Туршија, гордост на секој македонски дом

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Личи на кромид... Се прави како и обичната туршија, ништо специјално. Барем така мислам, затоа што не ја правев јас :pos:
Олимпија?
На шо личи, мислев какво е по вкус, и дали се губи мирисот со стоењето во солилото...

Инаку како се спрема? Треба да се сецка/дроби некако или се клава цела главица излупена само?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
не знам дали сте јаделе каракушки(чичока) во пресол, мене ми се највкусни. еве ви и слика да ги видите како изгледаат.

а еве ви рецепт за кромид или лук во тегла:
2 мали лажичиња сол,
2 мали лажичиња шеќер,
4 големи лажици бел оцет,
помали главици кромид, зависи од тоа колку ќе ви собере во една тегла,
ладна вода.
ќе го ставите кромидот во тегла, нормално исчистен од лушпи, (не да го гмечите, туку убаво да ја пополни теглата). додавате сол, шеќер, оцет и ја дополнувате теглата со ладна вода и ја затварате. нека стои една недела, на поладно место и повремено ќе ја протресувате теглата, барем еднаш дневно.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ај подобјасни како се прај ова? И на шо личи од ко ќе се напрај?
Се става во туршија, како шо е наредена резанчиња кромид. Убав шмек и дава на туршијата а и вкусен е кромидот :D
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
ма не мора резанчиња за мојов рецепт и цели може да одат во тегла, е сега ако се поголеми на половина или четвртина ги сечеш. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom