Вчера падна мал авион на Солунска Глава, загинаа мајка, татко и две мали ќерки, и сеа медиумиве за начинот на кој известуваа ...
Прво, колку што ја знам, официјално додека не се потврди дека се мртви, не треба да се известува дека загинале 4 луѓе а притоа да пишува дека теренот поради лошите временски услови е недостапен, што значи, официјално потврда дека се мртви нема.
Така беше и со фудбалерот Сала, кога официјално никој не рече дека е мртов, Се до моментот кога го најдоа, иако се знаеше каков е епилогот и претходно.
Друга работа, сите медиуми ставија слика од паднат авион кој е ист модел со тој вчера што падна, а притоа не стануваше збор за истиот авион што можеше да доведе до забуна дека сликата на медиумиве наши е од авионот кој паднал.
Што е најтрагично ставаа слика од таков паднат авион кој практично и беше неоштетен, бар кај делот каде што се патниците, па некој би можел да верува дека е истиот авион, и дека постои можност они дa се живи. Ќе се повика некој бугарски медиум на наш, ќе ја стават истата слика ... толку треба.
Ја разбирам дека ваква авионска несреќа практично и невозможно е да преживееш, претпоставувам и она што го виделе од хеликоптер, бидејќи местото каде што паднал беше лоцирано, било доволно за да се истера со ставот дека шансите овие да преживеат практично и не постојат, ама можеа медиумите да почекаат барем тоа официјално да се потврди ( можеа да одат со ставот дека шансите да преживеат според очевидците се многу мали, и слично ), и никако да ставаат слики од ист модел на авион кој паднал на некое друго место од светот. Идиоти неписмени.