Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Е тука си грешка.Научно е докажано со факти дека мислата и те како има влијание на материјата т.е. ако ги земеме за точни најновите тоерии кои уствари започнуваат од 1950 од прилика па навака, започнувајки со квантната физика и некои други теории дека материјата како таква не постои туку е само еден вид на холограмска илузија (илузија не во смисла дека не постои) која во суштина е суптилна енергија еден вид на поле од вибрации, секако секоја различна формација на вибрирање се манифестира т.е. ние со помош на мозокот ја перцепираме ја дешифрираме и ја искусуваме како материја, а уствари во главно е енергија. Секоја мисла има своја вибрација и фрекфенција па дури може и да се измери со посебна апаратура густината на една или повеке мисли, чувства и емоции. Така да ако го земеме сето ова за точно тогаш не би имало никаква пречка да со помош на мислите т.е. вибрацијата (која е во суштината на тие мисли и чувства), да влијае на некој предмет кој исто така има своја вибрација и енергетско поле и да се манипулира со него.
Ако ништо друго на молекуларно и атомско ниво сите мисли и емоции имаат некакво влиание на светот околу нас, константно, бидејки и онака мислите не исчезнуваат туку продолжуваат да постојат во етерот. Сам пример е фактот дека со мисли може да се менува формата на кристалите на водата, а тоа значи дека може да се подобри или деградира квалитетот на водата што ја пиеме. Ако вакво влијание е можно на еден елемент тогаш сигурен сум дека е можен и на сите останати познати и непознати елементи во универзумот. Така да телекинеза е многу нормална појава иако сеуште не се смета за таква, факт е дека неможеме да ја користиме сега сите ние, но мое мислење е дека за такво нешто сме сеуште слаби во психата, највеќе во силата на нашата сопствена воља и фактот дека сме поголемиот дел од живото во некоја заспана состојба на свеста.
Поздрав
Научно докажано со факти, па претпоставувам ќе споделиш со нас папирологија од валидни мета истражувања? Освен тоа, само човек кој нема апсолутно никакво познавање од неврологија и електромагнетизам ќе се согласи со тоа дека "мислата" делува на материјата.
Првично, тоа што ти го нарекуваш мисла е всушност активност на невроните, клетки во нервниот систем кои пренесуваат информации низ одредени делови на мозокот со електрохемиски сигнали. Напонот на тие мали "возбудувања" на невроните е од 70 до 100 миливолти. Доколку ти сакаш таа мисла да излезе од твојот мозок, треба сигналот да го засилиш со полупроводнички елементи како транзистори и диоди и веројатно попрво ќе бидеш пепел пред да ти "избега мислата."