Турците пројавија амбиција скопскиот да стане поглавен аеродром од виенскиот

  • Креатор на темата oon
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Аеродромот Александар Велики е импозантен само според името. Според се останато аеродромот не е нешто со кое Македонија може да се гордее.
Првата и последна ипресија за Македонија луѓето кои претстојуваат во земјава ја добиваат тука. Впечатокот секако не е импресивен. По дваесет години транзиција Македонија заслужува репрезентативен објект, модерно авиопристаниште преку кое ќе комуницира со светот. Но да го погледнеме аеродромот подетално со слика и бројки за состојбата.
Овие макети за изгледот на скопскиот аеродром се уште се далечна визија. Главниот аеродром во земјава и натаму повеќе личи на несредена автобуска станица во неразвиениот свет отколку на просечно авиопристаниште во Европа.
Но актуелната состојба според изгледот и според обемот на сообраќај е логична последица на отсуството на стратегија за развој. По кризните години од војната на Косово и конфликтот во Македонија бројот на патници е во опаѓање. Обемот на сообраќај од 1999 е неповторлив.



Тогаш странците и бегалците кои минаа низ земјава создадоа бројка од милион патници годишно. Кога работите се вратија во нормала, бројот на патници се преполови и се врати во македонскиот просек кој изнесува околу 500 илјади патници годишно. Еве го прометот на аеродромот во изминатите четири години.
  1. 2005 - 521.339 патници
  2. 2006 - 542.319 патници
  3. 2007 - 626.644 патници
  4. 2008 - 652.339 патници
Без сериозен инвеститор Скопскиот аеродром нема шанса да стане регионален аеродром. Околните аеродроми не губеа време. Приматот сега го имаат аеродромите во Тирана и Приштина. Германски Хохтиф го реконструираше аеродромот во Албанија, приштинскиот стаса до три пати поголема бројка на патници.
Скопскиот во меѓувреме доби само ново име но не и нов имиџ. Амбициозните проекти и најавите за реконструкција стасуваа со секоја промена на власта но плановите бргу спласнуваа. Реална шанса за излез од маѓепсаниот круг на тонењето во место донесе турски Тав.
Компанијата се обврза со 200 милиони евра да му даде комплетно нов лик. Турците пројавија амбиција скопскиот да стане поглавен аеродром на Балканот од виенскиот, но во намерата ги пресретна економската криза.

Инвестицијата според Владата и ТАВ е одложена за во септември.
Сосотојбата на аеродромот е само едната страна на тажната приказна за состојбите во домашниот авиобизнис. Грдата слика ја заокружува фактот дека Скопје е единствениот главен град во Европа што нема директна авиоврска со Брисел, Рим, Берлин, Париз, Лондон, Мадрид и уште голем број европски метрополи.
Тука своја вина имаат авиокомпаниите кои не најдоа интерес за да ги покријат овие дестинации. Домашната авиокомпанија МАТ порано леташе на најмалку десет европски дестинации. Сега лета единствено до Виена и Истанбул, а последниве десет дена ниту таму.
За тоа што е причината одговор побаравме од Живко Груевски од менаџерскиот тим на компанијата.
„За жал со неподносливо болната леснотија со која првиот човек на АЦВ, Зоран Крстевски, ја донесе одлуката, или забраната да македонскиот авион, или авионот Боинг, впишан во Македонскиот регистар, кој го носи името на Република Македонија, кој го носи знамето на Република Македонија, да му забрани да долета и да прелета после извршениот сервис, во техничката база на овластениот лиценциран сервис во Белград. Едноставно, нашето знаме и нашето име, во ликот на нашиот авион, останаа на некоја споредна ваква платформа на Белградскиот аеродром“, изјави Груевски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108850
 

Kajgana Shop

На врв Bottom