Реакција
Реакција по повод Бугарските пропаганди и фалсификати за Тиквешијата.
1О Бугарски лаги за “Тиквешкото востание”
Пред нас е денот на Илинденското востание, нокако граѓани на Тиквешијата огорчени сме од зачестените про-бугарски фалсификати и инсинуации за едно друго - т.н.р “Тиквешко востание“. Бугарските пропаганди блуваат дека ова “востание” ни се криело од наводниот му бугарски карактер (?!). Овие очајни потреби да се превртува историјата на македонскиот народ, кај нас се од осамени дежурни Бугарски душегрижници, очигледно поддржани од високи политичари.
Господо, нашите предци беа во Тиквешките настани од 1913 год. но и во други кои мудро ги премолчувате. Ни зачувале бројни сведоштва, за почеток читнете во “Тиквешки кажувања ( 1912-1918) и “Неготино во пламен ( 1912-1913 год.)” од професорите Пане Емшов и Киро Андонов, кои своевремено од преживеани сведоци на 1913 год., запишаа автентични сведоштва на македонскиот народ од Тиквешијата .
Со што мафтаат Бугарските слуги за т.н.р “Тиквешко востание” од 1913? Тргнувајќи од “рибарската”- во матна вода најдобро се лови, дотураат кал, секакви околности кои со умствена гимнастика и произволни заклучоци, треба да доведат до тоа дека - Тиквешани се кренале за “Б'лгарска кауза ”(?!). На рака им оди и што во Титова Југославија не се чепкаше по овие настани, се смалуваа српските ѕверства од 1913 год. ( се зголемуваа оние од Јаја-ага, Јован Бабунски и др. орди), а се заради “братството и единството”. Но, со што за ова “востание” по кој знае кој пат кутрите, испаѓаат смешни.
Прво – Ниту нашите предци од Тиквешијата сведоци на тие денови, ниту било каков документ спомнува некакво востание против Србите а во полза на Бугарите?!Она што го кажуваат нашите е дека во анархијата по поразот на Турција, првично се ликвидира муслиманското население од страна на Србите, Бугарите (подоцна) но и Македонците од Тиквешијата, кои пак се хушкани да ги расчистуваат долговите со довчерашните зулумќари.
Второ - Она што го преќутуваат господата е дека во наводниот центар на востанието- Ваташа, предходно во ноември 1912 год. се случува нешто друго. Водачот на наводното востание против Србите од јуни 1913 год.,војводата Дончо Лазов Сајтариов, на 9 ноември 1912 год. ,со чета од 60-тина селани, токму со Српските војници трга да ликвидира Турци и Бошњаци.
Трето - Србите во Кавадарци се од 08. ноември 1912 год.(Митровден). Како сега војводата Дончо кој “братски” со Србите, убиваше Турци и муслимани, востанал против Србите ?! Каде ги нападнал ,барем една “востаничка” битка со која ќе поразеа толкави српски единици, и ги ослободеа Кавадарци и Неготино и се за љубов на “Болгарите” ?!
Четврто – Дека е најобичен склоп на настани празниот период од неколку дена ,како и секаде каде се допираат по фронотовите довчерашните сојузници а наши “ослободители” – Србите, Бугарите и Грците ,доказ се случувањата потоа. Нејасно кому кој дел ќе припадне од “колачот” а сите алчни, по кратко затишје завојуваат меѓу себе. И токму тој период на анархија во Тиквешијата кога оружје од убиени турски војници има секаде ( и на станицата во Криволак од војските), та селаните носат и по куќите, “Благонадежниве” го прогласуваат за востание ?!
Петто - Наводното знаме на востанието ,не е знаме на тоа востание но е старо знаме останато од Илинденското востание и е случајно најдено од четниците на Јаја-ага во една од куќите во с. Ваташа . (“Тиквешки кажувања 1912-1918 г.” сведоштва на Сапунџиев Илија с. Ваташа – 82 год., Димче Грозданов Кавадарци – 80 год., Никола Андонов с. Конопиште- 84 год. и др.)
Шесто - За да дојдат до Бугарски карактер на “востанието”, се вметнуваат поединци Тиквешани од подоцна -1915 год. ( татко му на Страшо Пинџур), кои биле во Македонските полкови на Бугарската армија (?!). Но се преќутува дека Македонски полкови има и во Српската армија ( Брегалничката дивизија ) што не значи дека се Срби уште помалку пак дека се Руси зашто Македонски полк (ополчение) во Руската армија имало уште во 18 век !
Седмо – За да се добугаризира сето, се користат и најобичните релации и контакти со бројната македонска емиграција (од Тиквешијата) во Бугарија. Таму има македонски организации, друштва, весници и сл., што се злоупотребува како факт за бугарскиот ни карактер (?!). Но истата Софија е револуционерен центар и на Албанците - со штампи, организации и сл., уште од крајот на 19 век, од што треба да заклучеме дека и Албанците се – Бугари (?!). Да не зборуваме пак за Македонците и нивните организации во Белград или др. градови и што би останало од оваа Бугарска магла ?!
Осмо – Ако на Гоце и Јане им се ставаа зборови кои никогаш не ги изговориле, Мисирков се фалсификува и сл., за херојот од Тиквешијата Страшо Пинџур се сеат севозможни наклапања само да ни се доведат во прашање македонските корени. За татко му се бара бугарски корен во тоа што загинал на Криволак 1915 год. при Македонскиот полк во Бугарската армија(?!). Според ова логика (магла) по 100-тина години, за војниците Македонци од ЈНА кои изгинаа по екс-Југославија некој запален Србоман може да докажува дека се Срби и комунисти (војна на Србинот Милошевиќ, капите со црвена петокрака ?!. Колку биле свесни за што војуваат и како се мобилизирани, никој и нема да прашува.
Деветто - Се бираат силни зборови за мачењата на баба му на Страшо од Србите во “востанието” а мачењата на Страшо од Бугарите ќе се минимизираат (само со пендрек бил тепан, небаре хулиган ?!). Се преќутува ковањето шајки под ноктите ,кинењето нокти и месо со вжештени клешти од телото на Страшо, но и се инсинуира дека мачењето е заради идеологијата а не за македонскиот етноидентитет.
Десето - Во Титова Југославија скоро се што загинало се правеше комунист или симпатизер (?!) па и децата во Ваташа од 15 години, што го користат господава ( убиени оти биле комунисти а не за страв на востанатата Ваташа и Тиквешија против Бугарската окупација од 1941 год.). Ја величаат Ваташа 1913 год. - против Србите, а бегаат од Ваташа 1941 год. - против Бугарите кои масакрираа деца. Чудни случувања со споменикот им денес - случајно ги снема имињата, случајно го снема текстот (ќе се ставал нов ?!) и се случајно со новиот Директор на Историскиот архив.
Со почит,
Здруженија на граѓани од Тиквешијата
ЗГ ИСКОН
ЗГ Неготински круг
ЗГ Млади потенцијали
ЗГ ФЕБУС
Детски парламент
ЕД Еко вита
ЕД Светлина
ОЖ Демократска жена
ЗГ Будење