И јас за жал татко ми сум го загубил на само 7 месеци, па никогаш сум немал прилика да му кажам дека го сакам, или да го гушнам, да почувствувам и од таа љубов, ниту па се сеќавам на него. Но на мајка ми секогаш и викам дека ја сакам, бидејќи знам колку тоа неа и значи и знам колку е среќна кога ќе го слушне тоа од мене од срце, а нема ништо посреќно за мене од тоа жената што се грижела за мене сама цел живот да е среќна. Некогаш и кога сум со неа на телефон пред други ќе и кажам дека ја сакам и да ја видам во град кога сум искочен со друштво ќе ја гушнам, сега моево може звучи претерано ама не можам да ги сфатам луѓето што не зборуват со некој родител или им се обраќаат со име место со мама/тато, не сфаќаат колку они се чувствуват лошо иако можеби не покажуваат и кажуваат дека тоа им смета... И тука да си кажам мамо многу те сакам, мој херој си, мој борец, мој идол и пример за родител, ако јас на моите деца им го пружам бар пола од тоа што си ми го пружила на мене ќе бидам совршен родител
Фала ти за се што си сторила за мене, за сите борби кои си ги водела да не се чувствувам тажно или повредено, за сите пружени материјални задоволства кои не биле воопшто потребни, а си ми ги купила иако не си била баш при пари само да ми изнудиш насмевка, за секој разговор и совет која си ми го дала, за сите работи што си ги направила за мене, за сите ситуации кога на рамо си ме носела и си ме вадела од калта. Се надевам дека си горда на мене исто како што јас сум горд на тебе, знам срце ти се полни кога ќе ти кажат на работа златно дете имаш или колку културно дете си воспитала