Тери Дејвис: Ние ќе "мижиме" додека вие крадете!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Седумнаесет препораки и антикорупциски мерки што Македонија ги доби од ГРЕКО, тело на Советот на Европа за борба против корупцијата, две недели чекаат ред да стигнат на усвојување на владина седница, а нема ниту официјални најави кога би можеле да се најдат пред министрите.
Извештајот на ГРЕКО за борбата против корупцијата во Македонија беше усвоен на 10 ноември во Стразбур. Но, според правилата на Советот на Европа тој е останува недостапен за јавноста се додека Владата не ги достави своите коментари и не се согласи да се симне назнака „доверливо”. Според официјалната интернет-страничка на Советот на Европа повеќето држави чии извештаи биле усвоени заедно со македонскиот, веќе ја симнале доверливоста, а на македонскиот и понатаму стои назнаката „доверливо”.
Неофицијално, во 17-те препораки до македонските власти Советот на Европа сугерира како да се реорганизираат или постават државните институции за поефикасна борба против организираниот криминал и да се подобрат резултатите во заложбите за борба против корупцијата и организираниот криминал.
Изворите што го виделе документот оценуваат дека тој има повеќе практични и корисни совети за властите, одошто критика. Но се воздржуваат од предочување на детали поради специфичните процедури за објавување на извештаите на ГРЕКО.
Во претходните извештаи за Македонија оцените на ГРЕКО беа дека земјава има добри закони, но сериозни проблеми во практичната примена на европските правила за битка против корупцијата.
Конкретни резултати во корупцискиот лов и изведување на „крупните риби” пред лицето на правдата се препораките што постојано доаѓаат и од Брисел и еден од клучните услови за напредокот на Македонија кон ЕУ.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Politikata na korupcija prodolzuva i so vakvite "poplaveni" primeri.Inaku sinot na Kosta Trpkovski e "svezo" vraboten vo Mobimak kako nagrada za zaslugite shto ovoj ja "kleca" cela drzava so svojata koruptivna dejnost.Sledi mala storija za toa kako se sproveduvaat preporakite na EU za liberalizacija na telekomot vo Makedonija:

- Агенцијата за електронски комуникации до крајот на неделава ќе ја оддобри понудата на Телеком за поврзување со останатите оператори, ама без цените по кои Телеком ќе ја нуди својата мрежа на конкуренцијата.
Директорот на Агенцијата Коста Трпковски минатата недела најави дека најдоцна до денеска ќе го објави техничкиот дел од понудата, но, вчера во Агенцијата немало услови за работа бидејќи дел од просториите биле поплавени. Водата протекла од становите кои се над Агенцијата.
Објавувањето на делови од референтна понуда претставува продолжување на монополот на Телеком и блокада за заинтересираните оператори за фиксна телефонија, но според Трпковски цените треба да се доработат.
"Техничкиот дел од референтната понуда е готов, додека цените треба да се доработат", вели Трпковски неодредувајќи уште колку време ќе треба да се чека да ги оддобри и цените. Според него оддложувањето на цените нема да го блокира стартот на конкуренцијата, бидејќи засега ниту еден потенцијален конкурент на Телеком не се изјаснил дека има потреба да се забрза постапката. А потребно е да се доврши последниот подзаконски акт, кој е со рок на објавување до крајот на годинава.
Македонски телекомуникации, пак, неодамна се изјасни дека од нивна страна при подготовката на рефернтната понуда се запазени сите законски рокови.
Последниот законскиот рок за објава на референтната понуда, која треба да создаде услови за либерализација на пазарот, измина на 13 - ти месецов. Додека законки гарантираниот монопол на Телеком прекина на почетокот на годинава.
Недела дена подоцна Владата излезе со препорака да се забрза процесот на либерализација на телекомуникацискиот сектор во земјава. Владата беше предлагач на Законот за електорнски комуникации, согласно кој работи Агенцијата.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
ABC напиша:
Inaku sinot na Kosta Trpkovski e "svezo" vraboten vo Mobimak

Ова не е точно. Од кај ти е информацијава жити се? Да не си помешал со нечиј друг син?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
ABC iznesuva samo vistini na forumot bez razlika dali tie "bolat" ili ne!
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
АБЦ, нека си го провери изворот.

Мене не ме боли, ако на тоа алудираш, него навистина, озбилно, не ти е точна информацијата.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Pa taa informacija ja slushnav licno od Trpkovski pred nekoj den na TV koga izjavi deka negoviot sin zatoa "ucel" i zasluzil da najde soodvetno mesto vo Telekom ili Mobimak kako i sekoj "dobar" diplomiran mlad kadar.Ako Trpkovski dade lazna izjava na TV za sopstveniot sin togash i jas ve lazam.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom