Трауми од детството

Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
Многу често луѓето психички се пореметуваат и имаат емоционални проблеми, како резултат на трауми од детството. Најчесто ваквите личности имаат конфликти со самите себе.
Нешто повеќе за ова...?
Во која возраст највеќе влијаат...
Како влијаат...
Можат ли да се пребродат...

Za ovaa tema ima mnogu da se zbori,eve jas iskreno ke vi kazam deka seuste imam traumi kako posledica na teska bolest vo detstvoto.Sum imala 9 meseci koga sum dobila poteskotii od edna poteska bolest,a veke na tri gogini sum se izlecila,no poteskotii vo zdravjeto mi se javuvaa do pubertet,potoa nemav nikakvi problemi (fizicki) vo vrska so bolesta.Od togas ima pominato mnogu vreme no posledici trpam seuste,posledici kako kosmari,nesonica,strav od temnina,strav od hrana i sl.
Mislam deka vozrasta e bitna no ne i presudna sepak se zavisi od samata licnost,a dali toa moze da se prebrodi neznam,zatoa sto jas neuspeav da go nadminam stravot i pokraj toa sto redovno odev na sesii kaj psihijatar,edinstveno podobruvanje osetiv pred nekoj mesec odkako stanav majka.Sega poradi taa nova uloga sto ja zazemav imam poveke hrabrost.
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Јас верувам дека може да се преброди. Мислам дека ми останува само надежта зашто сеуште не знам како ќе се одвиваат работите. Не сакам утре кога ќе дојде ред за некои работи јас да бидам нешто што не сакам. На пример еден ден кога ќе станам мајка не сакам да бидам премногу заштитнички настроена. Освен тоа премногу се кочам во се. Кога ќе ми текне вака што станало од мене заради тие x ствари ме фаќа лудило.
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Traumi od detstvoto? ME KRSESE POMALIOT BRAT OD KUTEK :( ama sea koa porasna, vide deka ne ide, pa me brani:) sreka ne dovelo do psihijatar, ama sum bila (ne od traumi) od dr pricini...i ne e niso strasno poso koa ke slusnat drugite odma "leee ovaa luda e"... na psihijatar ima eden cicko ili tetka vo bel mantil i ti postavuva najsekodnevni prasanja i si faka zabeleski posle sekoj tvoj odgovor:) prasanjata sto mi gi postavuvase cickoto vo bel mantil se baziraa na "Imas li decko? Dali si raskinala? Prva menstruacija? Kako ti odi skoloto?" toa e :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Може човек да проба и сам да си биде психијатар. Секој ден редовно во умот да си ги враќа лошите спомени, да ги изговара на глас и само мирно да ги посматра, без емоции, тешко е, но полека полека ќе ги посматра ладно. Тоа е моја вежба, јас си ја смислив. :) Пуштам и други филмови на кои повеќе паѓам, смешни работи, а целта ми е да останам сериозен. Не е многу духовито ако човек лесно се насмејува, тој што лесно се насмејува полесно може и да се исплаши...
Траумите делуваат од подсвеста, и некои животни ситуации на човека му будат асоцијации на нив и тој всушност ќе се преплаши од сеќавањата а не од самата ситуација.
Ма само права љубов треба! :smir:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
единствено што може е да се научи да се живее со спомените од тие трауми....тоа е процес, ама што порано се отпочне со него, тоа подобро. Копче дилит нема.... за жал, ама секогаш мора да се најдат сили за соочување и со најболните спомени и со најголемите стравови.
А луѓето се доволно силни да продолжат нормално да живеат, само што на некои им треба помош, а на некои само поддршка...
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Траумите од детството може да нанесат длабок удар врз емоционалното,социјалното и физичкото функционирање на децата и токму поради тоа тој период од животот може да биде многу опасен за понатамошниот развој на човекот.
Има различни ментални и физички влијанија кои доведуваат до траума и поради тоа милиони луѓе низ светот се справуваат со одредено болно искуство од своето детство затоа што траумата е токму тоа-искуство.
А главниот "виновник" за провлекување на тоа искуство низ целиот живот е човечкиот мозок и само преку анализирање на функциите,развојот и согледување на тоа како мозокот реагира на одредено негативно искуство може да се разбере трауматизираната личност.

Во зависност од тоа колку е длабока траумата од детството такво ќе биде и размислувањето на личноста која ја доживеала.Тие ќе размислуваат попримитивно (не велам дека ќе бидат позаостанати меѓутоа ќе бидат попретпазливи на околината и многу често ќе реагираат на работи кои за другите луѓе се чинат нормални :висок тон на гласот,одредени изрази на лицето и движења на телото ).
Траумата не влијае само на индивидуата туку и на нејзината фамилија и целосно на општеството околу неа.
Причината поради која таа се провлекува низ целиот живот лежи токму во постојаното повторување на болното искуство.
Траумата може да се пренесе врз детето уште во текот на бременоста доколку мајката се справува со стресно искуство детето може да се роди депресивно и да го чувствува тоа што неговата мајка го чувствувала дури и во нејзиното детство.

Најважно е дека на децата треба да им се овозможи безбедна околина со многу поддршка каде што ќе бидат загарантирани основните потреби за физичка и емоционална сигурност и внимание.
Безбеден однос полн со доверба е исто така важна компонента во лекување на ефектите на траума од детството која се одразува во понатамошниот живот како и да се создаде околина каде што мозокот ќе може да го започне процесот на рехабилитација.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Хм, траумите се сериозна работа и можат лошо да влијаат врз понатамошниот психички развој на детето. Создава тешкотии при градење на личноста, а добар начин да се помогне е стручна помош, во зависност колку е длабока траумата. Најубаво е децата кои се во ваква ситуација да добијат голема поддршка од родителите, за полесно да ги препродат траумите и да не дојде до тешки последици. Јебига, психата е зезната работа.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Многу често луѓето психички се пореметуваат и имаат емоционални проблеми, како резултат на трауми од детството. Најчесто ваквите личности имаат конфликти со самите себе.
Нешто повеќе за ова...?
Во која возраст највеќе влијаат...
Како влијаат...
Можат ли да се пребродат...
Фројд, шо се занимавал со психоанализа во своите теории има изнесено дека првите 5 години и искуствата доживеани во нив се најважните за целиот живот. Подоцна, други психолози, како на пример, од областа на развојната психологија истакнуваат дека најважна карактеристика на личноста е пластичноста, односно способноста да се менува, дека ништо не е еднаш за секогаш дадено. Значи, според нив, траумите од детство не мора да значи дека засекогаш ќе останат трауми, со психотерапија на пример, може да се претворат само во негативно искуство. Фројд вели дека со хипноза, и со соочување на самиот проблем, кога ќе видиме што е работата, ќе се повлече. Јас не се сложувам. Според мене, точно, многу е важно пред се да се соочиме, понекогаш можеби и би била потребна хипноза за потиснатите сеќавања да излезат на површина, но мора да се работи на проблемите за да се надминат. Можат да се пребродат. Во зависност од тежината на хипотетички кажано, траумата, можеме и можеби, самите да си помогнеме, со соочување и размислување за тоа како да ја надминеме. Да се потрудиме да ја оставиме позади, да се помириме со тоа искуство како дел од нас. Ако е толку голема работа, всушност верувам дека тоа е и голем фактор за обликувањето на личноста која сме денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom