- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.854
- Поени од реакции
- 12.387
Горан Милиќ - директор нa „Ал џезира Балкан“
Катарската телевизиска мрежа „Ал џезира“ во својата телевизиската станица „Ал џезира Балкан“ ќе вработи екипа од околу 40 новинари од Босна и Херцеговина, Србија и од Хрватска, со минимална плата од по 1.000 евра и договор на пет години, објавија вчера сараевските медиуми.
Според истите извори, генерален директор на оваа телевизиска куќа би требало да биде Горан Милиќ, но во игра за таа функција е и Зекирија Смаиќ.
Меѓу новинарските имиња што сосема извесно ќе станат дел од тимот на „Ал џезира Балкан“ се Денис Латин, Ивица Пулиќ и Мирјана Хрга, а примамлива понуда добила и новинарката на сраевската ФТВ, Аријана Сарачевиќ-Хелаќ.
Медиумите шпекулираат дека седиштето на „Ал џезира“ ќе биде најверојатно во сареавскиот „Би-би-си центар“, на површина од околу 800 квадратни метри, каде што ќе се наоѓа студиото и редакцијата. Инвестицијата ќе изнесува околу 10 милиони евра.
„Ал џезира“ е најголема конкуренција на до недамна неприкосновената Си-ен-ен. Таа куќа во 1996 година ја формира шеикот Хамад бин Тамер ал Тани. „Ал џезира“ емитува програми на арапски и на англиски јазик, а има и документарни и дури 16 спортски канали. Седиштето на телевизијата е во Доха.
-----------------
Повеќето детали веќе ги кажавте. Лично не сум против ако нашиве кабловски успеат да се договорат, посебно за документарните и спортските (или нешто што го немаме-као што на пример сега фали Премиер лига) канали...башка не е лошо да се слушнат вести и од други извори.