Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
што мислите ќе се одржи ли 5К трката на Скопски маратон на 2-ри Октомври? Со корона ситуацијава мене ми изгледа дека сако 21К,42К ќе бидат на програмата
 
што мислите ќе се одржи ли 5К трката на Скопски маратон на 2-ри Октомври? Со корона ситуацијава мене ми изгледа дека сако 21К,42К ќе бидат на програмата
Да, му уплатив на тетин ми, не смее да се откаже.
 
што мислите ќе се одржи ли 5К трката на Скопски маратон на 2-ри Октомври? Со корона ситуацијава мене ми изгледа дека сако 21К,42К ќе бидат на програмата
Нема теорија
 
Браво за @boban984 за 60км и 3200D+ во Охрид, на оние услови е подвиг да завршиш и плус со солиден резултат :D

Инаку Дејан Ангелоски 6:09 истрча 60 км со 3000 D+ а 20 години има. Мислам за некоја година ќе имаме солиден за на еворпски и светски првенства. И годинава беше 12-13ти со две минути задоцнување на светско у вертикала. И си мислам ако маратон на рамно трчам 4 саата и да паднам со темпо тука негде ќе бидам 60к за 6 саата :D
Гркот 11:44 на 100ка што да се каже.
Или таа од Русија 7:23 и трето место у генерален

За мене топ беше, како никогаш досега од аспект на авантура :D
Само магла дожд и почнаa маркациите, го искачи Магаро можда у топ 12-13 бев, се спуштив на Превој, го искачив Лако Сигној и почнав да спуштам накај 23-24км магли, ветришта и почнаа маркации да паѓаат.
И паника ме фати види една маркација стигни до неа, следната не ја гледам, втаќај се назад не можам да ја видам таа што сум ја видел пред тоа :D

Почнав да се тресам, да ми студи неверојатно, имав и јакна и непопустлива на дожд и драј фит на долги ракави џабе се тресев. Едно 2км бев надолу од Лако Сигној. Можда пола саат се вртев у 100 метри барајќи следна маркација, почнав да свирам со свирче ниеден следен тркач не сретнав да се спушта. Не бев толку брз, негде 4:40 бев на Лако Сигној можда 10 тркачи у наредни пола саат требаше да поминат додека се вртев у место. Само шо 10 метри да сум промашил маркација не се гледа никој .

Седнав до една карпа, немаше ветер ама пак се тресев. Земав се јавив на спасителна служба. Тие ми викаат ако тргнеш накај запад 70 метри има патека да се вратиш барем до Лако Сигној. Викам не можам од магливе да мислам на ништо, ок прати ни локација и доаѓаме. Дојдоа за 10 минути, секоја чест и ме облекоа у една Јакна дебела ко за на Арктик и ми дадоа чај.

Се враќаме наназад и тие маркации шо ги гледав кога се спушта пола беа испопаѓани, пола шо беа како знаменца на висина од 30-40цм и тие паднати на земја. Супер шо се јави и шо уопште фати сигнал тука ми викаат, овој ветер е над 50км на час.
Си викам да издржев барем уште 3-4 км како се спушташ надолу маглата треба да паѓа и ветерот, али некој следен пат

Се е добро кога добро ќе се заврши, Скопски 42ка на рамно подобро :D
 
Последно уредено:
Времето беше лудница горе ... на пониските делови иако врнеше не беше ништо страшно, ама горе после Превој беше страшничко малку :)

Дожд во комбинација со ветер од 100К на час, плус густа магла т.е. облак :) и капак одлетаните маркации ... совршени услови за губење.
Ја изгубив патеката 4 пати ... можеби пола саат поминав во лутање и барање маркации.
Битно добро се заврши и немаше повредени на тој дел.

BTW имало некоја девојка на 60К трката ја напднал Шарпланинец кај Велестово, а била прва (барем така ми кажаа), ја видов на доделувањето беше преврзана на ногата кај бутот.

Неколку слики од ултрата:
https://boban100.synology.me/photo/mo/sharing/ztVOo4CtJ
 
BTW имало некоја девојка на 60К трката ја напднал Шарпланинец кај Велестово, а била прва (барем така ми кажаа), ја видов на доделувањето беше преврзана на ногата кај бутот.
Можно е пољакињата да била на 60к, до Превој заедно трчавме до Лако Сигниј ми избега 15минути. :D Гледав резултати 9:17 имала на Велестово, последно на таа станица забележана со време и се откажала. Си викам да стигнам на 10км до цел со одлично време па ќе се довлечкам одејќи, ама си имала мака очигледно
 
3:39 маратон претходен најдобар 3:52
30-40км неделно трчам, лонг ран еднаш у 4 недели и никогаш подолго од 24км и "одозгора на тога" на пелинковац, Ракија и вино бев до средата 5-6дена по ред(по малку ама не треба ич :D) .
 
Izvini mislev deka veke gi imate vreminjata.
Me interesira kolku imase deneska na trkite sho trcaa?
Jas prva godina ucestvuvam i me interesira dali ke ima vakov podatok
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom