- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.377
- Поени од реакции
- 16.576
имам братучед во Загреб, има вдомено куче од стационар поодамна...не му е јасно како има кај нас толку многу кучиња без сопственик, кај нив нема дури ни мачки. Па проблем е да се вози велосипед, а еве вчера ме нападна едно мало куче, скитник, и тоа дојдено е во малото пред 4-5 месеци, ама го ранат тука . Тој што го рани дојде да го смирува па ми паламуди сум го правоцирал кучето. А кучето е агресивно иако е мало, има среќа нема некое поголемо нестерилизирано куче скитник , има да го задави. Всушност со ранењето на куче на некое место тоа куче си замислува дека е негова територија и напаѓа. А многу опасно е каснување од куче скитник, имаше пред една недела дечко во Карпош, треба да се фати скитникот, да му се отсече главата и да се испита на беснило.Да бе, решение е убивање. Патем знаеш колку еутаназии во Вардариште се извршени? Проблемот е што глупиов народ упорно не ги стелиризира/кастрира милениците, со изговор дека биле греота и неќеле природа да им нарушуваат, а уствари нарушуваат и мир во околината и здравје на нивниот миленик. И знаеш дека шансите да стане агресивно кутре кое е стелиризирано/кастрирано пред една година се далеку поголеми отколку она кое не е стелиризирано/кастрирано. Исто така кај рано стелиризираните/кастрираните кучиња секогаш се појавува хиперактивност, плашливост и напаѓање од страв. На стара последна во Драчево баш видов кутре од само 3 месеци со обетка. Се обидов да се приближам, но избега. Потоа ги галев другите улични кучиња и некако почна да ми верува, но си држеше дистанца. Најголем успех ни беше кога ми ја нушна раката и замавта со опашот. Сега не сум го видела, но се надевам дека не му се случило нешто лошо и дека во тој момент било скриено...
А ова за ширење на опасната болест кај кучињата не ви се слуша ??http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=49722