефикасно функционирање на судството.

Премиерот Никола Груевски кој присуствување на свеченоста кажа дека Владата работи на подобрување на судската инфраструктура.

“Во таа насока во изминатите години е инвестирано досега најголем износ на средства во историјата на македонското правосудство, кои имаат за цел да ги подобрат целокупните услови за работа на судовите. Изградбата на зградата на Кривичниот суд претставува само еден сегмент од севкупните активности на Владата на РМ, насочени кон зајакнување на ефикасноста на судството во борбата против организираниот криминал.“, вели Груевски.

Тој рече дека е задоволен како течат реформите во судството.

“Во овој момент во Парламентот имаме Закон за академија на судии и јавни обвинители, според кои се подигнуваат стандардите за идните судии и јавни обвинители.“, подвлече претседателот на Владата.

Зградата ќе има десет нивоа, две подрумски, приземје, шест ката и поткровје. Со проектот предвидени се 74 судки кабинети, 22 средни судници и две репрезентативни судници од кои едната ќе биде со капацитет за 200 лица за случаи на организиран криминал.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Нека го средат прво најкорумпиранотот судство.
Шо ке се праи со старата?
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Нека го средат прво најкорумпиранотот судство.
Шо ке се праи со старата?
ubava rabota ... na istite tie koi pomagaa na kradcite i maloumnite politicari i biznismeni da bidat od bogati po bogati a siromasnite se po ugneteni, e ete denes istite tie ke dobijat po ubavi kozni fotelji, ubavo mesto za rabota.. za da mozat bez maka i nervoza, so polna samodoverba da prodolzat da go unistuvaat narodot ... dodeka kje ziveat kako aristokrati vo taa kamena zgrada, narodot nadvor od nea ke zivee so prosecni 150 evra ;) .. samo napred makedonijo .. t.e. ne makedonijo tuku grujo .... mamu vi jebem kako samo ja unistivte makedonija ...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
За да има правда во оваа земја нема потреба од барокни згради, можи и во бараки да се суди нема проблем. Џабе новата зграда кога нема правда за нас обичните смртници правдата е кај нотарите, стечајните судии и управници и извршителите.
Како е дозволиво нотар кој што би требало да е државен службеник да наплаќа за ополномошно колку за две лични карти, лист хартија А4 формат со потписи и печат на него чинат колку две лични карти. И потоа човекот имал куќа која што вреди најмалку 300 000 евра, е има.
Како можи стечаен управник на фабрика да е поголем доверител од УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско и од поранешните вработени? Па синот да е управител на старо новата фабрика.
Тоа е маката тоа е проблемот, а не дека зградите се стари или немало простор, џабе нови згради со истиот систем на делење правда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom