Трговците ѕиркаат под сукња

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Пазете кога купувате облека..постои можност да се најдете на домашно видео

ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА БИЗАРНИ ПОВРЕДИ НА ПРИВАТНОСТА

Трговците ѕиркаат под сукња

Од Дирекцијата за заштита на лични податоци информираат дека со новите законски измени строго е забранет видеонадѕрот во соблекувални, гардероби, санитарни јазли, лифтови. Во спротивно следуваат казни во висина од 500 до 4000 евра

Скопје е опколено со скриени камери. На улиците, пред влезовите на институциите или пред станбените објекти, во продавниците, па дури и во соблекувалните или во тоалетите. Граѓаните се жалат на вакви бизарни повреди на приватноста.
- Во една од поголемите трговски куќи, влегов во соблекувална за да пробам фустан. Бев запрепастена од предупредувањето што го прочитав внатре дека целиот објект е покриен со скриени камери! Тогаш забележав дека и гардеробата е под видеонадѕр. Најпрво се почувствував засрамено, но потоа, бев револтирана. Фустанот не го пробав, но затоа пак за злоупотребата веднаш ја известив Дирекцијата за заштита на лични податоци. Оттогаш верувајте многу сум повнимателна со камерите - се пожали една скопјанка.
Од Дирекцијата потврдуваат дека има поведено постапка за ваков случај, потврдувајќи дека ова е еден од многуте слични случаи на Комисијата за постапување. Оттаму додаваат дека со новите измени од Законот за заштита на лични податоци кои се донесени пред десетина дена, точно е прецизирано кој може да снима, колкав дел од просторот може да е под видеонадѕор и колку време смее да се чуваат снимките, во спротивно следуваат казни во висина од 500 до 4000 евра.
- Со новите законски измени точно е прецизирано кој може да врши видеонадѕор во неговите службени или деловни простории. Новите одредби забрануваат видеонадѕор во соблекувални, гардероби, санитарни јазли, лифтови. Исто така, забрането е снимање на влезови во индивидуални станови на други сопственици. Овој конкретен случај веќе е во постапка - вели Маријана Марушиќ, директорка на Дирекцијата за заштита на лични податоци. Таа вели дека со измените се прошири значењето на Законот за заштита на лични податоци и Дирекцијата добива статус на прекршочен орган.
- Во дирекцијата се формира прекршочна комисија којашто ќе одлучува и ќе изрекува прекршочни постапки. Досега поднесувавме барања до судот за поведување на прекршочна постапка, а сега ние ќе ги изрекуваме. Глобите за физички лица кои ќе ги изрекуваат наши инспектори овластени за надзор и контрола се движат од 500 до 900 евра за физички лица, од 2000 до 4000 евра за правни субјекти, а дирекорите или раководителите на правното лице ќе заработат парични казни во визина до 1200 евра - појаснува Марушиќ. Таа додава дека Македонија е на добар пат да зборува за солиден степен на заштита на личните податоци, нивото на јавна свест во доменот "право на приватност" се зголемува, но апелира на внимателност од разни манипуалции кои задираат во приватноста.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
секакви фрикови има,плус се знае кај нас како е,се фалиме ќе има закони а не се спроведуваат,затоа секој си игра курташак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom