Туториал: Мемориски картички

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
значи ја отварам темава за образование за мемориски картички. Поголемиот дел од македонското население не ни знаат што е тоа.
А пак тие што знаат не знаат да ги разликуваат. Многу малце се луѓето што знаат за што служат и која е разликата од еден вид на меморија до друг вид.
----------------------------------------------------------------------
ај да почнам. Значи скоро секој преносен систем па во поново време и мобилните телефони имаат слот за Мемориска Картичка. Таа служи за надополнување на меморијата. Значи таа нема да ви овозможи да снимате повеќе минути со вашата камера или пак да биде појака конфигурацијата на вашиот преносенс систем во овој случај се задржувам на мобилните. Исто така најчесто поставувано прашање е колку мп3јки или колку слики можам да слика со 512 мемориска картичка. Пред се зависи за сликите од тоа колкава е камерата т.е. пикселажата на камерата исто така многу зависи колку е освелтена сликата и колку бои има. Пример нокиа со 1.3 мегапикселна камера и со 512 празна меморија може да слика околу 700-750 слики. Доколку Самсунг со 1.3 мегапикселна камера со истата меморија слика максимум до 600 слики. значи објективот на камерата е различен кај самсунгот сликата ке е многу почиста и затоа поголем простор зафаќа една слика. Ист случај е и со мп3јките, сето тоа зависи колку е долга песната и со кој квалитет е. Има песни што се долги по 40 секунди а зафакаат 15 мегабајти, има песни што се долги по 15 минути а зафаккат 2 мегабајти. Најчесто мп3јките за да даваат чист и јасен звук се од 112,128 и 192кб на секунда, или во превод песна од 5 минути на 112 кб е скоро некои си 5 мегабајти и 600килобајти.
----------------------------------------------------------------------
Значи постојат повеќе видови на мемориски картички од кои како матични модели се:
SD - Secute Digital Card;
MS - Memory Stick;
MMC - Multimedia Mobile Card;
Compact Flash Card;
XD-card.
----------------------------------------------------------------------
Е сеа чекор по чекор.
SD - Secure Digital
најпозната и најраспространета картичка, т.е. според некои и најсигурна и најсовршена.
Најчесто ги користат пда и палм топ уреди, ги има во скоро 40% од дигиталните камери а и исто така и постари модели на мобилни телефони.

понапредно од СД е мини СД кое се користи стрикно само во мобилните телефони и тоа претежно појаки модели, со исклучок на некои сажеми.
Мини СД картичката со адаптер работи исто како СД картичка

а најмала картичка е микро сд, се случуваат да имаат фабрички мани и исто така неможат да ја постигнат ни брзината ни квалитетот како своите претходници - СД и Мини СД.
исто така и микро сд-то со адаптер работи како СД

----------------------------------------------------------------------

ММЦ - влага во слотови исто каде што може и СД, малце е потенка што значи дека овратно неможе да влезе...
ММЦ - Картичките се едни од најскапите картички - незнам ни јас зошто оти не ги диктирам јас цените а и најбарани картички оти поголемиот дел од нокиите ги користат.
има два модели на ММЦ, тоа се MMC + и ММC-mobiel.
ММЦ плус е целосна и подолга, предноста кај неа е што работи многу побрзо и се практикува само кај постари модели на мобилни телефони т.е. телефони кои имаат многу побавни процесори, ммц+ картичките се и поскапи од ММЦ-мобај.

Додека ММЦмобајл се поуниверзални оти имат додаток - адаптер да можат да функционираат иско како ММЦ+ само што сепак се многу побавни.
Можете да се уверите на 6600 нокиа кога ке ставите ММЦ+ се форматира за неполни 30 секунди од 256мб, додека ммц мобајл се форматира и по цела минута понекад.

----------------------------------------------------------------------

Мемори Стик Про, Мемори Стик Про Дуо и Мемори Стик Микро М2.
сите тие картички се ненормално прескапи, проблемот е што се заштитени со лиценца од Сони и ги користат само уреди на сони.
Мемору Стик Про е најголемата и првобитна меморија на компанијата сони, неа ја користат само постари и појаки модели на фотоапарати.


Мемори Стик Про Дуо, ја користат скоро сите модели на сониериксон телефоните и поновите модели на фотоапарати.
таа со додаток адаптер кој кошта некои 3/400 денари исто така може да врши функција како и мемори стик про, само што е многу побавна од неа.

Мемори Стик Микро М2 е најновата мемроиска картичка од Сони компанијата и ја користат само појаките модели на СониЕриксон.
Најголем капацитет до сега од М2 е 2гигабајти која на наш пазар неможе да се најде поради тоа што цената е некои 5500 денари.

----------------------------------------------------------------------

Компакт Флеш картичките се најстари мемории што се познати кои се користат за фотоапарати.

----------------------------------------------------------------------

Понови од Компакт Флеш картичките кои исто така се наменети само за фотоапрати се XD-Picutre i XD-Memory Card.





Е сега како иде нанапред технологијата така се понапредни и картичките пред 3-4 години најголема картичка за комерцијална употреба беше еден гигабајт, денеска е познато дека скоро у секоја продавница за компјутери може да се најде картичка од 4 гига или 8 гига... Исто така порано картичките беа како флопи, од премногу форматирање знаеа да цркнат а и исто така ако приметивте на СД картичките има од страна за заклучување исто како флопито додека поновите модели на картички тоа се прави софтверски преку самиот уред. Тоа е малце негативно оти си ставаш самиот код и најчесто има луѓе што ке го заборават кодот и сакаат да ја форматираат картичката или да ја прфрлат на друг уред нема да можат освен ако не ја декодираат.
мислам дека имаше и тема за ова отворено, иначе до сега најголема мемориска картичка е на Самсунг, која сеуште не е искочена во комерцијална употреба иначе е со големина од 16гигабајти.
----------------------------------------------------------------------------------
Иначе за квалитетот и дефектите кај мемориските картички да расправаме. Според мене најквалитетни мемориски картички се Kingmax и pqi, фирмата на мемориските картички даваат 5 години гаранција а на останатите нивни производи како рам мемориите даваат и доживотна гаранција, што значи дека имаат добра репутација и е најпознат производител на светот за мемории. Мемориските картички се на принцип како хард дисковите исто така имаат сектори се зависи од тоа која големина на картичката е тоа појке сектори има, само тука пошто се работи за микротехнологија не може да се сервисираат додека се расипе некој сектор. Најчесто се расипуваат од неисправен читач или пак пренатрупаност со информации. Физичките дефекти ги знаете мислам и самите, доколку падне во вода, доколку биде подложена на повисок напон, доколку ја скршиш најчесто од силен притисок не мора да значи дека ако нема надворешна пукантине не сте повредиле ништо внатре таа е составена од сребрена фолија и изгледаат како мини цедиња али за жал со голо око многу слабо се гледа ке видиш само крукче како трошка. Повреда на еден сектор значи повреда на целата картичка.

 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
јас само би додал дека и Мемори Стиковите од Сони се скоро два пати поскапи од другите еквивалентни модели
 

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Mac)) напиша:
јас само би додал дека и Мемори Стиковите од Сони се скоро два пати поскапи од другите еквивалентни модели
читај! :pos2:
Necrophilia напиша:
Мемори Стик Про, Мемори Стик Про Дуо и Мемори Стик Микро М2.
сите тие картички се ненормално прескапи, проблемот е што се заштитени со лиценца од Сони и ги користат само уреди на сони.
Мемору Стик Про е најголемата и првобитна меморија на компанијата сони, неа ја користат само постари и појаки модели на фотоапарати.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не видоф бе се изгубив у текстов...
Или ти нешо сеа си препраил :pos:
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Не преправил. Ќе имаше она "Последен пат изменето од Necrophilia на хх во хх" :baeh:

Иначе ме зачуди една работа. Напиша дека ММЦ+ се форматира за 30 секунди, а обичната ММЦ понекад и "по цела меинута". Јас на 6600 кога форматирав чекав околу 15-20 минути. Можно е дека имав доста постар софтвер? Мојот беше 3.12хххх нешто у тој стил, а најнов беше 5.2ххх.
 

Necrophilia

Optimal Сasual Dating - Authentic Ladies
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Jane напиша:
Не преправил. Ќе имаше она "Последен пат изменето од Necrophilia на хх во хх" :baeh:

Иначе ме зачуди една работа. Напиша дека ММЦ+ се форматира за 30 секунди, а обичната ММЦ понекад и "по цела меинута". Јас на 6600 кога форматирав чекав околу 15-20 минути. Можно е дека имав доста постар софтвер? Мојот беше 3.12хххх нешто у тој стил, а најнов беше 5.2ххх.
најверојатно, оти 6600 имаше од многу земји, од унгарија, кина, финска, германија од кај све немаше копии на тој телефон и од искуство знам дека на некои процесорот им беше бајаги побрз одколку на друг. а исто така голема улога игра и картичката.
Како на хард-дискот, ви текнува колку вртежи има во секунда - 5200рпм, 7200 рпм итн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom