Убаво е да си убав

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Се сложувам со тие кои кажаа дека надворешната убавина не е пресудна за самодовербата кај луѓето.
Моето мислење околу тоа оди вака некако ... убав човек кој е свесен за тоа и кој постојано е опкружен со комплименти, со тек на време почнува да се опседнува со тоа и да мисли како убавината може да му ги отвори сите врати, па уназадува со својот труд да се надгради себе си психички, надградувајќи ја физичката убавина.
Понеубав човек (навредливо ми звучи да кажам грд, а и јасно е дека убавината е релативна), кој не е баш често забележуван од околината, се труди потсвесно да работи на неговиот карактер и образование, со што би се истакнал и би се здобил со внимание.

Човекот од првиот пример, кога ќе почне да губи од својата надворешна убавина се соочува со тешки проблеми почнувајќи од разочарувањето од себе, па до отфрлањето од другите, кои го почитувале, сакале или дружеле само за тоа. Според тоа, таквите луѓе имаат вештачка самодоверба која еден ден им паѓа на нула.
Човекот од вториот пример, кој започнува со никаква самодоверба, со тек на време, кога ќе се изгради внатрешно до некое завидно ниво, ја стекнува истата која му трае до крајот на животот. Таа самодоверба е вредна за почит. Таа самодоверба може да му донесе добро секому, бидејќи истата има основа. Таквите личности исто така повеќе се ценат ... ќе те придобијат засекогаш со нивната внатрешна убавина, бидејќи токму таа неможе никогаш да исчезне.

Неможе да негираме дека е чудно да видиш прејак/а дечко/девојка како научник или понеубав/а опкружен/а со 10 девојки/дечки во кафич, нали? Токму затоа, ова ми е некако погенерално гледање на работите, што апсолутно трпи исклучоци. Има убави луѓе кои се свесни за сето тоа, па се трудат да постигнат хармонија од две убавини, а има и такви кои не се баш убави, но се родиле како нарциси, имаат можеби расипани огледала, па со помислата дека се најубави постојано истото го наметнуваат на околината, покрај што немаат време да се изградат внатрешно. Ах, мислам дека овие вторите се полоши и од тој првиот пример.
Има многу варијанти, има ... најважно е секој да може да обрнува повеќе внимание на тоа што не се гледа од прв поглед ... само така светов би бил понаселен со убави луѓе.
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Абе џабе ако си убав а ако немаш внатрешна убавина тоа е најлошо. Според мене е така.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Убаво е да си убав ако си свесен за својата убавина. Во секој случај, убаво е да си свесен за нивото на својата убавина.

Се сложувам со тие кои кажаа дека надворешната убавина не е пресудна за самодовербата кај луѓето.
Моето мислење околу тоа оди вака некако ... убав човек кој е свесен за тоа и кој постојано е опкружен со комплименти, со тек на време почнува да се опседнува со тоа и да мисли како убавината може да му ги отвори сите врати, па уназадува со својот труд да се надгради себе си психички, надградувајќи ја физичката убавина.
Понеубав човек (навредливо ми звучи да кажам грд, а и јасно е дека убавината е релативна), кој не е баш често забележуван од околината, се труди потсвесно да работи на неговиот карактер и образование, со што би се истакнал и би се здобил со внимание.
Човекот од првиот пример, кога ќе почне да губи од својата надворешна убавина се соочува со тешки проблеми почнувајќи од разочарувањето од себе, па до отфрлањето од другите, кои го почитувале, сакале или дружеле само за тоа. Според тоа, таквите луѓе имаат вештачка самодоверба која еден ден им паѓа на нула.
Човекот од вториот пример, кој започнува со никаква самодоверба, со тек на време, кога ќе се изгради внатрешно до некое завидно ниво, ја стекнува истата која му трае до крајот на животот. Таа самодоверба е вредна за почит. Таа самодоверба може да му донесе добро секому, бидејќи истата има основа. Таквите личности исто така повеќе се ценат ... ќе те придобијат засекогаш со нивната внатрешна убавина, бидејќи токму таа неможе никогаш да исчезне.
.
Ова делува прилично осмислено и убедувачки но јас некако мислам дека важи спротивното. Колку пати сме виделе убави личности кои уствари се и мн успешни и среќни, значи самоуверени на кои не им е доста она веќе постигнатото и сакаат уште предизвици и се трудат на надоградување на личноста? Ако свесноста за убавината значи самодоверба, а самодовербата носи успех, јасно е. Од друга страна, колку пати сме виделе личности кои се неубави и како да им е наметнато дека се на пониска скала во општеството и и самите веруваат дека го заслужуваат помалото парче од тортата?
Сепак релативно е ова и не можат луѓето да се поделат на исклучиво убави или исклучиво грди.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Мојот пост воопшто не беше посебно осмислен или со цел да убедувам некого во нешто ...
Туку ако ме дочита, кажав јасно дека верувам и во исклучоци. :smir:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
Убавите луѓе не секогаш се полни со самодоверба поради тоа што се случува во одреден период да изгледаат прекрасно и се да биде на место, а др. период да станат од спиење, мамурни по долгото локање сношти, и да не изгледаат баш најдобро, односно да не изгледаат онолку добро како што изгледале во минатиот период, што ќе ги натера да ја изгубат самодовербата.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Да, се согласувам дека убавината влијае на самодовербата, но може и да биде голем “ришител“ на самодоверба. Проблемот е што прифаќаме ние да го сметаме за убаво! Додуша, за многу работи ние и не мислиме дека се убави, но ги прифаќаме за такви затоа што така вели околината.Пример, Анџелина Џоли сите ја сметаат за убава жена и полна со самодоверба. Но, никој не гледа дека жената е мизерна и несреќна, заболе од анорексија, стана коска и кожа, сигурно не се ни гледа во огледало повеќе. И сега да ставиме анкета тука 90% ќе гласаат дека Анџелина Џоли е жена со самодоверба.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Убавината...значи физичката убавина помага во некој ситуации во животот ама за жал не во оние важните каде што се бара способности и интелект.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ако мене некој ме праша да му кажам од оваа (моја) гледна точка, ќе му кажам дека физичката (од бога) дадена убавина нема ама баш никаква врска за самодовербата, за успехот, за партнерот.

Никогаш и немало. Жените се палат на статус, па мажот го прави “убав“ изгледот на важност во општеството (или сељачки кажано, кола, пари). Мажите се палат на кожа. Фала богу шминка за лице денес има колку сакате, па со добра комбинација на себе, сите можат да бидат привлечни за мажите.

Всушност убеден сум дека денес, за да се почувствува човек убаво, треба да сработи. Ако веќе телесната убавина ја земаме за пример, мислам на теретани, на спечалување доволно пари за пластични операции и што ти не. Бидејќи од деца сите сме убави, потоа се навлекуваме на хамбургери а подоцна кукаме дека не сме убави. Со малку желба и истрајност, сите сме убави...
 
F

filmadzijka

Гостин
Дали и колку сме ние убави по стандардите на другите е многу релативно. Мислам дека е поважно сам на себе да си бидеш убав. Не како Нарцис, се разбира, туку да се сакаш каков што си, за да не се сопкаш од сопствените комплекси во комуникацијата со луѓето, во целите што си ги поставуваш.
А за Анџелина, таа спаѓа во жртвите на задоволството. Неа ја „јаде“ токму обврската да биде најубава и најсекси и да го варди Бред од гладните обожавателки. Психологијата на славните е друго прашање. Мене ме интересираат обичните смртници.
 
F

filmadzijka

Гостин
sega i vie mnogu mnogu zborite.....ali na nikoj ne mu se slosilo na toa deka e ubav....
Да бе, арно велиш.
:eek:ftopic: Ете, мојата мачка ја одбрав САМО затоа што беше убава. Другите во мачилото беа едни шарени никакви, а таа бела цела. Кога и го запознав карактерот се покажа жив ѓавол, ама поради убавината - живее како грофица.

И јас се најдов да зборам. :icon_bigg
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: По мене убавината е важна во првиот момент, како за контакт така и за прифакањето на одредена особа .Многу често после извесно време се прашуваме што ли видов толку убаво кај неа или него. Тоа се случува кога ке ја запознаеме особата односно што носи во себе . срекните луге најчесто се убави ,не заради физичкиот лик туку среката зрачи преку нивниот лик. И добрите луге се исто така убави ,значи најважно е што носиме во себе и тоа ни се одразува надворешно. Имајте многу љубов и добрина во себе и секогаш :smir: ке бидете убави :smir: :smir:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Убаво е да си убав? Не знам. Убаво е да си среќен, убаво е да си исполнет, убаво е да си ангажиран, а зошто е убаво да си убав не знам? Ајде, претпоставка убаво е да си убав за да се чувствуваш подобро во врска со себе. Дали тоа ке те направи среќен, (бидејќи јас еве ја ставам среќата како број еден на мојата топ листа) не мора да значи. Во тој случај можеби е убаво да си убав ама во никој случај не е доволно.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Убавината е прва работа која ја забележуваме кај некоја личност.И точно е тоа дека многу врати отвара.Според мене не постојат грди луѓе туку луѓе што знаат да го истакнат најубавото на нив и да станат убави и оние што не знаат како да го направат тоа.И секако дека си многу посамоуверен кога си убав.А тоа дека е најважно што носиме во себе е неспорно,карактерот и душата на човекот се најбитни,но сепак мислам дека треба да се потрудиме и на надворешноста.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Битниот елемент е да знаеш да ја искористиш убавината што ја поседуваш во вистинската насока, тогаш, можеби, ќе биде убаво да си убав.
 
K

kat.<3

Гостин
најубавата убавина е онаа која човекот ја носи во душата, таа го прави она што е вистински, и таа е онаа која се одразува во очите,убав е човекот кој чувствува убаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom