Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.704
- Поени од реакции
- 22.107
Некому му смета јакнењето на Иран. Ова е второ влагање во двор на Саудиска Арабија после Јемен, трето ако се бројат и Бахреинските немири од 2011-та. Единството на Заливските земји доживува пукнатини, Оман и Кувајт се неутрални во скорешните препуцавања, Кувајт се нуди како медијатор. Багдад праќа војска кон границите на СА. Турција може да испрати аскер во Катар како што е спомнато погоре што сметам дека е вкалкулиран потег, а во меѓувреме се шпекулира дека финализираат преговорите за купување на С-400-ки од Русија. Турција и Катар ги врзува и заедничката поддршка кон Муслиманското Братство како и истиот трн во око доминантната улога на СА во сунитскиот свет. За сега повеќето економски и политички индикатори викаат дека ќе станува се полошо за Саудиска Арабија и секако со тоа ќе расте и нервозата и најверојатно агресивните потези. Не би ме изненадило ако има пуч во Катар на чело со овој
https://en.wikipedia.org/wiki/Abdullah_bin_Hamad_bin_Khalifa_Al_Thani
Во секој случај очекувам интересен сплет на настани.
https://en.wikipedia.org/wiki/Abdullah_bin_Hamad_bin_Khalifa_Al_Thani
Во секој случај очекувам интересен сплет на настани.