- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 9.501
- Поени од реакции
- 9.876
со семињата на семенарна јас имам лошо искуство, врска си нема тревата, може некад биле бренд али веќе јокСе разбира дека има. Проблемот е само дали кај нас носат? (Зафркната работа била увозот на семиња и семенски материјал).
Во главном пред да посеам, гуглав и се распрашував интензивно.
Да сумирам, бидејќи сите семиња во основа се мешавина од два или повеќе видови... треба да пазиш и на тоа кој вид какви ботанички карактеристики има!
Еве ќе се обидам да ти прераскажам што дознав:
1.Lolium Parene:Најчест вид што ќе сретнеш кај нас, познат уште и по називот "англиска трева". Од добри страни: Климата му одговара, добро поднесува секакви почви и посебно е отпорен на газење!(затоа и по фудбалски терени го садат). Можеш да го косиш како сакаш.
Од лоши страни: бара (средно)одржување(редовно наводнување и ѓубрење), знае да пожолти на високи температури, и од блиску секое коренче е посебна туфка па изгледа убаво само во густ и здрав тревник.
2.Festuca arondinacea(tall fescue) е видот што јас го земав. Од добри страни: има длабок корен и соодветно на тоа еден од најотпорните видови на суша! Одлично поднесува јако сонце и ниски температури што значи травњакот е зелен поголемиот дел од годината. Не бара посебно одржување.
Лоши страни: листовите на тревките се малку пошироки и рапави од долна страна(една од покрутите трави). И треба висина за да биде здрава. За газење ја оценуваат како medium(што значи океј е ако не играш фудбал на неа).
3.Poa Pratensis(Blue grass). Најскапата од сите!
Од добри страни: има најфини листови, најдлабока зелена боја, одлично поднесува газење, косење, и може да се коси во stripes. Премиум трева за спортски терени!
Од лошите страни: Најзахтевна за одржавање од сите!!!
Преферира поладна клима и плодна почва.
4.Festuca rubra rubra(red fescue) и Festuca rubra commutata(chewing fescue), заедно со сите нивни подвидови! Како што кажува самото име, доаѓаат од фамилијата Festuca што ги прави отпорни на суша и незахтевни за одржување, но и сакаат висина(на листовите) за да виреат добро. Растат на секаква почва.
Овие треви одлично поднесуваат сенка па затоа и ги ставаат во миксови за шарена сенка. Имаат фини листови со светло зелена боја, и не се посебно отпорни на газење.
5.Agrostis(bentgrass, creeping bent, common bent...)итн. Еден тон видови во оваа фамилија! Генерално трева за голф терени.
Што значи фина текстура и ниско
Ова се битните видови кои ќе ги сретнеш во тревните смеси во различен сооднос. Скоро секогаш еден вид е доминантен, а другите видови се еден вид припомош. На пример кај dry&strong има 10% poa pratensis која брзо рти и има улога да ја стабилизира почвата додека фестуката из'рти и ојача.
Ова е само генерално објаснување колку за ориентација! Инаку цела наука е тревата
П.С. ќе заборавев... Семенарна Љубљана не земав оти не кажуваат јасно(кријат!!!) кој видови и во кој сооднос ги содржи!!! Такви цигански финти, не фала! ...значи не ми беше за парите, туку нејќам да ме прават глуп со маркетинг, а да не напишат нигде што всушност продаваат!
Sent from my iPhone using Tapatalk