Терористички напади во Загреб?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.629
Поени од реакции
26.138
А каде јас воопшто посочив дека се работи за тероризам за ти да ми вадиш дефиниции тука за тоа што е а што не е тероризам,има некаде во моите постови спомнато такво тврдење?! Tоа си е твое согледување на настанот и во ред,но немој да ми ставаш зборови во уста што не сум ги спомнал и да ми реплицираш врз база на истите,оти јас не спомнав такво нешто,значи јас не знам за што се работи ниту потенцирав,за разлика од некои "експерти" како тебе.
Не зборев за настанот, јас првпат од тука го слушам. Зборев за твојата изјава цитирана и болдирана подоле.

И да е терористички напад таа вест нема да биде откриена во јавноста се со цел да не се крева паника меѓу народот,а единиците задолжени за проблеми од овој тип, ќе си ја спроведат операцијата до крај,ќе го направат тоа за кое се платени од народот.
Само неуспешен терористички напад може да се прикрие од јавноста.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
ВИДЕО: „Командант Шамил“ ја презеде одговорноста за експлозиите во Загреб

Маж кој себеси се нарекува командант Шамил на „Јутјуб“ објави снимка на која ја презема одговорноста за нападите во Загреб, и повикува на нови напади.

Тој повикува на рушење мостови, напади на златари, напади врз полицијата, со посебен акцент на специјалната полиција, како и на напади врз институции со знамињата на Европската унија ...

Видеото е објавено под наслов "Комунистите во Хрватска ги признаа терористичките напади во Загреб".

Хрватската полиција го испитува случајот.

Погледнете го видеото во кое се повикува на напади:

 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Приметувате дека овој го чита текстов? Нечиј пиун,ама чиј...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Галерија: Експлозија го стресе Загреб

Регион | 23. јануари 2013 - 11:44
Нова експлозија во Загреб


Нова експлозија одекна рано утрово во Центарот на Загреб, во близина на споменикот на Бан Јелачиќ на истоимениот плоштад. Во инцидентот нема повредени. Експлозијата се случила ноќеска околу 2.25 часот, а освен што е оштетена една плоча од плоштадот каде што најверојатно била оставена бомбата, друга штета нема.

Полицијата врши увид на местото каде експлодирала направата, а се прегледуваат и безбедносните камери од дуќаните за да се види дали можеби е снимено кој ја оставил експлозивната направа на плоштадот.

Иако беше закажана прес конференција за новинарите таа е презакажана за подоцна. Како што неофицијално известуваат хрватските медиуми, на припадниците на хрватското МВР строго им било забрането да даваат каква било информација за експлозијата.

На почетокот на овој месец, во Загреб се случија две експлозии, една на железничка пруга, каде имаше оштетувања на пругата, на локомотивата и околните куќи. Во другата експлозија беше повреден еден човек, за кој полицијата смета дека ја поставил експлозивната направа, и тој се наоѓа во притвор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom