Третиот Рајх и Македонија

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Има доста интересни, телеграми, наредби, видувања кои даваат доста интересна слика за тој период во Македонија..ако имам време ќе постирам и други делови. Еве едно видување на состојбата во Македонија од страна на германците од 28. септември 1943.

" Шифра на предметот:

Zu Tgb.Nr 5814/10.43 III Fg.r. 7.10.1943

Забелешка во актите

Предмет: Cостојбата на македонската територија

Соспствени истражувања:

Последиците од различните субверзивни струења на македонската територија моментно се изразуваат на следниот начин:
  • 3агуба на престижот на Германија
  • Силно непријателство спрема Бугарите. Зголемување на сомпатиите кон Србите. Појава на македонството.
  • Kомунистички стремежи
Со повратниот удар кај Ел Алемеин, со истоварувањето во Северна Африка на 9 октомври 1942, а особено со Сталинград, започна разводнувањето на силното збедување дека Германија ќе ја победи оваа војна. Отпадништвото на Италија, а особено големото повлекување на исток и се посилното движење на бандите во Србија, Xрватска, Црна Гора, Словенија, Грција како и во Албанија, и сето ова поврзано со една силна и вешта пропаганда го поткрепи општото мислење кај словенското населеније во Македонија дека Германија се помалку е во состојба да биде господар на настаните. Како посебен белег на слабоста на Рајхот се толкува пасивниот однос спрема терористичките воздушни напади. Невнимателните изјави на одделни припадници на Вермахтот, а особено на оние што се враќаат од истој, изјави кои се неповолни и согласно балканските обичаи се пренесуваат силно зачинети, кај населението создаваат мислење дека германската војска му подлегнува на заморот од војната. Затоа во последно време, деловите од германските трупи, кои минуваат низ оваа област, се посматраат осoбено критички и постои сомнеж во секоја па дури и во најбезначајната ситница да се најде потврда за растечкото дефетистичко мислење.

И во однесувањето према бугарските окупаторски власти се пронаоѓаат знаци за воена слабост на Рајхот.

..Разоружените Италјанци кои минуваат низ областа, исто така вршат силна пропаганда против Германија а во прилог на Англоамерика. Bо своето однесуванје тие се толку комотни, како божем да ја добиле војната, па се жалат дека Германците ги оставаат гладни, за да го докажат тоа му ја продаваат својата облека на населението и купуваат прехрамбени продукти, а особено живина, питаат леб и раскажуваат дека германците се "капут". На тој начин кај населението предизвикуваат сожалуванње и многу придонесуваат за промената на неговото расположение. Италјанците постојано прашуваат кога ќе стигнат во Србија, бидејќи таму населението богато ги дарувало со животни намирници и спрема нив се однесувало со многу наклоност.

Одбивноста спрема Бугарите произлегува од многу причини, а особено од различниот третман на Македонците. На македонската територија, бугарските службеници ги држат во свои раце важните, компетентните и најдоходoвните управни места, а Македонците се ставаат на подредени места, што тие го сметаат за понижување и неможат да го усогласат со "ослободувањето". Освен тоа, старите Бугари во своето однесување најчесто се недостапни, одбивни, скржави и недруштвени. Ова имаше последица тие да имаат малку контакти со домашното населиние, а за неговите погледи да имаат само теоретско често во основа погрешно мислење, создадено во меѓусебниот контакт. На Македонците им се префрлува за нивната наклоност спрема Србите, површноста, алкохолизмот, лекоумната превртливост во животот, негрижата, мрзеливоста и друго. Сега нивна задача било да ги ослободат од оваа зараза и да направат подобри луѓе.

Бугарските учители во основните и средните училишта ги воспитуваат децата да станат шовинистизки Бугари и да ги мразат и презираат Србите, што често ги доведува до спротивставеност спрема родителите, а нив, пак ги потикнува кон противмерки кои произлегуваат од чиста опозиција.

Со еден збор старите Бугари (иначе термин за Бугарите што германците го користат) се стремат кон тоа да ги жигосаат Македонците како сосема заведени и неуспешни луѓе, го потхрануваат кај нив чуството на пониска вредност и на тој начин се стремат без отпор да ги потчинат на своето раководство. Бугарите се служат речиси со истите владеачки методи како и Србите и следствено на тоа резулататите се исти. Се до 1941 Македонците кпнееа за ослободување од Србите, а сега истото ослободување го посакуваат од Бугарите.

Во областите кои порано важеа за силно пробугарски, на пример: Велес, Штип, Кочани, Крива Паланка, Прилеп навлегоа банди. Неземајќи ги во предвид неколкуте исклучоци, мнозинството од старите Бугари остана туѓо за душата на македонскиот народ. Тие кај него изразуваа незадоволство кое се изразува преку следниве движења:

- Стремеж кон национална независност и зараза од комунизмот.

- Стремжот за независност има за цел потполна автономија на македонскиот народ во состав на една јужнословенска држава.

Ова движење чие седиште е во Скопје располага со многу приврзаници во интелектуалните кругови и зад себе има сигурно 80% од селанството. Голем дел од сонародниците, кои денес се населени во Бугарија и Србија исто така се приврзаници на ова движење.

Во Скопје и во другите македонски градови веќе се основани тајни одбори во кои се дискутира и се обработува оваа идеја. Овде е силно влијанието на демократските и масонските елементи. Германија се надева на реализација на идејата само во случај бугарската војска да не земе активно зчество во сегашната војна. Се претпоставува и дека Рајхот ќе се ослободи од политичките обsири спрема Бугарија и ќе може да ги задоволи желбите на Македонците. Инаку рализацијата ќе мора да се изнуди со сила во рамките на бугарската држава.

Се до својот крах, Италија исто така и придаваше големо значење на оваа идеја и го подржуваше нејзиниот развој. Дури и во случај одлуката да треба да ја донесе Англоамерика, македонската автономија во состав на југословенската држава се смета за веројатна. Во спротивно и таа ќе мора да биде изнудена. Притоа од големо значење ќе биде меѓусебното надигрување на Бугарите и Србите.

Како последица на оваа состојба се создава опозиција спрема Бугарите и соодветно располпжение кај населението. Движењето на Дража Михајловиќ не се подржуваа од овие кругови, но на неговиот развој се гледа со извесна симпатија.

Спрема Албанците нема пријателскo расположение. Населението се помири со неопходноста дека чисто албанската област Качаник и деловите од Кардак, кои се наоќаат север од Скопје, ќе мора да им се отстапат на Албанците. Се мисли дека од стратешки и стопански причини ќе мора да се задржи долината на реката Моравица и во делот до Прешево (северно од Куманово) иако западната половина од овој дел е населена со Албанци. Внимателно се следи ситуацијата во Албанија и се смета дека Албанија нема да биде во состојба да се одржи самостојно, односно без туѓа помош. "
 
Член од
26 мај 2007
Мислења
56
Поени од реакции
0
Аз сум спремен да се согласа дека многу БГ управници во МК во периодот 1941-1944г. не са имали убаво отношение кон местното население. Те са имале истото поведение и во самата "Стара Бугариjа". Соработката со Хитлер е голема историска грешка и катастрофа за БГ .....
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
More vie bugarite ste opasni maniulatori.

Kje postiram ushte nekolku dokumenti koga imam vreme pa da te vidam dali togash kje komentirash ili tvojov langach na slikava kje go svie opashot pod gz.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Нема линк, не можеш се да најдеш на нет. Ова се извадоци од германски документи кои се однесуваат целосно или делумно на настаните во и околу Македонија во периодот 1941/1944 год...избор од архивската документација на германскиот Вермахт, неговите служби на, германски команди, единици итн..

Ако сакаш да ги прочиташ тогаш оди во воениот архив во Фрајбург и исто така до сојузниот архив во Кобленц...и архивот за надворешни работи во Бон.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Сосотојбата во деновите на капитулацијата на Бугарија

KO.Bu (разузнавачка воена организација во Бугарија) Ic, 9.9.44

Прилог кон белшката на извештајот за разговорот на Шефот на 11.9.44
(сосотјба 9.9.44)

Политика

  • На 2.9. беше основана владата на премиерот Муравиев. Кабинетот е левичарски и во голема мера англофилно ориентиран. На 9.9 владата беше заменета со еден Кабинет на Кимон Георгиев од кружокот Звено (движење во Бугарија) од мај 1934.
  • На 4.9. Муравиев преку радио издаде едно владино соопштение, кое ги содржеше следниве точки:
а) отстрануванње на фашистичкото влијание, распуштање на нивните организации,

б) распуштање на собранието (кое во меѓувреме зследи),

в) апсолутна неутралност, интернирање на германските трупи,

г) напуштање на тројниот пакт и на Антикоминтерна пактот,

д) повлекување на окупациониот корпус

ѓ) дипломатски врски со демократските, а особено со соседните држави,

е) воспоставување на тесни односи со Русија

  • Русија не ја призна неутралноста, туку и објави војна на Бугарија.
  • Потоа уследи прекинување на дипломатските и стопански врски на бугарија со Германија, фашистичка Италија и Хрватска.
  • На 8.9. во 18 часот Бугарија и објави војна на Германија и бараше примирје со Русија.
Состојба со бандите:
  • Општо: Саботажата на железницата на македонските делници Ниш-Скопје-Гевгелија и Велес-Прилеп- Битола систематски се заоструваа, така што големи делови се наоѓаат во рацете на бандитите. Бандите се обидоа да го попречат германското повлекување и со загрозување на важни патишта како: Куманово-Врање, Скопје-Велес-Прилеп, но и Струга-Дебар. Во цела Македонија се продолжува со насилно регрутирање како и ослободување на политичките и воените заробеници.
  • Нови Позиции
а) Силни банди (наводно 3000 луѓе) јужно од Скопје, со цел да го загрозат градот.

б) преговарач на бандите дека со VI, VII, VIII, IX македонска бригада во јужна Македонија е поставена нова дивизија.

  • дојде до несогласување помеѓу бандите, Главниот штаб за Македонија *ген. Апостолски( и српските банди под раководство на Брко. Потврда за ова може да се најде во различните политички пароли во врска со Македонија.
а) автономна Македонија под македонско раководство

б) автономна Македонија под раководство на Тито во голема Југославија

в) советска Македонија под советско раководство.


Воени Мерки

  • разоружување на првиот бугарски окупационен корпус во Србија и на состојбата на бугарската војска во Бугарија.
  • беше повлечена петтата бугарска армија од Скопје. Повлекувањето започна со делумно оставање на теѓкото оружје.
  • на 8.9. трупите од Романија упаднаа на бугарска територија и до 9.9 ја запоседнаа областа Русе Силистра до Варна
  • Бугарската влада нареди да не им се пружа отпор на руските Трупи.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
1944, октомври, 14

Состојбата на Балканот и Македонија

O/Bu O.U., den 14.10.1944


Прилог кон соопштението на шефовската конференција на 16.10.44

Состојба 14.10.1944

Политика

  • бугарска влада
а) Завршувањето на примирјето со Бугарија е одобрено со една нота до бугарската влада од владите на советскиот сојуз, САД и Велика Британија, Советскиот сојуз претседаваше со комисијата за примирје. Како услов се поставува повлекување на бугарските трупи од запоседнатите области во рок од 15 дена, почнувајќи од 11.10. За ова е наименувана контролна комисија. Бугарската влада ги прифати условите, изземајки ги трупите кои со договор со Тито оперираат во Југославија (Радио Софија). Досегашните мерки на Бугарија не одговараат на оваа состојба.

б) Cо ова не може да се усогласи основањето на провизорна бугарска влада за западна Тракија и Источна Македонија (соопштение на бугарскиот министер за пропаганда). Според ова се до одлуката на сојузниците во Тракија, бугарската војска треба да остане под врховна команда на Тито.

в) Cпоред изјави на заробените бугарски трупи кај Крива Паланка ја издале борбената парола: повторно добивање на Македонија.

г) Италјанското пратеништво и италјанските конзулати во Бугарија се затворени, а персоналот е интерниран. На сите италјански војници им се дава налог да останат во земјата како цивили. Бадољовите припадници се забележани во бугарски униформи.

д) Bоспоставување на народни судови за политички затвореници

  • раководење со македонски банди
а) политичко стопанското раководство има извршен комитет. Политичката ориентација не е чисто кумунистичка. Цел, независна Македонија во федеративна Југославија. Тито е наводно против независноста на Македонија (Соопштение од одбраната)
б) според соопштението од одбраната, бандите во областа Велес се поделени во две политички струи:

1.) Cоветски ориентирани банди, претежно во областа северно североисточно и источно од Велес со дотур од областа на Куманово

2.) Aнглофилски банди источно, западно и јужно од Велес, кои се стремат за независна Македонија.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Штом Швабо ова кажал у официјален извештај, сто посто е точно!
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
А за управниците през този период. Сега какво се мисли в Македониjа за адвокат Спиро Китинчев - кмет на Скопие 1941 - 1944? Оште ли го сметате за предател?

И да питам, сериозно. Какви са били тези "Дражевисти"? Некаде четох спомени от бугарски офицер, коjто бил в Битольа по това време. Та ги споменава, че са се тепали малко с тех. Наj-много през 1944-та. Ште ги пот`рсjа тези спомени и ште сложа линк тук. Но ште е по-к`сно, че сега други дела...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
I HITLER JA PRIZNAVAL MAKEDONSKATA NACIJA!

<U>
  • Vo nashata javnost rechisi ne se ni znae deka vo dokumentite na oficijalna fashistichka vlast vo Germanija bila priznata makedonskata nacija!
  • Mnozina aktivisti na VMRO na Vancho Mihajlov ja prifakjale makedonskata nacionalna svest, taka shto bugarizacijata na Makedoncite vo eventualnata nezavisna Makedonija na Mihajlov bi bila sosema neizvesna!</U>
Ona shto e poznato e deka Hitler planiral kako odredena varijanta formiranje na nezavisna makedonska drzhava so pomosh na togash kontroverzniot Vancho Mihajlov, no znaeme deka od toa nishto ne ispadnalo. Praktikata pokazha deka Hitler e glavniot vinovnik za okupacijata na Makedonija od strana na Bugarija, Italija, Albanija, pa i Grcija. Nepostoenjeto na silna Makedonska nacional-socijalisticgka ili fashistichka organizacija vo tie vreminja (fakt e deka ako ne bilo ustashkoto dvizhenje na Pavelic, NDH verojatno nikogash ne bi bila formirana) i silata na sosednite zemji-okupatori (fakt e deka poradi sopstveni praktixhni prichini, Hitler poprvo im dal prednost na aspiraciite na svoite sojuznici Bugarija i Italija kon Makedonija, otkolku na kakvo bilo vnatreshno makedonsko dvizhenje, koe, vprochem i ne postoelo, barem ne takvo po negov terk), nesomneno deka se glavnite faktori, koi vlijaele vrz Hitler da i dodeli takva sudbina na Makedonija.

No, i pokraj site nesreki sh{to Hitler i gi donese na nashata zemja, vchudoviduvachki za neupatenite ke deluva faktot deka togashnata oficijalna germanska vlast ja priznavala makedonskata nacija! Direktni dokumenti za ova mislam deka se ushte ne se obelodeneti, no indirektni - ima! Kako najinteresen dokaz za ova ke go obelodenime svedoshtvoto na dvajcata poznati amerikanski novinari Stefan E. Palmer i Robert R. King, koi vo 1971 godina vo SAD (sekako na angliski jazik) objavija kniga za Makedonija, pod naslov: "Jugoslovenskiot komunizam i Makedonskoto prashanje". Postojat pretpostavki deka togashnoto MPO (Makedonska Patriotska Organizacija, inaku eden vid naslednik na VMRO na Vanco Mihajlov) bila inicijator za objavuvanjeto na ovaa kniga. Konechno, i jas neodamna dobiv fotokopija od knigava na angliski od segashniot Potpretsedatel na MPO, g-din Ljubomir Todorov od SAD, za shto ja koristam prilikata da mu izrazam golema blagodarnost.

Ona shto e interesno za ovaa tema, e toa shto vo knigava, na stranica 64, amerikanskite avtori doslovno pishuvaat deka germanskite oficiozi sfatile deka Makedoncite (ovde narecheni Makedonski Sloveni) ne se Bugari, pa zatoa ne i dozvolile na Bugarija ceolosno da ja anektira Makedonija. Pritoa chitame:

" Germancite, chii etnichki geografi gi potvrdija razlikite megju Makedonskite Sloveni i Bugarite, ne i dozvolija na Sofija i formalno da ja anektira jugoslovenska i grchka Makedonija. "


http://www.makedonskosonce.com/sonce237/tekst19.htm
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Se sto e napisano e tocno. Hitler bi odobril da se sozdade makedonska nacija.

Димо, прво Македонска нација одамна постоела. Зборуваме за создавање независна македонска држава.

Еден од најголемите бугарски дисиденти, проф. Јанко Јанков, издаде книга “Кутијата на Пандора.’’ Во неа, меѓу другото, ги претставува своите сознанија како умерл бугарскиот цар Борис III во 1943 година.

Според Јанков, царот Борис увидел дека Германија ја губи војната и успеал тајно да се сретне со Сталин, при што ефективно му ја понудил Бугарија и го убедил Сталин да не му ја стрела фамилијата.

Потоа царот Борис оди на средба со Хитлер. Таму, Хитлер меѓудругото, му предлага на Бориса да се створи голема автономна Македонија во рамките на бугарското царство - како чешкиот протекторат во рамките на Третиот рајх. При што, Борис, наводно ја наведува воденицата накај бугарското орудие Ванчо Михајлов, кого Борис го оценува дека “ќе бил мудар државник.’’ Значи за Хитлер и за Германците, Македонија и Македонците се посебен ентитет.

Значи и еден Бугарин признава за Германската отвореност да се создаде автономна Македонија, иако Бугарот вели во состав на царството Бугарија, додека германските докумето зборуваат за Македонија во една југословенска држава..


“ По време на разговорите А. Хитлер е бил изразил мнение, че трјабва да се с'здаде “велика
автономна Македонија от Лесковац до Елбасан и Воден, којато ште има определени автономни
права в б'лгарското царство, нешто като чешкија протекторат в Третија рајх”. Цар Борис ІІІ
изразил с'гласие с това и подчертал, че “Ванче Михајлов ште стане м'д'р д'ржавник”.


 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Кога со бугарските историци разговарате за темата Бугарија и фашистичката окупација на Македонија.
Нееееее, ние не сме били фашисти, ние сме ја ослободиле Македонија.
Беда на интелектуалецот.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ова е говорот на канцеларот Адолф Хитлер пред пратениците во парламентот (рајстагот) на Германија:

Address by Chancellor Adolf Hitler to the Reichstag (May 4, 1941)

извор

As monitored by the British Broadcasting Corporation Monitoring Service, courtesy of the Research Project for Totalitarian Communications, New School for Social Research.

Меѓудругото интересно да се спомене:

It thus became finally possible to move the Yugoslav Government to join the Three-Power Pact. This Pact made no claims on Yugoslavia, and offered her nothing but advantages. For the sake of historic truth, I must point out that neither this Pact nor the supplementary agreement demanded any assistance whatsoever from Yugoslavia. On the contrary, Yugoslavia received from the Three Powers the solemn assurance that they would not ask her for assistance, and were even prepared to abstain from any transport of war materials through Yugoslavia from the very beginning. At the request of her Government, Yugoslavia also received the guarantee of an outlet under Yugoslav sovereignty to the Aegean Sea, in the case of any territorial changes in the Balkans. This outlet was to include Salonika.
...
The leadership of the German armies operating against Macedonia and Greece was in the hands of General Field-Marshal von List who, this time again, in the most difficult conditions, accomplished his task in truly superior style. The forces operating from the South-West of the Reich and from Hungary against Yugoslavia were under the command of General-Oberst von Weichs. He, too, reached the objectives set him in the shortest possible time with the troops at his disposal.

The Army and Military SS detachments forced the Greek Army in Thrace to capitulate within five days; they established contact with the Italian forces advancing from Albania; they brought Salonika firmly under their control. After 12 days, Serbia was forced to capitulate, and the preliminary condition was fulfilled for the equally hard and glorious break-through to Athens. This operation was crowned by the occupation of the Peloponnese and the Greek Islands.

Обрнете внимание:

This is how it came about that we found almost exclusively Australian and New Zealand dead and that we took almost exclusively Australian and New Zealand prisoners. Such stuff you can tell the public in a democracy. But now I shall put before you the results of this campaign in a few brief figures. In the course of the operations against Yugoslavia, without counting the soldiers of German stock or the Croats and Macedonians who were immediately released, we had the following purely Serb prisoners: 6,298 officers and 337,864 men. These figures are not final. The number of Greek prisoners, amounting to 8,000 officers and 210,000 men, cannot be compared with the above figures for, as far as the Greek, Macedonian and the Epirus Armies are concerned, they were encircled and forced to capitulate only as a consequence of common German-Italian operations.

Пред да преминеме на поентата, што мислите, зошто биле ослободени Хрватите и Македонците од страна на Германците?

Овој говор е важен и поради спомнувањето на македонската армија, односно македонските сили.

Еве и тонски запис, слушајте внимателно:


од германски на англиски:
In the course of the operations against Yugoslavia, without counting the soldiers of German stock or the Croats and Macedonianswho were immediately released......
на македонски:

“Во врска со операциите против Југославија, без да ги броиме војниците од германската припадност или Хрватите и Македонците кои беа веднаш ослободени...“

:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom