Телефонска наплата на долгови

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да. Токму така телефонска наплата на долгови. Прилично нов но и доста застапен бизнис во Македонија.
Сигурно секој од вас доколку имал неплатени сметки или пак зодоцнета рата врз основа на кредит , картичка и сл. му се случуило да му се јави специјално обучен оператор за да го потсети дека треба да си ја заврши обврската. Епа тие оператори се токму од овие агенции за нааплата на долгови.

Вакви компании кои вршат телефонска и теренска наплата на долгови во Македонија (според ЗЛАТНА КНИГА) ги има три:

Мелон Солушн-www.mellon.com.mk
Кредит Експрес-www.creditexpress.com.mk
Еос Матрикс-www.eos-matrix.com.mk

Според она што може да се види на нивните веб сајтови главни нивни клиенти се банките, и телекомуникациските компании (СТОПАНСКА, ПРОКРЕДИТ, ТУТУНСКА, ТЕЛЕКОМ,КОСМОФОН и сл).

Ме интересира што мислите за овој прилично нов бизнис во Македонија?

Што мислите глобално за ваквиот начин на наплата на долгови без разлика дали станува збор за телефонска или теренска?

И какво е вашето искуство со ваквиот начин на наплата на долгови?

И на крајот што е подобро за компаниите, да платат агенција на која ќе и дадат одредена провизија за наплата на долгот, или да вработат луѓе во компанијата кои ќе наплаќањаат долгови.
 
Член од
27 август 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Абе ова ти се класични рекетари рекетари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom