Тренирате, зошто баш тој спорт? Зошто не би било нешто друго?

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Насловот треба да кажува се и треба да сватите едно да не пишувате пак оф топици или пост со еден збор. Треба да кажете зошто баш тој спорт го тренирате, добивте некои импресии од некаде, или се виде дека те бива па тренираш или пак тренирате дека сите го знаат тај спорт и сакате да бидете фраер бидејки тренирате. Како почнавте да го тренирате тај вид на спорт и преку што и кого и како.
Повелете, јас ке си кажам во наредните постови.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Оти се зацврснува телото,се зголемва издржливоста кондицијата,добро е за самоодбрана.Гради мускули и така натаму.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Тренирам фудбал уште од мал и тој спорт многу го сакам уште од мал,едноставно ме исполнува и неможам без фудбалот.
Незнам зошто ама друг спорт не ме влече толку како што ме привлекува фудбалот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најпрво мене ме запишале на пливање за да научам да пливам, затоа што едно лето ќе сум се удавела во Охридско, сум се сопнала на камен и не сум станала од водата. Се замислиле моите и да не се повтори, ајде, ќе ја пратиме на пливање.

Научив да пливам брзо, ама моиве, денес, утре, денес, утре, не ме отпишале на пливање и сум продолжила. Потоа тренерот мој почнал да им кажува дека многу добро почнувам да ги владеам техниките а и јас самата не сакав да прекинам, имав многу голема желба да пливам, да седам во вода, па еве, до ден денес секој ден киснам на базен.

Зошто пливам? Па како што многумина велат, пливањето е најубавиот спорт. Кардио - васкуларниот систем ми е развиен до перфекција, сите мускули се активни додека пливаш, спортот е чист. Нема контакт со противниците, индивидуален спорт е, тоа што ти ќе си направиш на натпревар е само твое, и медалите и дисквалификациите. Интересно ми е затоа што секој испливан метар е борба со водата, треба да се научиш што полесно да ја совладуваш. Повредите од пливањето се сведени на минимум, скоро и да ги нема. Тука е и фактот што треба да се знае да се плива и за живот, недај Боже, можно е секој од нас да биде сведок на борба на давеник со водата, нема ништо поубаво и похумано да му се помогне на некој, да се спаси живот. :smir:

Да можам се вратам назад во детството и да бирам спорт со кој би се занимавала, повторно би избрала пливање без размислување.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Ја едно време тренирав фудбал,ама сега тренирам кошарка инаку и фудбалот не е лош спорт ама сега кошарката повеќе ме исполнува исто така причината со запо4нав да тренирам е и дека се добива височина тоа нз колку е то4но ама гледајќи се себе верувам!!!:smir:
 
D

dh00|

Гостин
тренирав карате (шотокан) едно 7 години, жал ми е што повеќе не можам,поради школото пошо учам во друг град.
сум се запишала не за да „научам да се тепам“:pos2: или било какви глупости, туку од едноставна причина дека брат ми го запишаа пред мене и сеа да не сум јас помалку од него...ги молев и мене да ме запишат...чисто од љубомора:)

го сакам спортов (иако за некого не претставува спорт) затоа што во текот на еден тренинг од саат и пол, ги активираш сите мускули,ти се зголемува кондицијата,а и се забавуваш со другите кога имаш борба (договорен спаринг):wink:

секогаш кога имам шанса и слободно време,одам на тренинзи колку да се „издувам“...
:helou:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Тренирам карате од мојата 6та година бидејки го зацврстува телото и духот а сега се интересирам и за кожарка заради висината...да се истегнам малку


едит:dh00| ај јас и ти да се издуваме малку :P
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Ракомет почнав да тренирам од десет години. Тренерот ми беше и професор по физичко. Најпрвин играв како пикер, играв доста добро, но еднаш ни фалеше голман. Ми беше интересно да бранам, застанав на голот, и не можеа да ми дадат гол. Тренирав редовно четири години и конечно отидовме на олимпијадата на републичко ниво меѓу основните училишта. Немавме пораз. Тимскиот дух беше на највисоко ниво, всушност тоа ми се и допаѓа во овој спорт. Ако едниот играч не е во форма (немора да е најдобар), тогаш тоа се одразува на целиот тим за разлика од другите тимски спортови. Продолжив да тренирам во РК Куманово, и сеуште тренирам. Иако сум голман треба да сум доста физички спремен исто како и во многуте спортови, нели? Но ракометот ми е само еден од најдобрите спортови, не и најдобар.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Тренирам мал фудбал. Зошто ?
Едноставно ме влече фудбалот, посебно малиот.
Фудбалче што не скака, 4+1, мераци ...:)

Како започнав ?
Имаше еден турнир во Велес за генерација 89 и помали мислам.
Игравме финале, изгубвме 2-1 ама бев прогласен за најдобар играч на турнирот.
Еден човек ми се јави, воедно и тренер ми реча дали сум сакал да играм мал фудбал јас секако се согласив. Започнав со тренинзи и за месец ме регистрираа за да можам да играм на утакмици. Веќе трета сезона играм ФУТСАЛ.

Доправ и до Репрезентација под 21 год. што уште повеќе ме мотивира.
Летово со екипата што тренирам испадна некоја пара од турнириве низ МК:pos2:
Нормално и идолот мој Фалкао. Ми се чини поради него го сакам футсалот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom