Тумор на мозок- Лекување со оперативен зафат

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
А кого треба да слуша бе Псај, тебе? Слаџана Велков? Баба Рада?
Состојбата на здравството во Македонија е друга тема и слушањето на советите на тукашните доктори не е секогаш паметно, ама сепак докторите поминуваат минимум 10 години од животот учејќи. Затоа потенцирав сериозен неврохирург.
Ти си поминал колку, година дена листајќи линкови на google? Какво формално образование имаш?
Што тебе те прави квалификуван да кажеш дека треба или не треба да се следат советите на докторите?
Што те прави квалификуван да кажеш дека тревки и вегета се лек за нешто и дека веганската исхрана е подобра или полоша или каква и да е?
Многу е лесно да се правиш експерт вака на форум кај што не можеш да осетиш ниедна последица од тралалајките што ги пишуваш.
Убаво е што ти си се определил за еден животен стил и што ти одговара ама аман не се мешај кај што немаш ни познавања, ни дополнителни податоци, ни експертиза за да можеш да препорачаш нешто. Не сум сигурна до кој степен си свесен дека луѓето се наивни и во одредени ситуации би примениле секакви глупости што ќе ги прочитаат и ќе си нанесат невидени штети, а на крај тој што на некој начин практично ги натерал да го направат тоа нема да трпи никакви последици.


Кој те цитираше тебе, и кој кажа дека не треба советите да се слушаат? сакам да одговори па ќе дојдам до поентата, не рипај со заклучоци и квалификации нити ме познаваш, нити знаеш нешто за мене.

Моите совети никогаш не налагаат да се прекине со ниедна терапија препишана од доктор, немој да ми ставаш зборови во уста.[DOUBLEPOST=1521735317][/DOUBLEPOST]

Ај вака да не го чекаме членот. Идеме по ред, споредба на неколку разни типови на диети и нивниот ефект на канцер,

Извор,



Ex vivo анализа на спосoбност на крвта, да уништи/инхибира канцер клетки, нормална диета, и whole food веган диета, 8x разлика, хехе.

Извор,







Ефекти на веган диета на крвта на пациентите - превенција и супресија на прогресот на канцер - после само 2 недели од промена на диетата,

Извор,




Стимулација на апоптоза на истата диета, за само 2 недели!




За крај, прашање до тебе, колку години од тие 10 кои ги наброја на докторите, се потрошени во нутриционизам и се што е поврзано со него?
 
Последно уредено:
Член од
19 декември 2014
Мислења
566
Поени од реакции
735
@Psyside nema ama bas nikakva povrzanost so dokazani t.e relevsntni klinicki studii za tip na ishrana i th na carcinom da imase lek vo toa ke se spasea mnogu luge,mozebi moze toj vid ishrana da prevenira tumori ama da pomogne vo th tesko.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
1 пост над тебе
 
Член од
19 декември 2014
Мислења
566
Поени од реакции
735
Apsolutni brojki samo nafrlani treba procentualno da bide dadena vrednosta da se vidi incidenca i prevalenca
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Кој те цитираше тебе, и кој кажа дека не треба советите да се слушаат? сакам да одговори па ќе дојдам до поентата, не рипај со заклучоци и квалификации нити ме познаваш, нити знаеш нешто за мене.

Моите совети никогаш не налагаат да се прекине со ниедна терапија препишана од доктор, немој да ми ставаш зборови во уста.[DOUBLEPOST=1521735317][/DOUBLEPOST]


Ај вака да не го чекаме членот. Идеме по ред, споредба на неколку разни типови на диети и нивниот ефект на канцер,

Извор,



Ex vivo анализа на спосoбност на крвта, да уништи/инхибира канцер клетки, нормална диета, и whole food веган диета, 8x разлика, хехе.

Извор,







Ефекти на веган диета на крвта на пациентите - превенција и супресија на прогресот на канцер - после само 2 недели од промена на диетата,

Извор,




Стимулација на апоптоза на истата диета, за само 2 недели!




За крај, прашање до тебе, колку години од тие 10 кои ги наброја на докторите, се потрошени во нутриционизам и се што е поврзано со него?
Не ме цитираше мене ама како модератор на подфорумот кој долго ги следи твоите неохипи теории морална должност ми беше да интервенирам пред да се полажат луѓе. Иако некое време само ти го прескокнувам постовите во име на слобода на говор (а искрено и немање нерви и трпение за докажување со тебе), почна веќе да зацапуваш во лизгав терен. Нема што не лечиш со куркума, нема што не препорачуваш од iherb, нема здравствен проблем што не го решаваш со невен. И се тоа е во ред кога се работи за ждригавица и гребаници. Ама постои граница на толеранција, имаш подфорум алтернативна медицина па таму колку сакаш промовирај зачини. Има тема за веганска/вегетаријанска исхрана, таму слободно раскажувај колку е најпрекрасна исхраната.
Има и други студии баш за рак на дојка што ја негирале поврзаноста на веганска исхрана и рак на дојка.
Туку, ајде првата студија, ама на другите sample size под 100 пациенти и заклучоците им се “Intensive lifestyle changes may affect the progress”... Од “may” до “do” цела вселена.
Убаво е што си ентузијастичен ама медицината не почнува и завршува со научување на пет медицински изрази и читање изолирани студии. Цел живот помини го читајќи студии и пак ќе имаш помалку кредибилитет од вистински доктор кој работи со пациенти и гледа како сите тие работи практично влијаат на луѓето, а не седи дома пред компјутер да чита теоретски, во лабораторија, како се одвивал процесот. Кога ќе отвориш твоја ординација и ќе имаш успешно излечено луѓе од рак со веганска диета тогаш дојди и однесувај се ко газда овде. До тогаш читкај си студии и свиркај си.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Знам јас еден негативен пример.
Беше на операција во Турција, се перфект, тумор нема, среќен радосен, по 6 месеци на рутинска контрола му наоѓаат тумор во мозокот во 4 стадиум, човекот за 3 недели почина.
Релапсот е секогаш поинванзивен и пострашен
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Релапсот е секогаш поинванзивен и пострашен
Не се разбирам до толку, човекот беше млад, 31 година, се оженил пред 3 години, и има ќеркичка, мислам дека не ја ни запозна. Како може така, го прават операција, се во ред, нема никакви симптоми, ни трнење на раце, одличен вид, и по рутинска контрола откриваат дека е во напреден стадиум, и нема ефект ни од операција.
Нели се зема примерок од извадениот тумор, дали е малиген или бениген, па се испитува колку е веројатност пак да се појави или ништо такво нема?
Во Турција мислам го правеа операција.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не се разбирам до толку, човекот беше млад, 31 година, се оженил пред 3 години, и има ќеркичка, мислам дека не ја ни запозна. Како може така, го прават операција, се во ред, нема никакви симптоми, ни трнење на раце, одличен вид, и по рутинска контрола откриваат дека е во напреден стадиум, и нема ефект ни од операција.
Нели се зема примерок од извадениот тумор, дали е малиген или бениген, па се испитува колку е веројатност пак да се појави или ништо такво нема?
Во Турција мислам го правеа операција.
Секој канцер може да се појави уште еднаш и тоа не уште еднаш, до крај на животот не си безбеден, освен нели ако не го отстраниш органот, тестисот или градата. Проблемот е како што кажав, кога ќе се врати е уште поинванзивен и пострашен, побрзо се шири, повеќе штета прави..

Еден куп карциноми се откриени на случаен преглед, дали систематски од работа или пак проверуваш нешто трето и ќе испадне проблем голем.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не може да нема никакви симптоми. Има и најчесто ги игнорираат затоа што се исти како и за други болести и никој не мисли на ова. Сигурно почесто имал силни главоболки, емотивни промени, поспаност, гадење, намален осет за мирис итн.


Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега се сетив на девојчето. 98% од туморот е отстранет без последици и ова се слики од контролата направена после еден месец по операцијата. И ќе се види што ќе прават со оние 2% и каква терапија ќе има.
Во Систина им гарантирале успешност од 70% со последици во говорот и парализа на едната страна. Има разлика во цената со онаа на турците, ама и во успешноста.



Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не може да нема никакви симптоми. Има и најчесто ги игнорираат затоа што се исти како и за други болести и никој не мисли на ова. Сигурно почесто имал силни главоболки, емотивни промени, поспаност, гадење, намален осет за мирис итн.


Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Јеп, точно е ова. Еден роднина мој имаше канцер на бели дробови, се задишуваше 4-5 месеци пред тоа ама игнорираше зошто мислеше дека бил улежан. Трнење во рамо исто, губење на енергија, се тоа си беше присутно.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јеп, точно е ова. Еден роднина мој имаше канцер на бели дробови, се задишуваше 4-5 месеци пред тоа ама игнорираше зошто мислеше дека бил улежан. Трнење во рамо исто, губење на енергија, се тоа си беше присутно.
Многу порано од оваа се јавуваат симптоми. Татко на жена ми го имаше истото ова. Точно пред десет години се појавија првите симптоми.
Намалувње на тежина, јадење на многу благо, плукање крв. Докторите не го упатија на други испитувања, туку само да ги откаже цигарите.

После тоа за краток период ја покачи тежината, изгледаше здраво и нормално. После седум години се појавија и тие симптоми со болки на грбот во делот под раката, замор, поспаност и на крај она мрдање на рамото.

Сите мислеа како е можно за 5-6 месеци така набрзина, ама тој симптоми си имаше и пред седум години. Ама кој да се лечи тогаш.




Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не ме цитираше мене ама како модератор на подфорумот кој долго ги следи твоите неохипи теории морална должност ми беше да интервенирам пред да се полажат луѓе. Иако некое време само ти го прескокнувам постовите во име на слобода на говор (а искрено и немање нерви и трпение за докажување со тебе), почна веќе да зацапуваш во лизгав терен. Нема што не лечиш со куркума, нема што не препорачуваш од iherb, нема здравствен проблем што не го решаваш со невен. И се тоа е во ред кога се работи за ждригавица и гребаници. Ама постои граница на толеранција, имаш подфорум алтернативна медицина па таму колку сакаш промовирај зачини. Има тема за веганска/вегетаријанска исхрана, таму слободно раскажувај колку е најпрекрасна исхраната.
Има и други студии баш за рак на дојка што ја негирале поврзаноста на веганска исхрана и рак на дојка.
Туку, ајде првата студија, ама на другите sample size под 100 пациенти и заклучоците им се “Intensive lifestyle changes may affect the progress”... Од “may” до “do” цела вселена.
Убаво е што си ентузијастичен ама медицината не почнува и завршува со научување на пет медицински изрази и читање изолирани студии. Цел живот помини го читајќи студии и пак ќе имаш помалку кредибилитет од вистински доктор кој работи со пациенти и гледа како сите тие работи практично влијаат на луѓето, а не седи дома пред компјутер да чита теоретски, во лабораторија, како се одвивал процесот. Кога ќе отвориш твоја ординација и ќе имаш успешно излечено луѓе од рак со веганска диета тогаш дојди и однесувај се ко газда овде. До тогаш читкај си студии и свиркај си.
Моите теории не се теории, него факти покрепени со докази од лица кои за тебе, и било кој доктор во МК се богови, тоа што тебе лично како "доктор" или што и да си, ти смета на некој начин е само твој проблем и ништо друго, горе ги имаш линковите може да си разгледаш. На темава и на другата пробуваш да ме сместиш во ќош со луѓе кои го базираат знаењето на теории, многу несоодветно за модератор на форум иако за се што сум рекол има приложено докази кои ги игнорираш за да го "добиеш" аргументот.

Друго, како и претходно така и сега, да се изјаснам уште еднаш, ако пациентот дојде до крајна фаза - или ради xx причини тука скоро ништо не помага, и шансите за преживување се скоро непостоечки, јас тоа многу добро го знам тоа и воопшто не го негирам нити имам некакви илузии на таа тема - вие на форумов си создавате некоја фикција - паралелна реалност, си додавате ваш поглед на проблематиката и аспекти кои нити се спомнати и истите ги поврзувате со непостечки аргументи - перцепцијата ви е тотално различна од она што го зборам на темата, повторно за тоа не сум јас виновен, него тоа што вие имате проблем со интерпретација на текстот. Фактички ти не ме "демантираш" мене, ги демантираш луѓето кои ги прават студиите, тоа е моментот кој ти промакнува.

Трето, како тоа спомнуваш may, кога знаеш дека огромен дел од студиите се класифицирани со тој термин, заради тоа што секогаш има исклучоци, дали на пациентите кои идат на хемо, им кажуваат дека ќе се излечат, или дека МОЖЕ ќе се излечат, може вака тука на темава, како ептен едуцирана да ни објасниш зошто е тоа така, и да ни објасниш колкав процент од пациентите на хемотерапија се излечени?

Четврто, мојот одговор на членот се однесуваше на ова,

Што после операција? Се остранува туморот без последици, се стабилизира организмот. На што треба да се внимава?
Доколку имате искуство за нешто одредено.
a) Не е предложено да не ги слуша советите на докторите

b) Не е предложена алтернативна терапија на место на хемо, операција, или кои методи и да се користат како третман

c) Не е предложено ништо алтернативно сем диетата, и суплементација, кои се користат како додатни методи за подобрување на општата состојба и потенцијално спречување на компликации


За крај, те молам уште еднаш, бидејќи заради тоа што 10 години докторите се едуцираат, и затоа нивниот збор е побитен од мојот или од било кој друг - би те замолил да ми кажеш колку време од тој период докторите го поминуваат во изучување на нутриционизам, и влијанието на диетата и микронутриентите во здравјето на еден човек?

И две видеа за крај како бонус,


[DOUBLEPOST=1521770152][/DOUBLEPOST]
Apsolutni brojki samo nafrlani treba procentualno da bide dadena vrednosta da se vidi incidenca i prevalenca
Наместо да се расфрлаш со замерки, погледни ги студиите!

When vegans were examined as a separate group for the 3 commonest cancers, with meat eaters as the reference group, there were no significant associations with risk of colorectal, breast, or prostate cancer, but vegans had a 19% lower risk than did meat eaters for all cancers combined
 
Последно уредено:
Член од
19 декември 2014
Мислења
566
Поени од реакции
735
Не се разбирам до толку, човекот беше млад, 31 година, се оженил пред 3 години, и има ќеркичка, мислам дека не ја ни запозна. Како може така, го прават операција, се во ред, нема никакви симптоми, ни трнење на раце, одличен вид, и по рутинска контрола откриваат дека е во напреден стадиум, и нема ефект ни од операција.
Нели се зема примерок од извадениот тумор, дали е малиген или бениген, па се испитува колку е веројатност пак да се појави или ништо такво нема?
Во Турција мислам го правеа операција.
Ako e gliblastoma multiforme smrtnosta e 100% prezivuvanje bez operacija e 9-12 meseci
so operacija 15-18 meseci vkluceno i radijacija retko koj ima vek poveke od toa mozebi 1% od pacienti so taa dijagnoza.
Mnogu maligen i invaziven tumor koj ne moze preventivno da se otkrie.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Има цела тема за канцер на форумов, не знам зошто ова се одвои од тоа (суштината е иста, добро, модераторите нека си одлучат).
Познавам некои вегани. Мој став е дека повеќе си го уништуваат животот од што праат нешто племенито. Да кажеме, добар дел од исхраната им е пржени компири, чипс, леб, путер од кикирики и други ствари кои да кажеме еве некои и јас ги конзумирам, ама не ми е исхраната базирана на нив. Така да, ова што го збори Псај не ми изгледа многу логично. Ако се храниш со органски одгледана краставица со органско маслиново масло - ок....меѓутоа на таква храна ретко кој може да се базира. Во принцип честата употреба на неоргански продукти е силно поврзана со причините за појава на канцер, така да, мој личен став, може тотално погрешен, ама по некоја основна логика е дека 15 пати прскано јаболко со боен отров (тоа се пестицидите за овошки, со редуцирана густина) воопшто не е поздраво од варено свинско месо во умерени количини од свиња одгледувана во релативно нормални услови, иако црвеното месо се посочува како еден од најголемите предизвикувачи на канцер (што повеќе се однесува на процесирано, салами, кобасици исл.). Под употреба на неоргански продукти се подразбира и сапуни, шампони, средства за хигиена, хлорирана вода.
Во медицината не секогаш 1+1=2, меѓутоа ова мислам дека важи кога дијагнозата е непотполна или не се согледани сите аспекти од проблемот. Немам никакво медицинско познавање, па сега малку ќе карикирам - ако клетките на канцерот потекнуваат од истиот организам, тогаш нивното размножување и хранење е по принципот по кој се хранат и нормалните (да ги наречам), здравите клетки. Сакам да кажам дека храната која ја добива организмот за да егзистира и да се одржува е храна и за истиот да умира (побрзо или побавно, зависно од метаболизмот, кој нели е поактивен кај младите луѓе). Уште не сум убеден дека постои храна, која единствено ќе цели кон здравите клетки. Затоа сум скептик дека промената на исхраната во веганска би направила некоја драматична разлика или би спречила ширење на истиот. Нормално, на дилемава има одговор во некои истражувања, меѓутоа, прашање е колку тие се спроведувани во средини како нашата, во која повеќе има хлор од Х2О во водата или повеќе пм2,5 честици од кислород во возухот или отворени депонии на линдан......итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom