АМБРОЗИЈА
случајна минувачка
- Член од
- 22 декември 2008
- Мислења
- 351
- Поени од реакции
- 74
Ја мразам тишината. Ја чувствувам како напор ,како глувост, како да ми зборуваат моите мисли и ме тераат на непромислени акции .Тишината ми делува како некој провокатор на мојот импулсивен карактер,поточно ме смирува , а мразам да сум смирена на тој тап ,чуден ,на моменти визионерски начин. Кога сум со некој до мене,тишината тотално ме убива,затоа што ја чувствувам и како физички товар,како да ме притиска на градите, но тоа е, не можам да престанам да зборувам и да делувам , а аналогно на тоа се судирам со тишината. Не, не сакам кога ми зборува .Прегласна е ,дури и за мене.