Се убацувам на темава чисто за краток Psych101; ќе го земам примеров што е цитиран^ пошто е ептен добра илустрација, благодарам!
Нема голема разлика меѓу оној што е тежок криминалец и оној што е тивок и повлечен и се бори со депресија. Тешки криминалци не се ствараат од изразнување со љубов и автентичност. Луѓе тивки и повлечени кои се борат со депресија (не мислам на интровертни, туку на оние кои имаат страв од експресивност) не се ствараат од израснување со љубов и автентичност. Сигурно имаат генерално слични трауми, само што различно ги експресираат (едниот со насилничко однесување кое ја прикрива болката, другиот со инхибираност и депресија). Да речеме, чувства на немоќ се присутни и кај двајцата: едниот останува во нив, другиот пробува да се бори против нив со агресија. На крај и двајцата страдаат и се во подеднакво многу болка.
Повеќето развојни нерегуларности доаѓаат од детството, особено рано детство, а понатаму во животот само се случува reinforcement. Траума не мора да се створи од некоја голема работа, туку може да биде и од ситница, работи што ги сметаме за сосем „нормални“ и општо дисфункционалните емоционални шеми на родителите да се пренесат на децата. Не е нивна вина, едноставно не знаеле како подобро и како поинаку. Децата не треба да бидат контролирани или „ставени во ред“, тие си имаат природен внатрешен ред, проблемот се создава кога тој ред им е нарушен од средината во која се израснати, кога средината ја негира автентичната експресија на детето, емоциите итн. И затоа веќе во тинејџерство почнуваат дисфункционални однесувања, идентитетот почнува да се реорганизира во други стратегии за справување со болката, често со одење против она што е наметнато од родителите.
Кога си изјавуваме дека сме имале среќно детство ама ете во животот понатаму сме западнале во сва и свашта е чисто уште една форма на негирање на своите емоции и рани искуства (нормален процес во мозокот кога немаме сила да се справиме со болката од траумата). Воедно, не знаеме каде да го лоцираме коренот на болката што не довела до некоја ситуација, бидејќи во поголемиот дел од популацијата тоа што се смета за „нормално“ и „среќно семејство“ е тоа да нема тепање или алкохолизам пример, а всушност наместо тоа често има големи емоционални дисфункции кои луѓето не ги гледаме бидејќи сме израснати со нив, навикнати на нив и функционираме на тој принцип по дифолт. Да не претерувам ама во 99,99% од семејствата на цела планета моментално има одредени дисфункции (од помалку до посериозни) и колку повеќе се преправаме дека ги нема, или општо немаме свесност за нив, толку повеќе се влошува ситуацијата (и статистиките за ментално здравје, депресија, анксиозност итн го покажуваат тоа).
Thank you for listening to my TED Talk.